Капелата Седлец, Кутна Хора, Чешка, неверојатна лепота, ентериерот на црквата е изграден од човечки коски. Економично и инвентивно.За време на некаква војна, гробиштата станале претесни за свежите лешеви кои секојдневно пристгнувале и досетливите попови се решиле нешто да смислат околу проблемот. А тоа било користење на коските како градежен материјал и инвентар. Симбол на христијанската скромност и снаодливост, денес е туристичка атракција.
Црквата на сатаната, Сан Франциско, Калифорнија. Скромно местенце со троа поголем подрум, поради специфичната двојна улога на стамбен објект и црква на ѓаволот веројатно морало да се импровизира, помеѓу прањето на веш, спростирањето на облека и ритуалите... за жал била одземена од следбениците сатанини по судски пат, после разводот на главниот свештеник парт тајм црквата му припаднала на сопругата. (ѓаволот нормално не излегол на крај со жена). Подоцна била урната поради дотраеност откако сатанистите не успеале да соберат пари за да ја откупат и поправат... криза насекаде.
П.С. Ако Бог е сеприсутен, зошто рандом верник треба да посети точно определен објект поради ритуалите? Зарем Бог нема да го види ако се моли и крсти на автобуска станица, да речеме!?