Која е состојбата што би оправдала родител со такво однесување?-Која е состојбата што би оправдала родител со такво однесување?
-Никој не знае,ама очигледно тој што ја поставил темата знае,затоа и ја отворил. Темата е за родителска негрижа,не за Ајде да погодиме дали родителот го гледа детето доволно или не
Значи тука се дискутира околу таквите ситуации.
- знам родител што неколку години по раѓањето дозна дека жена му имала љубовник, ДНК не направи, ама од тогаш не сака да го види детото. До некаде си викам што е криво детето, треба да го сака, како може да не го гушне кога се плаши навечер во сон. А од друга страна ги гледам дечињата мои и си викам „Што ако некако дознам дека не се мои?“ - не знам на какво однесување би бил способен.
За негрижа за детето јас оправдувам како што погоре кажаа, тепање, малтретирање, силување, недозволување да излегува надвор со своите врсници, правење тортура да јаде работи што не ги сака само затоа што се зготвени на ручек. - Е тоа е негрижа.
А не е негрижа ако седне човекот да изгледа еден филм да го пушти мозокот на пасење после напорен работен ден, па после да се посвети - или пак сабајлето.
Некој ќе рече „ќе се опуштиш со нив“
Тој некој не знае колку знаат да бидат малечките напорни кога ќе им фалиш цел ден.