Религијата како морален контролор

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Прашање кое секогаш ме интересирало.
Имам некое чувство дека ова претставува некој вид на табу тема, и не знам дали е поради фактот што не сакаме да признаеме дека се плашиме, дали самата (силна) верба не остава/дава место за двоумење, или е нешто сосема трето, па затоа ме интересираат вашите мислења.
Верници или не, дали сметате дека религијата со сите свои Свети книги, претставува некој вид на групирани закони кои ги држат стегите на моралното, или повеќе сметате дека самиот човек (треба да) е оној кој ги поставува своите граници?
Дали еден верник, е верник со чиста душа и во права смисла на зборот, доколку се придржува кон зборовите на својот Севишен, а во мислите константно го копка спротивното т.е. она кое е окарактеризирано како „грев“, по кој му плаче душата? Нешто што би се нарекло живот воден според диктатура на пишани правила, а спротивен од посакуваниот. Подеднакво лошо како и она: „Атеист сум, за мене не важат никакви Божји правила.“
Зарем се потребни некакви „закони и правила“ да ја извлечат (не)човечноста од нас? Или можеби само се работи за недоволна упатеност, помодарство и/или наметната стравопочит?
Кој е главниот двигател на овој феномен?
Дали вие (верниците) ги почитувате Божјите правила поради себе, околината, поради Бога, или самите постапувате онака како што мислите дека е најправилно во дадена ситуација?

Уште на самиот почеток, ќе ве замолам да се држите до темата и да се воздржувате од навлегување во беспотребни расправии на лична основа, зошто истите ќе бидат најстрого санкционирани.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153

уште на самиот почеток, едно прашање се чини разјаснето :)
Или не?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Морам да признам дека во животов запознав еден единствен вистински верник. Студираше заедно со мене. Таа девојка, беше толку потчинета на верата што буквално ништо не можеше да ја вознемири. „Бог така сакал“. На се’ одговараше со така. Се сеќавам и’ почина некој ближен, и солза не пушти. А нели тоа проповеда Бог? Се’ да гледаме како негова волја и да не се противиме на неговите одлуки.

А што се однесува до мене:
1. Не можам да речам дека ги почитувам Божјите правила, прво и основно затоа што не чекав до свадба за да имам однос со жена ми. Второ затоа што пцујам. Трето затоа што сум излажал безброј пати - не важно дали за големи работи ама сум излажал.
2. Правилата се поставени со цел да воспостават ред и мир. Мислам дека сакаат да ги сопрат девијантните појави во општеството ама не успеале на доволно силен начин да влијаат врз тоа. Прво и основно затоа што само 10% од верниците ја имаат прочитано Библијата. На другите верата им е наметната.
3. Ретко се наоѓа човек штп е верник со чиста душа и во права смисла на зборот, еве јас признавам дека не сум. Имам граници, некои ми се наметнати од околината, некои од сопствената совест, некои од жена ми, некои од Библијата... Ама дека сум целосно детерминиран од верата срамота и греотка е да речам така...
Можам само да кажам дека мене верата ми дава сила. Да верувам дека таму горе има некој што ме гледа, ми дава сила и спокој.
 
The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Морам да признам дека во животов запознав еден единствен вистински верник. Студираше заедно со мене. Таа девојка, беше толку потчинета на верата што буквално ништо не можеше да ја вознемири. „Бог така сакал“. На се’ одговараше со така. Се сеќавам и’ почина некој ближен, и солза не пушти. А нели тоа проповеда Бог? Се’ да гледаме како негова волја и да не се противиме на неговите одлуки.
God_Wills_It_Cat_Knight_Cat_trashing_lady_outed_by_internet_in_less_than_24_hours-s500x600-88292-580.jpg

Ме потсети на сликава....
Бог да чува, уште постојат такви луѓе? Таа била некој фрик значи...
Прашање кое секогаш ме интересирало.
Имам некое чувство дека ова претставува некој вид на табу тема, и не знам дали е поради фактот што не сакаме да признаеме дека се плашиме, дали самата (силна) верба не остава/дава место за двоумење, или е нешто сосема трето, па затоа ме интересираат вашите мислења.
Верници или не, дали сметате дека религијата со сите свои Свети книги, претставува некој вид на групирани закони кои ги држат стегите на моралното, или повеќе сметате дека самиот човек (треба да) е оној кој ги поставува своите граници?
Дали еден верник, е верник со чиста душа и во права смисла на зборот, доколку се придржува кон зборовите на својот Севишен, а во мислите константно го копка спротивното т.е. она кое е окарактеризирано како „грев“, по кој му плаче душата? Нешто што би се нарекло живот воден според диктатура на пишани правила, а спротивен од посакуваниот. Подеднакво лошо како и она: „Атеист сум, за мене не важат никакви Божји правила.“
Зарем се потребни некакви „закони и правила“ да ја извлечат (не)човечноста од нас? Или можеби само се работи за недоволна упатеност, помодарство и/или наметната стравопочит?
Кој е главниот двигател на овој феномен?
Дали вие (верниците) ги почитувате Божјите правила поради себе, околината, поради Бога, или самите постапувате онака како што мислите дека е најправилно во дадена ситуација?

Уште на самиот почеток, ќе ве замолам да се држите до темата и да се воздржувате од навлегување во беспотребни расправии на лична основа, зошто истите ќе бидат најстрого санкционирани.
Религијата е алатка за контрола на масите. Отсекогаш и тоа била. Некогаш ги контролира со тоа што ќе им каже како е правилно да се однесуваат и ќе им вметне став в коски од невидлив човек на небото што гледа се, како што ги лажеме децата дека ќе ги земе Баба Рога. Некогаш ќе им даде оправување да прават морално најгнасни работи од типот на спалување на луѓе на клада, крстоносни војни итн. Човек е спремен да направи се кога мисли дека Бог е на негова страна.
Имаше еден цитат: Во нормални услови, добрите ќе бидат добри, злобните ќе бидат злобни. Но ако сакаш добрите да се однесуваат злобно, потребна ти е религија.

Зарем се потребни некакви „закони и правила“ да ја извлечат (не)човечноста од нас?

Секако дека да, како инаку? Инаку ќе заглавиме расправајќи се што е правилно а што не.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Религијата...
Факт е дека дел од сите уставни закони се произлезени од 10 Божји заповеди (мислам на не кради, не лажи, не убивај...)..значи да, ни требаат правила и норми за да има ред и мир во општествата...
Друг факт е дека религијата или Библијата сама по себе не не’ учи на ништо лошо , туку напротив, не’ учи да бидеме луѓе и ни дава сила,трпение, спокој и мир...а тоа е она што е важно за можеш да опстанеш во лудилото на денешницава....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
The High Commander па да... сите ја гледаа како Фрик, ама не беше воопшто фрик. Имаше своја идеологија за живот и тоа го фураше... Мене ми влеваше спокој кога ќе ја гледав.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Религијата е измислена за да се спречи хаосот.
Парадаксалното е тоа што таа како таква се користи за да се создаде хаос.
Толку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Морам да признам дека во животов запознав еден единствен вистински верник. Студираше заедно со мене. Таа девојка, беше толку потчинета на верата што буквално ништо не можеше да ја вознемири. „Бог така сакал“. На се’ одговараше со така. Се сеќавам и’ почина некој ближен, и солза не пушти. А нели тоа проповеда Бог? Се’ да гледаме како негова волја и да не се противиме на неговите одлуки.

А што се однесува до мене:
1. Не можам да речам дека ги почитувам Божјите правила, прво и основно затоа што не чекав до свадба за да имам однос со жена ми. Второ затоа што пцујам. Трето затоа што сум излажал безброј пати - не важно дали за големи работи ама сум излажал.
2. Правилата се поставени со цел да воспостават ред и мир. Мислам дека сакаат да ги сопрат девијантните појави во општеството ама не успеале на доволно силен начин да влијаат врз тоа. Прво и основно затоа што само 10% од верниците ја имаат прочитано Библијата. На другите верата им е наметната.
3. Ретко се наоѓа човек штп е верник со чиста душа и во права смисла на зборот, еве јас признавам дека не сум. Имам граници, некои ми се наметнати од околината, некои од сопствената совест, некои од жена ми, некои од Библијата... Ама дека сум целосно детерминиран од верата срамота и греотка е да речам така...
Можам само да кажам дека мене верата ми дава сила. Да верувам дека таму горе има некој што ме гледа, ми дава сила и спокој.
Пофално е тоа сто си искрен со себе, но не се разоцарувај,сите сме несоврсени и правеме грешки големи или мали.НО За да развиеш вера и доверба во некого, треба да го запознаеш и да научиш како размислува и постапува. Овој процес го вклучува срцето, како и умот. Всушност, истото е случај и кога станува збор за развивањето вистинска веравоБог. Треба да го запознаеш, да учиш за неговите особини и за неговата личност, да откриеш колку веродостоен и сигурен се докажал во сѐ што рекол и сторил (Псалм 9:10; 145:1—21).
 
Последна промена од модератор:

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Ако доволно долго повторуваш лага ќе стане или религија или политика. :rofl
Можда успева да одржи толпа луѓе во поморален континуитет, ама сите сме грешници на некој начин, пошто сите сме излажале ил посакале нешто туѓо ако не ништо друго. Нејсе, атеист сум и немам ништо против овие што си веруваат и покрај тоа што грешат пошо, нели ако се покаеш ти се простува, тоа ги ваѓа.
Ако се задлабочиме можда ќе откриеме премногу дупки и нелогичности меѓутоа факт е дека на почетокот религијата се трудела да воспостави некои морални вредности а со тек на време ескалирала и се повеќе растела во перење пари, политика и лажги со опашки шо не значи дека сега нема луѓе што искрено и припаѓаат и си ја почитуваат...
Иако повеќето се така воспитани па им е наметнато, и да не се некои верници "ради реда" наминуваат до в црква за Велигден... :rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra