Рецепти за похована храна

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Овде може да ставате рецепти :D
Полнети поховани пиперки

Состојки

  • 6 меснати пиперки
  • 6 ленти кашкавал по ваш избор
  • 6 ленти шунка
  • за похување
  • 2 јајца
  • 50 гр презла
  • 50 гр брашно
Пиперките најпрво се печат, ги оставаме малку во најлон ќесе да се здушат и да може полесно да се лупат. Излупените пиперки ги оставаме малку да се исцедат. На секоја пиперка се става по едно парче кашкавал и шукна и се мотат секоја во ролат.
Во сад се разматуваат јајцата им се додават зачините и пиперките една по една се валкат прво во брашно, па јајца и на крај во презла. Се пржат на врело масло да поруменат од двете страни. Се остават на кујнска хартија да се впие вишокот масло и се сервираат топли со павлака, а може и ладни како мезе..

Поховани палачинки

Состојки

  • 10 палачинки
  • 100 гр рендана салама
  • 100 гр рендан кашкавал
  • 10-на лажици презла
  • 1 јајце
  • 1 лажице зачин
  • 5-6 лажици кечап

Сите состојки ги мешаме заедно, и започнуваме со полнење на палачинките.
Секоја палачинка ја полниме од мешавината, ја завиткуваме како ролна, ја прпелкаме во јајцето, па во презлата и пржиме во загрено масло додека не порумени. Истото го правиме и со другите палачинки.

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Еве еден рецепт за слатки од мене,брзо и лесно се прават..
brzi-kolacinja.jpg

1 маргарин
2 јајца
20 ml млеко
100 gr сечен лешник
брашно по потреба
Се мати маргаринот со двете јајца, се додава млекото и брашно. Се умесува во средно тврдо тесто.
Се развлекува кора и се вадат колачиња со модлица. Се редат во подмачкана тава и се печат.
Печени се премачкуваат со џем и се лепат едно со друго.
На крај се валаат во шеќер во прав.
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183

доколку разбрав насловот на темата, само за ПОХОВАНА храна збориме, за овие мислам дека има друга тема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lepaa

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
у Етно Село сам еа поховани зденке, мноо јако мезе за ракиичку
не га знам рецепт, не ми се екпериментира, стра ме да не се растури цело тој такфо, да не биде литл елиен : )
 
Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
у Етно Село сам еа поховани зденке, мноо јако мезе за ракиичку
не га знам рецепт, не ми се екпериментира, стра ме да не се растури цело тој такфо, да не биде литл елиен : )
Проста работа се похованите зденки. Ги поминуваш два пати во јајца и во презла. Нели за обично поховање оди прво во јајца, па во презла, па се пржи. Затоа што зденката е мекичка, постапката два пати се повторува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21 and parvati

фала ти пуно, значи двојка е финта : ) ке проам после на работу обавезно
ја се и тој плашеше, дека е мека, ке ми се претфори у завезу
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Farfalla

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
фала ти пуно, значи двојка е финта : ) ке проам после на работу обавезно
ја се и тој плашеше, дека е мека, ке ми се претфори у завезу
Пробај со обично брашно прво како основа па почни со јајца презла јајца презла

Исто за сите поховани работи од типот кашкавал , биено сирење, бело сирење... прво брашно па стандард комбинација за поховање, ако не бива со една тура дабл секогаш подобро :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21 and parvati

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
у Етно Село сам еа поховани зденке, мноо јако мезе за ракиичку
не га знам рецепт, не ми се екпериментира, стра ме да не се растури цело тој такфо, да не биде литл елиен : )
|o$y(|-|0$0(|@l рече дека ќе стави рецепт ;)