1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ристо Шишков

Дискусија во форумот 'ТВ' започната од Хоуп*, 28 август 2013.

  1. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Не се доволни неколку реченици да опишам колку му се восхитувам, но ќе пробам да доловам како јас го доживувам кралот на македонската театарска и филмска сцена-Ристо Шишков.
    И човекот со неизмерна и искрена љубов кон својата татковина...

    Го знаеме по многуте филмови со кои сме пораснале. Го паметиме како Гоце Делчев во Табакерата и како главен јунак во Македонска крвава свадба и во Републиката во пламен.
    Тоа што Шишков често глумел херој, човек одан на својата татковина и својот народ не било случајно.
    Совршената глума која ја гледале другите кај него уствари било искрено отварање на својата душа. И самиот тој бил тоа-херој кој е спремен на се за својата татковина...
    Но, токму таа преголема љубов го довела до пропаст.
    Неправдата која и била нанесена на Македонија, угнетувањето од другите земји и погрешната политика на тогашната власт биле работи со кои Шишков не можел да се помири. Искрено го искажувал незадоволството, па поради тоа му биле доделени етикети на националист и човек кој ја мрази и вреѓа власта.
    Често знаел да каже дека нема потреба во нашата земја да глумат странци, дека имаме доволно квалитетни наши луѓе, но секогаш бил понижуван и за да биде иронијата поголема бил принуден се почесто да глуми улоги во кои бил српски полицаец, грчки државјанин...
    Незадоволството и притисокот растеле, Шишков бил суспендиран, па дури и Македонската телевизија ставила забрана за неговиот лик. Во 1979 год бил обвинет за навреда на српски, хрватски актери и на Тито каде што заминува и во затвор. После многу тортури, по боледување животот му завршува во 1986 година.

    Ќе остане запаметен како изврсен актер во 11 филмови и преку 50 театарски претстави.
    Актер, но и човек за пример. Пример за вистински патриотизам...
     
    На Sofija..., La Bruha :), Coci8 и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Сето тоа во ред, трагична судбина, патриота and all...но тоа за жал не е доволно за да некој биде прогласен за добар глумец.
    Проблемот е што некаде и некогаш некој му соопштил дека ќе биде глумец од него и тоа било сериозно сфатено :) ...Ако Р.Шишков е крал на македонската филмска сцена тогаш cinematic sepukku is overdue for a while now.
    Еднодимензионална појава со скромен актерски талент, нешто како Џон Вејн, Бата Живоиновиќ или Стивен Сигал. Експресија, глас, емоции....сето тоа е исто и монотоно без разлика на улогата во која се појавува. Малку повеќе тестостерон и физички силна, на граница на агресивност појава без сомнeние, сосема доволно за кариера во италијанската шпагети вестерн продукција.

    Шта је раја без митова...
     
  3. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Ок е, само што јас напишав дека сакам да доловам како јас го доживувам.
    И се тоа што го напишав погоре е она што јас го мислам за него.
    Ок сум и со и сета таа револуција и патриотизам на тастатура во денешно време...
    Ок сум со се, само човеков заслужува некој ред повеќе од два три збора и спомнато име во темата македонски актери и за оние што не се повеќе меѓу нас.
    По мене уште еднаш : )
     
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266

    Ти пишуваш како ти го доживуваш, јас пишувам како јас го перцепирам, некој трет ќе напише нешто трето....that`s alright, isn`t it?:)
     
    На lady_blue му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Јас мислам дека идеална професија би ти била филмски критичар.
    Ти лежи се колнам.
    :)
    Иначе така си е...
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    A јас пак во последно време приметувам како кон домашните музичари/сликари/актери итн. итн. се гледа само со потценување. Нешто као демек „Ај бе, нашиве се тапа у споредба со светскиве легенди“. Исто е со македонски бендови, македонски филмови, македонски сликари. Демек ако не е на ниво на Салвадор Дали, Лед Цепелин или на ниво на пр. Pulp fiction тогаш ништо не вреди. Муабетов е не можеш да ги споредиш нашиве производи (музика, филмови, слики и сл.) со светски веќе испробани стандарди кои се развивале уште додека кај нас плаќале данок во крв. Плус средствата се многу поограничени и за сметка на тоа добиваме производи кои не се на светско ниво, но сепак заслужуваат почит.

    Ристо Шишков мене ми е одличен глумец ако во оглед се земат опремата со која е снимено, сплетот настани во тогашна Југославија, приказните во филмовите кои главно зборат за угнетеноста на народот (што секако не им се допаѓало во целост на комисиите во тоа време кои требало да го одобрат снимањето) и сл. Плус она што сакал да го постигне било огромен залак во тоа време затоа што некој друг диригирал кој каква улога ќе добие и што ќе се прикаже на јавноста.
     
    На МиГ 21 и Хоуп* им се допаѓа ова.
  7. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Ете некако и јас се пронаоѓам во карактерот на Шишков, и мене единствено нешто што може да ме полуди е неправдата.
    А за тоа дека сами се потценуваме било и секогаш ќе биде. Што збориш ти, Шишков покрај онолку српски, турски, грчки актери?
    На крај кој е тој бе? Некојси таму на кој му рекле дека ќе бидне нешто и озбилно си сфатил...
    Глеј го ти Саваш како плаче оргинал, Шишков ми ти бил глумец.
    Што има врска во 11 филмови што глумел главна улога? Му рекле и човекот што знае, македонче зеде си глуми, се мисли глумец е.
    Греота и жално е што немаме почит спрема свое.
    Абе и ништо да не разбира сакај го почитувај го што е твое..
    А за човекот стварно е грев да се каже нешто лошо.
     
    На МиГ 21 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266

    Може и во обратна насока да оди муабетот, зошто да се преценуваат музичари/филмови/актери само затоа што се домашни...:)
    Малку е проблем што уметноста е скоро тотално субјективна категорија и е подлежна на консензус на реалноста во одредено време и место.

    Како пример може да се земе `Пред дождот` кој беше сосема добар филм и кој помина солидно и на меѓународна сцена а малку фалеше да добие и Оскар. Дали беше добар бидејќи беше домашен или беше добар бидејќи беше....добар?
    Иако во денешно време е тешко да се пробие филм/бенд/актер од неанглиско говорно подрачје - не е и невозможно. Бразилските филмови или Корејските се класичен пример, имаат исфрлено значајни дела.

    Во случајот на Шишков во игра се многу работи, само не е глумата. Слично како Џон Вејн, светска мега ѕвезда, амерички домољуб, симбол на вестернот, трагична судбина.....а како актер....обичен блам со дикција на амерички реднек. Ништо повеќе. Шварценегер.....актерски бот со немачки акцент кој се прослави со глумење кибернетски организми, улоги кои му лежеа поради специфичната појава. Тука е и славниот Клинт Иствуд, неверојатен режисер но слаб глумец, во сите филмови се игра самиот себе т.е. Хари Калахан.... не дека не се труди, но не може таа камена фаца да изрази некаков спектар на емоции...не е крив човекот :D

    И Шишков е ист случај, истата фаца секаде, некој опак поглед, дилемата е само дали ќе се развика или ќе удри некого... замисли го во некоја захтевна, емоционално комплексна улога :cool:

    Претеруваш малку ама ок:). Не се работи за потценување туку за изразување на став. Мене еден од најомилените глумци ми е Роберт Карлајл, име кое тебе не ти значи ништо и да отворам тема за него секако некој ќе напише дека не чини, ваков е, онаков е... ништо страшно.

    Џон Вејн во којзнае колку филмови играл главна улога ама не го бива...шо да се праи...:pusi
     
  9. Viktor k

    Viktor k Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    818
    Допаѓања:
    535
    Еден од врвните актери уништен заради идеалот и болката за Егејот... Уништен од неспособните негови колеги тогаш користеле кодошење за добивање улоги , а денес политички партии тоа е актер кој му е рамен на Петре Прдличко , Ѓорѓи Колозов па и други од светски рамки.
     
  10. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Се извинувам вака ама, ПРДЛИЧКО е намерно така или несакајќи?
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: