1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Ресен

Дискусија во форумот 'Градови' започната од Outrider, 22 декември 2015.

  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Гледам нема тема за град Ресен што е скандалозно и недопустливо за еден сериозен форум.

    Ресен е град од некои 9.000 жители и се наоѓа во областа Преспа, на патот Бт-Ох, таман каде што завршува калдрмата од стариот коловоз и почнува асфалтот. Не се знае многу за ова населено место освен што се шпекулира дека во околијата растат јаболка и има езеро.
    Основачите на Ресен по се изгледа не биле баш најбистри луѓе бидејќи не го основале градот на брегот туку на сред пустелија.
    Патувањто Ох-Бт (и обратно) носи своја неизбежност а тоа е поминување низ Ресен. Освен ако не се оди преку Галичица, само што тој пат зимно време е повеќе погоден за Камикази отколку за нормална раја.

    Во Ресен освен луѓе и домашни миленичиња има и инсекти. По улиците се движат автомобили, камиони и автобуси, најчесто на четири тркала. Можно е да се забележи и по некој мопед и скутер. Навечер се палат градските ламби по улиците и се забележува чад од оџаците на куќите. Куќите имаат врати, прозорци и дрва за огрев по дворовите.

    Најпознат објект е палатата на бегот која делува бизарно во самиот град, како некој да ја кат-пејстирал од некаде во некоја нова, неприродна средина.
    Имам слушнато дека порано правеле убави чоколади во Ресен, а најпознат продукт кој излегол од таму е култната Ресана (Ресен=Ресана, i got it), сендвич-кекс од тесто и желе со микроскопски слој на чоколадо.
    Не знам каков ноќен живот има во Ресен, кои се места во кои се забавува младината и што нуди овој град за своите жители, работа, кариери, здравство, гламур... па ако има тука жители на овој град ги замолувам да споделат некоја информација при што би можела да се развие дискусија.

    Ода за ресен

    ресен е град бесен
    посебно во касна есен
    ресен е град тесен
    и животот таму не е лесен

    :showoff
     
    #1 Outrider, 22 декември 2015
    Последна промена од модератор: 22 декември 2015
    На antonio, MoonFairy, Luckky и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Јас Ресен го гледам како пролазен град ко ќе одам на лето Охрид од Битола само тогаш одам и никогаш немам застанато да видам шојма, само еднаш пошто девојката на брат ми е од таму и тоа е се. Знам дека имаат врвно производство на јаболка и Преспанско му е на 10мин. Имаат океј локација пошто се близу до Битола и Охрид два клучни и убави градови.
     
    На BioTrpe и Outrider им се допаѓа ова.
  3. BioTrpe

    BioTrpe Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 октомври 2015
    Мислења:
    252
    Допаѓања:
    173
    :D
     
  4. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Многу неодамна, да не речам вчера повторно бев ставен пред свршен чин и морав да поминам низ Ресен. Бидејќи тоа место нема заобиколница изборот е непостоечки и сакале или не ќе си поминете низ сред Ресен hence свршениот чин. Поради навиката да слушам подкаст/вебкаст/аудиобук на мп3 поради избегнување монотонија при патувања беше активна во тие моменти, проаѓањето низ Ресен ме затекна при слушање за некој настан во Канада каде пред некој месец исчезнал воз (!?) од пругата кај некое место Тандер Беј.
    Си го поврзав муабетот од подкастот со ситуацијата и си помислив дали тоа временско-просторните портали низ оваа димензија би можеле да направат таква финта и автобусот да исчезне при влегување во Ресен?

    Тоа не се случи за среќа и трансцеденталното искуство на минување низ Ресен можеше да пројде во најдобар ред.
    Забележав дека автомобилите имаат жмигавци а регистарските таблички - броеви!!! Што беше и хајлајтсот на кратката посета на Ресен.

    П.С. после испадна дека не била точна веста за возот во канада, било сатира нешто ама некои буквално сфатиле :facepalm2 нема мистерија :x
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    На MoonFairy му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: