Религиите и тетоважите

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Тетовирањето зема се поголем замав меѓу младите кои тоа го сметаат како нешто нормално, модерно и убав украс на телото.
Прочитав нешто, но не дочитав, дека всушност тетовирањето делува многу негативно на човекот, дека тоа е печат на ѓаволот и со тоа стануваш негов роб.Црквата го отфрла тетовирањето и го смета како магиска, паганска, ѓаволска работа.
За луѓето кои се тетовираат, некои психолошки анализи велат дека шарајќи си го телото си го кријат шаренилото на душата.
Јас немам тетоважа и не ми се допаѓа...Би сакала некој ако знае нешто, како религијата реагира на вакво обележување на телото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Holla and ●Untouchable°

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Сум слушнала деκа ρелигијата не го дозволува овој чин али немав слушнато деκа е тоκму тоа печат на ѓаволо. Пагансκа ρабота...
НемаВ ништо пρотив тоа дуρи и јас саκав да се цρтам со знаκ во чест на неκој али сватив деκа κе ми е само потешκо. Сепаκ после пρочитаново малκу по малκу менувам мислење. Неκаκо ми се одмили.....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Svetiot Duh

Активен Член
15 август 2015
80
120
43
127.0.0.1
Оди прашај поп ке видиш што ке ти кажи, мене општо не ми смета ти ако сакаш цел биди тетоважи, само кажав како се толкува во религијата.
Пс: Фала ти на комплиментот.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Во евангелието убаво си пишува да не се црта и обележува телото.
Стоката се жигосува за да стопанот си ги знае кои се негови а луѓето се обележуваат за да бидат слуги гаволови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Svetiot Duh

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ех, јас мислев фатални тетоважи од типот лошо спелувани зборови, бесмислени реченици, зашљакани, страшни фаци, итн.

Од сите можни гадости што ги прави човекот, они се фатиле баш тетоважата дека била продавање душа на ѓаволот. Седи...
Летоска пола Охрид беше со тетоважи со цитати од Библијата и/или крстови...па згора и крстови на врат, што, освен што делуваше сељачки, 102,3% е сигурно дека на тие ликови гарант им фуфка од Луци.
Религијата не може ништо да мисли, ниту да реагира. Оние што ја диктираат си прават екскурзии на мозокот. Нема во која сфера не пробале да наметнат нешто, а пуст народ свашта слуша од стравопочит...

Тоа исламот забранува, па и христијаниве нешто се губат уз тоа. А, врие будистички монаси со тетоважи, кај нив тоа и се почитува.
Индијцине (хинду) исто имаат секакви религиски ритуали кај што се тетовираат со к'на за среќа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and malo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Беше смешно ама изгледа не е за смеење, нешто не е во ред со вас. Па има на пример луѓе си тетовираат портрет од некој близок и слично, значи автоматски тие стануваат слуги на ѓаволот, или пак некој си тетовира пеперутка и готово, тој е на страната на ѓаволот не смее во црква да влезе. :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Тетовирањето зема се поголем замав меѓу младите кои тоа го сметаат како нешто нормално, модерно и убав украс на телото.
Прочитав нешто, но не дочитав, дека всушност тетовирањето делува многу негативно на човекот, дека тоа е печат на ѓаволот и со тоа стануваш негов роб.Црквата го отфрла тетовирањето и го смета како магиска, паганска, ѓаволска работа.
За луѓето кои се тетовираат, некои психолошки анализи велат дека шарајќи си го телото си го кријат шаренилото на душата.
Јас немам тетоважа и не ми се допаѓа...Би сакала некој ако знае нешто, како религијата реагира на вакво обележување на телото.
Луѓето постојано бараат начин да се изразат или остават белег на своето тело со што сакаат да отсликаат дел од своата душа,својата општествена или верска припадност давајќи информација на сите што ќе ги видат,нешто разбирливо,нешто притаено или мистериозно.
Цртањето по своето тело,не е нешто ново,многу одамна човекот става белези по своето тело,а дали според религијата е исправно или не,зависи од општествените и културолошките корени.

Секој според своите сваќања постапува со своето тело, давјаќи му го она за кое смета дека е добро,од лична хигиена - па до тетоважа,статус мора да се гради со временските промени на општеството,но за жал многу малку умеат да ја одржат "хигиената" на душата, што во религиски концепт е многу поважно.
Визуелниот изглед е добра "мамка" за оние душегрижници да си ги покажат своите духовни "вредности".
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead and diva orhideja

Ниту една религија не го дозволува тетовирањето или било каков облик на украсување на телото, тоа е нечиста работа, со самото внесување на тинтата под кожа се валка телото и неможе после да се исчисти или да се извади..таков нечист верник неможе да оди пред Бога на судниот ден...така вели религијата.
Јужна Кореја има закон донесен со кој изричито е забрането тетовирање...наспроти тоа па во Њујорк каде масовно си ги тетовираат домашните миленици , ке се донесува закон за забрана на истото.
Имам прочитано разни исповеди од луѓе кои го "осетиле"негативното влијание откако си направиле некоја тетоважа на своето тело......да не должам, но претежно биле разни депресии, несоници, некои отишле и од другата страна на законот, почнале да се дрогираат, коцкаат и др.
Е сега, кога луѓево неможат да одржат чистота на тело(говорам за тие што се прават верници), како што велиш Ти ќе умеат да одржат хигиена на душа!?
Никако!