Ризик - добитен или фатален чекор?

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Тој што не ризикувал-ништо и не добил. Некогаш треба и да ризикуваш за да го добијаш тоа
што го сакаш.Ризикувај,можеби ќе добиеш можеби не.Но,ако не ризикуваш
секако нема да добиеш!
 

Aлиас

Нов член
5 јуни 2012
13
15
3
успех без ризик....тоа е како да сакаш да направиш нешто без да с е обидеш....да направиш било што..барем знеш дека си пробал си се потрудил ....успесите нема да дојдат сами....и некогаш и да паднеме...ништо страшно...важно е да се издигнеш пак....и баш тие падови ....ако не постојат како ке го знаеме вкусот на радоста на успехот....
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Нема филозофија околу тоа дали е фатален или добитен. Во ризикот нема црно или бело. Зошто инаку би се нарекол ризик?
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Велат "Ако не ризикуваш, нема да добиеш".
Во економијата на сите нам ни е познато - Кога е највисок ризикот, тогаш е најголема добивката.
Кој ќе направи вистинската проценка на ризикот, тој ќе добие.

Што мислите се исплати секогаш да ризикувате или со исклучоци?
Кои се вашите исклучоци и за што никогаш не би ризикувале?
Ако ризикувате, во какви ситуации и кого би шитнале (народски кажано)?

Доколку разграничиме за каков ризик се работи тогаш ќе ми биде полесно за да се искажам.Вака премногу е опширна темата на разговор.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Доколку разграничиме за каков ризик се работи тогаш ќе ми биде полесно за да се искажам.Вака премногу е опширна темата на разговор.

Ризик е возможна опасност од нешто.
Тоа нешто најчесто е животен избор кој ја одредува патеката на која поплочуваме цел живот.
Да се изложиш на ризик значи да добиеш или изгубиш важна ствар, за која во неризични ситуации не би ја изгубил, односно не би ја прокоцкал.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Бидејќи се спомна добивка на економски план при ризикување, затоа мислев дека конкретно за таков ризик ќе збориме.Ти благодарам за насочувањето.

Во глобала сум човек што сака да проба и искуси се, па дури и да ризикувам некои работи.До сега сум ризикувал премногу.Постојано ризикувам.Добивам, ама и губам.
Последното поголемо ризикување беше вложување поголема сума на пари во нешто.Ризикот беше подеднаков на тоа да кажеш дека можеш да ставиш рака во оган и да не се изгориш.И изгубив.Сега вртам сучам за да си вратам бар еден дел.
Всушност, со голем ризик и стартував со бизнисот.Првиот пат беше неуспешно.Вториот пат, успешно.

На приватен план гледано, гледам да не ризикувам.Почнувајки од премногу алкохол, ама навистина преногу, па се до брзо возење на кола во истата состојба.Порано ризикував и со девојки, и со другари и ред други работи, но како што поминува времето, така се доградуваш како особа, ги разбираш и согледуваш вистинските вредности на нештата па према тоа правиш проценка дали воопшто има потреба да се ризикува.
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Ризик дефинитивно. Би ризикувала, освен за вредни личности во мојот живот, тоа не го ставам на ризик.
Од ризикот можеш само да добиеш и тоа многу, а нема тука што да изгубиш.
Секогаш вреди да се обидеш да ризикуваш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Ризик ствара капитал.
Без ризик сме само обични суштества кои се претопуваат во толпата.Никогаш нема да добиеме можност да се издвоиме и да успееме доколку не си дозволиме на себе барем за момент да ставиме нешто на коцка.
Ризик е се` во животов, секој еден чекор..
Ризик е и кога на момчето му кажуваш дека ти се допаѓа, ризик е кога прв пат ќе изговориш „Те сакам“, ризик е и твоето одење до продавница по леб..
Секојдневниот живот ни носи ризици кои мора да ги прифатиме, а ги има и оние кои сами треба да ги создаваме..
Пример, ако не вложиш(ризикуваш) нема да дознаеш дали ќе резултираш со успех.
Никој не ти гарантира дека ќе има успех, но во тоа е и целта на животот..некогаш треба малку и да си играш.
Фатален чекор е само посесивноста и пасивноста која може да ја поседува еден човек, без искра за живот, без надеж, без желба..само таков човек се плаши од ризик едноставно бидејќи не е сигурен доволно во себе.
 

Davy Jones

Нов член
4 јануари 2014
7
6
3
23
Ај сеа да ве видам :cool:

1456072_10151739171106765_1830450513_n.jpg