Ренесанса

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Премногу се мислев каде да ја отворам оваа тема и на крај се решив токму тука, во подфорумот Историја, бидејќи сакам да се дискутира за повеќе области (уметност, книжевност, наука...) за овој период. Доколку сметате дека оваа тема е посоодветна за во друг подфорум, слободно предложете.

Јас ќе нафрлам неколку општи информации и подоцна ќе се фокусирам на ренесансната уметност, секако започнувајќи од почетоците.

Сигурно повеќето знаете дека зборот "ренесанса" во превод значи "преродба" и таа воглавно го опфаќа периодот од XIV век до XVII век. Наједноставно кажано, ова е период кога човекот ја сфаќа и почнува да ја величи неговата големина и значење. Хуманистите се особено важни за овој период, тие се првите луѓе кои ја сфатиле значајноста на образованието. Тогаш се формирале и првите колеџи. Затоа и имало борба со црквата во врска со новите научни откритија и голем број на луѓе биле спалувани на клада (пр, Џордано Бруно). Голем дел од книгите биле спалени, но во XV век се создава првата машина за печатење на книги (печатницата на Гутемберг). Петрарка за ова рекол: "1000 години темнина се зад нас". Најстрашната тема која се оформила во средновековието е Страшниот Суд. Данте затоа прави една пресвртница, со 9-те круга на пеколот го потсмева тоа, дека човекот ќе пати во пеколот.

Ренесансата е стил кој што природно евоулира од доцната готика. Готичките градби се страшни, за да човекот се исплаши од нивната големина и да сфати што е тој во однос на бога. Но, во ренесансата тоа се менува (пр. Витрувиј ги употребил пропорциите на човековото тело за да гради спрема нив). Ренесансните дела повеќе не се анонимни, што значи дека од тој период па навака слободно можеме да атрибутираме едно дело. Луѓето во средновековието тоа не го правеле, затоа што се чувствувале безначајни и не било важно да го потпишат своето име. Во ренесансата уметникот тоа го правел со гордост.

Школувањето на ренесансните уметници сепак продолжува да се случува во работилниците. Најпознатите уметници започнале како златари најпрво. Микеланџело Буанароти работел во 1488г. кај Доменико Гирландајо. Тој бил во контакт со фамилијата Медичи и во палатата на Лоренцо Величествениот ги спознал античките дела, така што, од сликар станал скулптор. Леонардно да Винчи е првиот создавач на ликовна академија (се наоѓала во Милано) кај војводата Лодовиго Сфорца.

Значи, статусот на уметникот сега е значително променет за разлика од средниот век, така што, уметниците ги третирале како богови.

И покрај тоа што црквата во овој период не е со толку силен авторитет, сепак таа е наголемиот мецена. Најзначајни две црковни реда (калуѓерски) се Фрањевците и Доминиканците. Покрај нив имало и световни мецени, аристократи, благородници. Ренесансната уметност започнала во Фиренца која во тој период била Република и владеела фамилијата Медичи. Во уметноста има поделба во ренесансата на 3 периоди: рана ренесанса (кватроченто) 1400-1500, висока ренесанса (чиквеченто) 1500-1550 и доцна ренесанса 1550-1600 (маниризам 1520-1580, па почнува да се појавува барок).


Толку од мене сега за сега, колку за почеток. Доколку сте љубители на ренесансата (било која област) и имате интересни факти и информации (општо за периодот или конкретно за одреден сликар, писател, и сл), слободно распишете се. :D
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ja нешто да си прашам. Не беше ли Витрувиј прв век п.н.е.?

И уште нешто...преминот од ренесанса кон барок е наречен рококо. Во тој период се случуваат според мене најважните промени во уметноста општо, а особено во музиката и архитектурата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида and Blabla

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Еден од најважните(а можеби и најважен) период на човекот.
Како што кажа погоре...тогаш се сфатиле можностите и самите способности на луѓето и ако забележиме подобро тогаш се создале и едни од нјапознатите дела(уметнички,литературни) најголемите пронајдоци и слично.
Исто ова време е познато нели и по првите високи образовни институции кои почнале да се отвараат во Западна Европа.Веќе не било ништо како предходно.
Инаку многу историски експерти, специјалисти во својата струка по токму овај период имаат теорија доколку ги немало тие притисоци од повеќе страни, палењето на книги, и забрана за некои работи можеби овој период ќе почнел порано односно ќе постигнел многу поголем ефект со што и денешниот модерен свет ќе ги забелешел тие последици...али тоа смао теории на поединци.
Инаку според мене во вој период најповеќе се развила уметноста меѓу се друго.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ja нешто да си прашам. Не беше ли Витрувиј прв век п.н.е.?

И уште нешто...преминот од ренесанса кон барок е наречен рококо. Во тој период се случуваат според мене најважните промени во уметноста општо, а особено во музиката и архитектурата.

Сакав да кажам дека идеалните пропорции за човекот на Витрувиј се важни за ренесансата, особено за архитектурата, бидејќи се засноваат на истите. На пример, Леонардо со неговата скица на Витрувов човек.

vc2.jpg


Јас колку што знам, рококото е завршниот дел на барокот.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
DarkPassenger, сеа ќе проверам за Рококо. Прилично сум сигурен дека не е како што викаш.

Eдит: Моја грешка, Рококо е премин од Барок во класицизам.


Инаку за Витрувијанскиот човек на Да Винчи и онаа „златната пропорција“ мислам дека имав еден добар сајт најдено на stumbleupon. Ќе пребарам да го најдам.
 

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Многу ме интересира овој период како ии книжевните дела настанати во него кои и ден денес не ја изгубиле својата вредност,особено Пеколот-Данте Алигиери,5-6 пати ја имам прочитано додека да ја сфатам ама преубава ми е :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blabla and Largo

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Хуманистите се особено важни за овој период, тие се првите луѓе кои ја сфатиле значајноста на образованието. Тогаш се формирале и првите колеџи. Затоа и имало борба со црквата во врска со новите научни откритија и голем број на луѓе биле спалувани на клада (пр, Џордано Бруно)
Можеш да дадеш дополнително објаснување околу болдираното. Јас колку што знам црквата наголемо го поддржувала образованието во средниот век, впрочем скоро сите врвни Европски универзитети како Кембриџ, Оксфорд, Сорбона биле основани и финансирани од Црквата, пред ренесансата.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Lollypop
Моја препорака, за да ја фатиш целата замисла на Данте, прочитај го Пеколот, Читилиштето и Рајот. Ќе ти треба малку време, ама вреди.

И да се надполнам на тебе. Бидејќи моја област е книжевноста, нема да зборувам за другите работи кои што се случувале во Ренесансата, ќе се фокусирам само на неа - книжевноста.
Според мене, во целокупното творештво, Ренесансата е период каде што се произлезени најквалитетните дела.
Да не го спомнувам прво Данте, иако кога се спомнува Ренесанса, првата асоцијација е токму тој, и неговата Беатриче.
Но, ќе го спомнам Франческо Петрарка, кој практично е предренесансен писател. Сето свое творештво го посветува на Лаура во која се вљубиш на 22 годишна возраст(не ме држете на збор, можно е да имал некоја година плус-минус).
Значи тоа ме фасцинира мене во Петрарка, Данте, Бокачо... сите тие имале жена како муза. И‘ се восхитувале, во голема мера ја идеализирале...
Еден Данте за да стигне до Беатриче, секој мртов човек во историјата го направи грешник, освен неа која ја најде во Рајот, пред нозете на Мајка Марија и нејзиниот син Исус.
Мене искрено, ме ежи помислата на таквите детали кои се сретнуваат во скоро секое дело на Ренесансните писатели.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Можеш да дадеш дополнително објаснување околу болдираното. Јас колку што знам црквата наголемо го поддржувала образованието во средниот век, впрочем скоро сите врвни Европски универзитети како Кембриџ, Оксфорд, Сорбона биле основани и финансирани од Црквата, пред ренесансата.

Не сум баш компетентна да зборам за областа на образованието. По се изгледа, не сум разбрала добро на предавање. Ако знаеш повеќе, слодобно пиши, ме интресира да научам. И да не се посрамотам на испит. :D
 

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
28
Неколку претставници на Ренесансата

Данте Алигиери

Dante_Luca.jpg

Данте Алигиери
(1265-1321)

Во 15. и 16. век на територијата на денешна Италија егзистирале неколку градови-држави кои биле предводници во новиот ренесансен начин на живот, но сепак Фиренца се смета за центар. Таму работеле Донатело, Ботичели, потоа Микеланџело, Макијавели, Леонардо да Винчи, Галилео Галилеј и др.
Таму е роден и големиот поет Данте Алигиери во духот на предренесансното време каде се изградил во сестрана личност, занимавајќи се со поезија, сликарство, архитектура, политика итн. Му се восхитувал на античкиот поет Вергилиј, кој станал негов идол. Втората, не помалку важна личност во неговиот живот е Беатриче со која се сретнал кога имал 9 години. Детската љубов подоцна прераснала во животен занес. Но, таа се омажила за дворјанин, а набргу и починала. Тоа предизвикало големо растројство и криза во животот на Данте. Излез побарал во науката и политиката, но тие ќе го разочараат уште повеќе. (Во тоа време во Фиренца се водела битка меѓу две партии: гибелини - кои се бореле за обединување на градовите под власт на германскиот цар, и гвелфи - кои биле за обединување под власта на римскиот папа). Данте бил гвелф и жестоко се вклучил во политичките борби што на крајот резултирало со смртна казна, која нема да биде извршена бидејќи самиот се осудил на доживотно прогонство. Ќе сфати дека суштината на тие борби била: престижот, власта, моќта и богатството, а не патриотизмот и подобрувањето на животните услови.

Џовани Бокачо

boccaccio.jpg

Џовани Бокачо
(1313-1375)

Бокачо е еден од најзначајните претставници на предренесансата (хуманизмот).
Тој самиот велел дека е роден во Париз (што е можеби плод на предренесансната фантазија), но најверојатно е роден во Черталд како вонбрачно дете на трговецот Бокачино ди Келино. Детството го поминал во Фиренца, а младоста во Неапол каде се школувал и каде започнал да се занимава со литература. По желба на татко му прво се приготвувал за трговец, а потоа учел канонско право, но за тоа не покажувал интерес. Тој се заинтересирал за античките писатели, како и за Данте. Во Неапол го започнал своето творештво, односно романот „Филоколо“ со љубовно-авантуристичка тема.

Франческо Петрарка

150px-Francesco-Petrarca.jpg

Франческо Петрарка(1304 - 1374)

Петрарка е претставник на предренесансата. Тој прв внесува индивидуализам во своето творештво, односно се свртува кон себе и своите чувства.
Роден е во гратчето Арецо, но по потекло е фирентинец. Неговиот татко бил протеран од Фиренца бидејќи бил политички активен - истомисленик со Данте (од партијата на белите гвелфи). Кога Петрарка имал 8 години семејството се преселило во јужна Франција, во Авињон кој бил папско седиште во 14. век. Како мал се запознал со античката римска литература, а образованието го продолжил во Болоња на правни науки. По смртта на родителите се вратил во Авињон и станал свештеник. Влезот во папскиот двор му овозможил раскошен живот, но и сознание за лицемерието и пороците кои таму владееле.

На 23 години се вљубил во млада жена, Лаура, на која и ги посветил своите песни. Таа била мажена, имала многу деца и никогаш не му ја возвратила љубовта. Неговата најпозната збирка песни „Канцониер“ и ја посветил нејзе.
Петрарка ја проучувал римската литература и сметал дека вистинска уметност треба да се создава на латински јазик, па затоа поголем дел од делата ги напишал на тој јазик. Но, најголем успех доживеал токму со песните напишани на народен италијански јазик.
Петрарка имал немирен и истражувачки дух. Бил испратен на научно патување низ Франција и Германија, се искачил на алпискиот врв Мон Банту, па го посетил Рим. Едно време се повлекол во селцето Воклиз до Авињон каде осмислил и напишал повеќе дела меѓу кои и епопејата „Африка“ напишана на латински јазик.
Бидејќи уште за време на животот бил признат поет му понудиле да се врати во Фиренца и да му го вратат конфискуваниот имот од татко му.
Но, тој пред крај на животот се повлекол во Падова во осаменост, каде читал антички ракописи.

Мигел де Сервантес

Cervates_jauregui.jpg

Мигел (Мигуел) де Сервантес (1547-1616) живее и твори во периодот меѓу ренесансата и барокот. Роден е во малото гратче Алкала де Хенарес, близу Мадрид во семејство од стара аристократска лоза, но осиромашено. Имал тежок, страдалнички живот, па неговиот најголем биограф, Вијардо, вака ќе го опише неговиот живот:
„Роден во чесно, но сиромашно семејство, во почетокот добил добро воспитание, но подоцна бил фрлен во ропството на бедата; паж, лакеј, најпосле војник; осакатен во Лепанската битка; се истакнал при заземањето на Тунис; пленет од варварите и затворен пет години во еден алжирски затвор; по најразлични смели обиди за бегство откупен со помошта на општествената благородност; па пак војник во Португалија и на Азорските Острови; вљубен во дама благородна, но уште посиромашна од него; со љубов се зафатил со литературата, но за малку време, зашто пак го оттргнала бедата; награден за заслугите и дарбата со прекрасната титула управител на резервните магацини; окривен за присвојување на државните пари; затворен од кралевските чиновници; потоа откако била докажана неговата невиност, ослободен, па пак затворен од побунетите селани; поет и трудољубив работник, се бавел со исхранување на семејствата, со извршување на тестаменти и со пишување на драмски творби; во својата шеесетта година го открил својот вистински позив; не можел да најде ниеден покровител да ја прифати посветата на неговиот роман; сретнал рамнодушна публика која можела да се смее, но не можела да го оцени и сфати; среќавал завидливи соперници кои го исмејувале и напаѓале, завидливи другари кои го предавале; следен од бедата до староста; за- боравен од масата, непризнат од никого, најпосле, умрел во самотија и беда - ете таков беше Мигел Сервантес“.
Покрај романот „Дон Кихот“, во два дела, Сервантес ги напишал и трагедијата „Нуманција“, пасторалната повест „Галатеја“, збирката „Поучни раскази“ и др. Починал во Мадрид, 1616 година.

Вилијам Шекспир

Вилијам Шекспир (1564-1616) е најголемиот драмски автор на светот и за сите времиња. Иако живеел и творел пред четири века, неговите драми се уште се изведуваат во театрите ширум светот, а за актерите најголем престиж е да играат некој од неговите ликови. Врз основа на неговите текстови се снимаат филмови и тоа во различни верзии. Речиси не постои (образован) човек на земјата кој не слушнал за Вилијам Шекспир.
Шекспир е роден во Стратфорд каде се стекнал со основно образование. Се претпоставува дека не бил многу образуван бидејќи морал да му помага на татка си во работата.
На осумнаесетгодишна возраст се оженил со осум години постарата Ана Хатавеј со која имал три деца. 1592г. заминува во Лондон каде животот му го посветува на театарот. Прво бил актер, потоа станал дотерувач на туѓи текстови, а откако стекнал искуство и самиот почнал да пишува драми. Подоцна станал ко-сопственик на најпознатиот театар „Глобус“. Во Лондон творел и работел 20 години (1592-1612). Напишал книга со 154 сонета, 36 драми и 2 наративни поеми.
Во драмите, кои се поделени на: историски, комедии, трагедии и идили, Шекспир меша проза и стих, комични и трагични елементи и создал безброј ликови со универзални чувства, стасти и страдања.
1612 година купил нова куќа во родниот Стратфорд каде се повлекол и живеел до крајот на животот (1616). Починал на 52-годишна возраст, на својот роденден (23. април), а на неговиот надгробен споменик пишува:
„По мудрост Нестор, по генијалност Сократ, по уметност Вергилиј. Земјата го покрива, народот тагува, а Олимп го има.“


7ffcd6d54baedb6bdf68261f61f20bf2.jpg
Ромео и Јулија - филмот
images
Дејан Лилиќ - Хамлет

Познати Сликари од периодот на пенесансата
250px-Michelangelo_portrait.JPG
Микеланжело

200px-Leonardo_da_Vinci_001.jpg
Бахуз -Леонардо да Винчи
lgpp30545%252Bmona-lisa-leonardo-da-vinci-poster.jpg
Мона Лиза -Леонардо да Винчи
400px-Leonardo_da_Vinci_002.jpg
Тајната вечера -Леонардо да Винчи
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin