Религијата како морален контролор

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Прашање кое секогаш ме интересирало.
Имам некое чувство дека ова претставува некој вид на табу тема, и не знам дали е поради фактот што не сакаме да признаеме дека се плашиме, дали самата (силна) верба не остава/дава место за двоумење, или е нешто сосема трето, па затоа ме интересираат вашите мислења.
Верници или не, дали сметате дека религијата со сите свои Свети книги, претставува некој вид на групирани закони кои ги држат стегите на моралното, или повеќе сметате дека самиот човек (треба да) е оној кој ги поставува своите граници?
Дали еден верник, е верник со чиста душа и во права смисла на зборот, доколку се придржува кон зборовите на својот Севишен, а во мислите константно го копка спротивното т.е. она кое е окарактеризирано како „грев“, по кој му плаче душата? Нешто што би се нарекло живот воден според диктатура на пишани правила, а спротивен од посакуваниот. Подеднакво лошо како и она: „Атеист сум, за мене не важат никакви Божји правила.“
Зарем се потребни некакви „закони и правила“ да ја извлечат (не)човечноста од нас? Или можеби само се работи за недоволна упатеност, помодарство и/или наметната стравопочит?
Кој е главниот двигател на овој феномен?
Дали вие (верниците) ги почитувате Божјите правила поради себе, околината, поради Бога, или самите постапувате онака како што мислите дека е најправилно во дадена ситуација?

Уште на самиот почеток, ќе ве замолам да се држите до темата и да се воздржувате од навлегување во беспотребни расправии на лична основа, зошто истите ќе бидат најстрого санкционирани.
А твоето мислење кое е?
Кој е главниот двигател на овој феномен?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
А твоето мислење кое е?
Кој е главниот двигател на овој феномен?
...не знам дали е поради фактот што не сакаме да признаеме дека се плашиме, дали самата (силна) верба не остава/дава место за двоумење, или е нешто сосема трето, па затоа ме интересираат вашите мислења.
Да имав конкретен одговор, немаше да поставувам толку прашања надолу. :giggle Се обидувам да откријам, ама триста луѓе - триста различности.
Пред некое време на ID имаше емисија каде тип (христијанин) од Аризона тргнал со намера да убие семејство будисти пошто помогнале на жена му да пронајде мир и да го остави, ама му текнало дека Бог после би го казнил за тоа, отишол во црква да се исповеда за лошата помисла, попов од страв сепак да не им наштети - го пријавил, па после некој месец типов се враќа и го претепува попов пошто ја прекршил светоста да чува тајна.
Во друг случај, имаше родители од Иран (кои живееле долги години во Америка) да си ја убијаат ќерката пошто сметале дека било предавство кон Алах да се омажи за христијанин. Потоа ја пријавуваат за исчезната и долго време се молат да се врати жива и здрава, сѐ дури ФБИ не се посомнева откако таткото го поврзуваат со група екстремисти, па им подметнува бубачки преку кои го снимаат разговорот како мајкава покажува знаци на каење за убиството.
И затоа ова го сметам за феномен. Од една страна се почитува еден закон за волја на верата, од друга - се прекршува друг во име на истата.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Религијата ти е како жарче, ако го држиш во рака ќе те изгори ако го пуштиш ќе падне, единствено ти останува да го проголташ.Религијата не е за разумот таа е за срцето, или ја имаш или ја немаш, не се губи и не се добива.религијата не смее да биде никаков контролор оти тоа веќе ке премине во верба под принуда, под нормативи и закони и прописи а тоа е далеку од религија.
 

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Религија,уште една гадна поделба кај луѓето.Жалосно и примитивно,толку само ќе кажам.