Рефлексивна (мисловна) поезија

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
ненаспани прашања

Колку песни
можеш да напишеш за еден миг?

Колку мигови
можеш да сокриеш во една песна?

Колку соништа
можеш да отсонуваш
за да го собереш Небото во очите?

Колку блиску до Небото
можеш да се доближиш
само со еден сон?

Колку сеќавања
се доволни за да се исполни празнината
помеѓу мене и мене?
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
невидливо видлива

зашто тоа е најлесната одбрана
најлесниот начин на одбрана
земи еден предмет
обложи го со огледала по страните
па стави го каде сакаш
потоа затвори ги очите и заврти се околу себе неколку пати
толку колку да ја загубиш ориентацијата
и да заборавиш каде си го ставил
отвори ги очите
обиди се да го пронајдеш
можеби ќе успееш лесно
ако пулсот негов ти се врежал врз дланките
можеби и мене успеваш да ме пронајдеш лесно
зашто ми го имаш пулсот
врежан во тебе
но, ти си ти
а јас можеби немам поинаква одбрана
освен да се завиткам во огледала
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
очи в очи со едно минато

познат мирис, делче од едно минато
во едни очи се гледам себе
еј, еднаш тоа бев јас
кога верував, посакував
и мислев дека можам да чекорам по вода

познат поглед, делче од еден сјај
што се случи со нас?
не многу
само живот, мила
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Lena

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Соништа


Се таложат оние свилени денови полни со мали страсти,
во голем оган фрлени за нас создадени.

Значеше тоа дека има нешто повеќе во таа златна зандана
на едно срце наше кое создава и учи да љуби за денот век да ни биде.

Јас не сакав да биде баш вака…
кога го замолив небото да ми даде малку љубов кога бев осамена тие денови,
само сакав малку љубов, а сега добив и срце и душа со очи.

Дали постојат други начини да бидам друга, да правам друго, да постојам во друго време?
Значеше тоа што од зборот мала љубов се раѓа,
па зборев со денови и ноќи за да има повеќе љубов,
да направам мала куќичка за нашата љубов, да ја обојам и чувам со љубов.

Чувам навики и емоции стари,
за да докажам дека решив да направам нова илузија на нашите планови исполнета со надеж – полулажна, но надеж за чекор.

Со тешко срце зборам, ти кажувам за сериозноста на мојот сон,
што сама го измислив утрово додека чекав ред да надојде дожд за да можам да го помирисам споменот од некои денови.

Да ти кажувам за љубовта кога освен тебе не знам друг,
значи ти си тоа.

Ја облакам блузата со закачени ароми на мисли и сеќавања на која пишува дека ти си заљубен во мене, а јас те сакам само тебе.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Се’ уште...

Се’ уште го замрзнуваш здивот мој,
кога околу мене и пеколот гори.
Се’ уште си му главна инспирација
на срцево што за тебе твори.

Чекорот твој, за мене е симбол,
на гордост и став што плени.
А твојата крв ја осеќам ко моја,
ко да тече и во моиве вени.

Срцево за тебе танцува,
и кога дождот ситен паѓа.
Насмевкава за тебе се буди,
кога новиот ден се раѓа.

Но само празна постела до мене,
кога со рацеве по тебе пружам.
Во лавиринт од твои спомени
Се’ уште се навраќам, кружам.

220279254_17c20cbec5.jpg
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
За тебе би била и верверичка.
Би била земјата по која газиш.
За тебе и од сонот би се откажала.
Кислород и водород би одвоила и пак вода би створила.

За тебе доволно е само да замислам,
и се би остварила.
За тебе од се би се откажала,
на секого би се спротивставила.

За твојата љубов би се понижила.
Ах,лесно е кога се сонува,
лесно е да се замисли.
Тешкотијата настапува кога надежта умира.

405354_456479677718227_1775461728_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Годишна сезона

Пролетта секогаш го мие зимскиот грев
засадува надеж до кокичињата бели
ја буди заспаната насмевка во секој од нас
го менува зимскиот сон со прегратки врели.

И дур трепнеш лето, и нови авантури
кулминација од љубов, мечти и страст
опиени погледи, зашеметени млади
пијат од тој волшебен нектар со сласт.

Но кришкум есента ни влегува низ врата
внесува носталгија, копнеж по она што било
будно не’ следи, не’ подготвува бавно
за она што допрва следи, вистински гнило.

Aх, ете ја зимата, со замрзнувачки бран
што пустоши, пркоси на се’ пред себе
oстава плач, крикови и души празни
не остава ништо од мене, ни тебе.

Но на крајот...
Пролетта секогаш го мие зимскиот грев
засадува надеж до кокичињата бели...

197759_149597348508832_670282067_n.jpg
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Бев борец ,брз како стрела
сега сум попарен
како со вода врела
и сега сум ливче
што под нозете го газат
сега сум гнило тело
што црвите го лазат
И за што се борев и за што видов мака
кога ни сонцето ни ветрот
ни земјата ме сака......