1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Репарација-Поправка на стар уникатен мебел

Дискусија во форумот 'Дом' започната од Перомикик, 21 август 2015.

  1. Перомикик

    Перомикик Нов член

    Зачленет на:
    19 август 2015
    Мислења:
    22
    Допаѓања:
    5
    Почитувани форумџии/ики
    Дали до сега сте имале потреба да реставрирате нешто и дали сте успеале тоа да го направите квалитетно?
    Ве молам да го споделите вашето искуство на форумов.
     
    На Lena му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Потреба не,меѓутоа наоѓам задоволство во тоа.
    Пред некој ден на улица кај мене некој фрлил стара клупа за на балкон(од помалите не оние како во парковите).
    Во мислите ја видов на мојот балкон офарбана и лакирана со убаво масиче и многу цвеќиња околу.Се симнав,ја земав и ја ставив во подрум.
    Имам намера викендов да ја исшмирглам,лакирам или офарбам(можеби бела со цветчиња или можеби ќе ја оставам во природната боја на дрво,не сум сигурна).
    Ќе ставам слики кога ќе биде готова.
     
    На JaMi, Перомикик, malo и уште 1 член му се допаѓа ова.
  3. Перомикик

    Перомикик Нов член

    Зачленет на:
    19 август 2015
    Мислења:
    22
    Допаѓања:
    5
    Предлагам изборот на бојата да биде во зависнот од останатите бои кои преовладуваат на Вашиот балкон, но Јас лично бо одбрал боја која ке се издвојува од се и ке БОДЕ очи :)
     
  4. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Не би ништо кичасто да боде во очи.Бодење во очи ми е слично на иритирање.
    Природната боја на клупата ќе биде во совршен склад со останатиот мебел.
    И четири перничиња на неа,ете ја ко нова.Сепак благодарам на предлогот: ))
     
    На malo, ●Untouchable° и Перомикик им се допаѓа ова.
  5. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,350
    Допаѓања:
    3,843
    Кога сме кај ова, не знам дали е за тука прашањево, ама дали знаете, било кој, што поправа дактилографски машини, и каде што би можел да најдам делови кои недостигаат(пример држачот за хартија).
     
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Некаде најдов релативно стари постови (`08) за некаков сервис Altra позади Рекорд бурекџилницата во Скопје и веројатно е дека тоа е единствен сервис во Македонија. Утре-другиден ќе пробам да проверам дали постои и ако постои ќе прашам дали сервисираат па ќе пишам овде, може и ќе му се најде некому.
     
    На Аркантос му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,305
    Допаѓања:
    2,979
    Dali nekoj znaes kade se prodavaat parchinja star namestaj od polno drvo, komoda, masa ,stolce ...
    Nekade vo SK imalo salon za star stilski namestaj no neznam kade.
     

Сподели: