Религиите и тетоважите

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ајде да бидеме искрени и да кажеме кој е прав верник и дали воопшто постои таков човек на планетава!??
Кој од вернициве наши ги почитува сите божји заповести? Како одат во црква и кога одат??несакам да набројувам уште многу неправилности во однесувањето, постењето, молитвите идр....затоа и за мене реков дека сум полуверник..барем сум искрена...а стави ја темава во канта слободно, се е бадијала овде.
Токму затоа и не ми се јасни прашањата што мисли религијата за тетоважите, што за сексот пред брак, што за... не знам... водата на Марс, кога сите сме само маса хипокрити и бар еднаш сме направиле нешто за кое сме му солеле памет на друг дека не чини.
Самине попови проповедаат скромност, нели, скромна празнична трпеза, споделување, не знам што... а им ги гледаме Мерцедесите надвор што можат да нахранат цел дом деца без родители бар 3 месеци. По која логика да го прифатам и да се плашам од неговото проповедање тогаш?
Може некаде има и некој стих кој може да се протолкува дека новава технологија се смета за ѓаволска работа. Тогаш поповиве (пошто се фативме за Христијанство веќе) сосе Мерцедес први по highway to hell треба да одат, или евентуално да се вратат на јавање мулиња.

Низ секоја тема ти се провлекува ова кој бил прав верник, а кој не. Секој за себе мисли дека е фер верник и дека прави најдобро што може, ама секој е и себичен и занемарува правила кога се работи за остварување лична цел. Нели, причината ни е оправдана, ќе прости Господ со еден пост.
Ако ти (општо зборам) не штетиш никому свесно, си живееш за себе и ко што ти одговара, нема што да се плашиш што во некое книже некој пишал дека тетоважата е портал до пеколот.
Баш разгледав, и во Библијата еднаш е спомнато дека тетовирањето не е убаво, но тоа е претежно затоа што техниката во тоа време била со сечење на епидермисот, па исполнување со мастила (или кои и да биле тогашните замени), а сечењето се смета за повредување, не дека самата тетоважа е грев.
Твојата тетоважа не се врежува во Бога, нит во Ѓаволот, па да те казнуваат за нанесена болка.
---
Е, али нели треба Луци да е горд и да не го казнува човека пошто истиот, нели, избрал да пркоси на Бога со тетоважата, во случајов?
Тоа па ич не ми е јасно. Згреши му на Бога - те фрла кај Луци и Луци те казнува пошто си грешел на неговиот вечен противник. :^)
Врти-сучи, секако го кркаш.
 

Armagoddamn

Староседелец
28 октомври 2015
162
33
1,028
Не го дозволува тоа е ѓаволска работа + богохулие, ама јаки ми се оние "верници", кои си тетовираат крстови и светци по нив... (facepalm)
Не го дозволува тоа е ѓаволска работа + богохулие, ама јаки ми се оние "верници", кои си тетовираат крстови и светци по нив... (facepalm)
не мора да значи дека се тетовирани со крстови и верници се. Тоа нема врска
Запоменете една работа, Верувањето е нацртано во душата, а тетоважите не значат ништо, ниту пак крстовите што ги носат околу врат, не можат да ги штитат, тоа се глупости
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast