Редовна војска

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Гледам дека нема потреба да објаснувам на рандом лица кои работите ги гледаат преку како коњите со нивните “насочници“ само нанапред без ни малку поглед на страна... Ако служењето војска за вас значи по дифолт први борбени линии на некој фронт тогаш кажете ми што значи животот, разговорите, запознавањата, дружењата, правењето “цифра“ пред кантина, зезањето на спортски полигон и сите игралишта заедно... Во војска парите од родителите ништо не значат, било имал 5000 евра во џеб или 50 сенари ако не направиш сите војничи да те респектираат тогаш си нула, Истото важи и за респект од претпоставените подофицери и офицери. Понекогаш името на некој обичен регрут е далеку позначајно од некој капетан. Се е до психологијата кој како ќе го свати и примени своето влијание и моќ на организација на работите... Тоа не се учи дома, за тоа ти требаа десетици тотално непознати луѓе...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Outrider
Ако мојот пост те асоцира да мислиш дека имам таков фетиш тогаш мисли:)


Не е моја работа тоа, само претпоставка. Дали се работи за сексуални преференци кон цајкани или војници е сеедно.
Муабетот е дека за да имаш став по некое прашање, (во случајов кое не те засега лично ради полот) треба да постои барем каква таква аргументација зошто постои таков став. Посебно ако се работи за возрасна особа. LELELEL MAZI SO NEMET VOISKA SLUGANO SE PEDERCINJA HEHE POZZ и варијации со слична реторика не се аргументи. Тоа се лични преференци. Слободно можеш да наведеш некаков аргумент про враќањето на воен рок...

И ќе се пријавуваш војска, како што најави...и зошто не?:D

Гледам дека нема потреба да објаснувам на рандом лица кои работите ги гледаат преку како коњите со нивните “насочници“ само нанапред без ни малку поглед на страна... Ако служењето војска за вас значи по дифолт први борбени линии на некој фронт тогаш кажете ми што значи животот, разговорите, запознавањата, дружењата, правењето “цифра“ пред кантина, зезањето на спортски полигон и сите игралишта заедно... Во војска парите од родителите ништо не значат, било имал 5000 евра во џеб или 50 сенари ако не направиш сите војничи да те респектираат тогаш си нула, Истото важи и за респект од претпоставените подофицери и офицери. Понекогаш името на некој обичен регрут е далеку позначајно од некој капетан. Се е до психологијата кој како ќе го свати и примени своето влијание и моќ на организација на работите... Тоа не се учи дома, за тоа ти требаа десетици тотално непознати луѓе...

Не очекувам нешто посебно од извесна категорија граѓани, според тоа што си ја навел војната пошта и цифрата на другата тема, јасно ми е.

Реалноста е дека на балканот ако не секоја - секоја втора генерација има скоро загарантирана војна.
Целта и намената на војската е - војната. Одбрана на својата си земја, народ, уставен поредок, спречување сецесија и све друго кое спаѓа под капа на воените сили на државата.

Цифри пред кантина, пожарство, колку му смрделе нозете на ликот од горно Припиздино и дали ти делел леб со неизмиени раце од серењето или дркањето....е небитно. Дружење, разговор, запознавање....сето тоа го има и во цивилен живот и отпаѓа како аргумент. Освен ако нема лица кои се толку асоцијални па да не можат да најдат другар надвор од касарна...

Сето тоа е неважно. Важно е дека во многу веројатна војна во иднина би биле праќани 18 годишни деца после 36 испукани куршуми. (30 една рамка, 6-те веројатно гратис за добро изрибан ќенеф.) И мастер експертиза по местење кебиња, гребење цигари и чистење чучавци.
Истите тие ќе бидат враќани на родителите назад во лимени сандаци. Или без очи. Без нога.

Еве некои регрутни ситуации...

skenderija41.jpg


dos-srbija-ne-odustaje.jpg


100166.jpg


П.С. на тој начелникот изгледа му тежат чиновите и поради тоа не умее да состави неколку реченици и да каже зошто воопшто би се враќал редовен воен рок....
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
... се што лета не се јаде ... извесната категорија граѓани нема ни да се труди повеќе да објаснува некои нешта што некој не сака да ги види со свои очи... а биди сигурен, ако има војна некогаш и негде нема да бираат само од тие што биле војска служени...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
... се што лета не се јаде ... извесната категорија граѓани нема ни да се труди повеќе да објаснува некои нешта што некој не сака да ги види со свои очи... а биди сигурен, ако има војна некогаш и негде нема да бираат само од тие што биле војска служени...


(facepalm)

St.Johnstone - Kilmarnock 0-0 :kafe

not off topic, just makes more sense.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Моментот кога самиот автор на темата немаќи што да каже треси зелени... бесценето ... фала до Lena што ме потсети на нешто ланско...

http://forum.crnobelo.com/threads/За-што-сте-дојдени-на-форумов.3342/page-2#post-130263


Ништо од тоа само ти оставив простор елегантно и без премногу врева да се затвори дијалогот, ама гледам и тоа било попусто...
Не те разбирам зошто си го ставил линкот, ако некој аргументирано те побие во дискусија тоа значи дека ќе се навредиш и ќе си заминеш? Толку е страшно што постојат различни ставови? LELELL FORUMO NE E TO SO BESHE MI REPLICIRAA A NE MI KLADOJA LAIK :place Петер Чех да чува бе...:eek:

Авторот на темата добро го образложи својот став, барем онолку колку што дозволи правецот на дискусија. Од друга страна имавме вакви, на граница на генијалност изјави...

... се што лета не се јаде ... извесната категорија граѓани нема ни да се труди повеќе да објаснува некои нешта што некој не сака да ги види со свои очи... а биди сигурен, ако има војна некогаш и негде нема да бираат само од тие што биле војска служени...

Сакаш да кажеш дека во идна војна ќе собираат луѓе од улица, рандом?
Твојот став е дека е добро во таа идна војна да се праќаат 18-19 годишни деца после неверојатни 36 испукани куршуми. Мој став е дека е подобро да се пратат професионалци на кои тоа им е работа. Изгледа луѓево имаат морбидна фасцинација кон погреби, мајки кои се фрлаат на сандаците и браќа кои носат венци со солзи во очите...

Повторно ќе прашам, кои се аргументите за враќање на задолжителен воен рок? Кои се и дали постојат предности во однос на професионалната војска? Дали ги сфаќаш прашањата? Еве и тие шо те лајкнаа нека ти помогнат ако не можеш сам, сериозно.
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Сакаш да кажеш дека во идна војна ќе собираат луѓе од улица, рандом?

Не ти коментирам за ништо друго, си кажа сам што си мислеше но за ова... за ова само да ти кажам дека ако има војна и ако треба нешто да се деси ќе се деси па ти бил избеган на некоја туѓа плажа или сам би пошол таму да војуваш “судниот ден“ ќе ти дојде како и на мојот пријател... се е во психологијата на сваќање на работите што се нашите лични замисли за животот... следува код од мое мислење на друго место од пред безмалку една година... ти можеш да бидеш колку сакаш против служење на војската како редовна обврска но биди сигурен дека таа истата во тебе ќе предизвика некој поинаков начин на гледање на работите... а каков е тоа треба да се види лично а не да се прераскаже...

Два дена пробувам да го најдам документарецот и не ми успева но ќе го најдам... дотогаш бидеќи вчера не можев да да пишувам еве сега со помалку емоции но сепак не може да помене без нималку горчина од се...

8 Август, ден како и вчера Среда. Договорени сме со братучедми од Скопје да дојде Прилеп и одручекта да одиме во селото каде што е роден дедо ми (на мајками татко) Локвица во Порече на селска слава, таму сме најавени и не чекаат... Договорот е паднат претходно. Ние сме на пазар и продаваме, братучедми иди околу 11 а во 14.30 има автобус за М.Брод...
Пазарниот ден во Прилеп започнува, Ние сме на тезга околу 7.30, робата е тука и бедеќи е летна сезона нема многу, планот како по стандард тогаш се да се продаде до 12.30-13.00 и заминуваме да се спремаме па на патување...
Лето како лето, бидеќи е жешко народот излегува порано и се прибира пред да фати жештината. Низ градот нема многу од муслиманите од околните села. Не ме прашувајте како се препознаваат, кој е од прилеп и се движи низ градот по пазарни денови во 1 од 1001 случај може максимално да погреши дал некој по изглед/ говор/ гестикулација/ начин на движење и друго е не потекнува од Десово, Црнилиште, Дебреште, Лажани, Житоше ... Тука нема промашување... Тие што се малкуте на брзина пазарат и ги снемува, си заминуваат, така е веќе неколку месеци до тој ден од почетокот за глупостите уште во танушевци... Пладне иди и се е мирно. Ништо невообичаено до пред 13 часот кога си заминуваме, пазарот и илјадниците народ што се движат низ него го оставаме ист како и претходните неколку месеци после стартот на заебанциите низ Македонија. Ближи 14.30, од дома тргнуваме пештки за на автобуска, тоа е околу 15-20 минути одење. По пат ништо чудно, нема ништо невообичаено, поминување низ чаршија, пазарот е прикрај поради огромната жештина. Паметам температурата беше близу 40. Се качуваме во автобус и заминуваме, до Суводол со него, по пат се слуша радио, се прај муабет во автобусоти се е вообичаено како за тоа време, слегуваме па тргнуваме пашки во надеж дека брзо ќе помини нешто за да не префрли до Локвица, така и се случува, налетува такси се качуваме и пред 16.00 веќе сме сместени кај брат на дедоми кој за славата е дојден од Тетово. Дедото спремил ручек за гостите па ај седнавме, и некое пово почна да летнува кога ѕвони мобилниот на брат ми.
Се јавува пријател негов од Битола.
Пријателов - “К**** шо прајте бе во прилеп што е ова што слушаме на телевизија дека гори некоја џамија и некои дуќани низ чаршија?“
Брат ми сио прашалници - Шо зборуваш бе зошто, не сум јас во прилеп шо се десило ?
Пријателов - “Е па немаш слушнато пред нецел саат кажаа во Тетово отепеле 10 војници и сите прилепчани биле... сега низ прилеп горела демек џамијата кај сато, некоја слаткарница и некоја телевизија што имало приватна, можи и друго ама толку разбрав па сега ти се јавувам тебе ако знајш поточно ама ти ете не си дома...“

Братми ни прераскажува што кажал пријателов и сите ние прашалници, дедото тв нема во куќава но одма поита да го пушти радиото да проба да фати некоја станица. Пуштаме македонско радио, има музика но набрзо почнуваат вести, и вистина како што реше пријателов, прва вест во месноста карпалак убиени 10 македонски војници, сите од прилеп и прилепско. Втора вест во Прилеп спонтано се собира и младо и старо во чарчијата и има неколку дуќани оштетени и запалени а и чарши џамија е во пламен и пошарната служба пробува да го изгаси огнот... Како за инат вечерта нема сигнал на телефоните, ниту мобилните а ниту фиксниот од кај дедото, Пробуваме да завртиме дома, кај роднини пријатели ... јок, во Локвици таа вечер наспроти Пантелемон нема никаков сигнал, одсечена е од се телефонско... Вечерта поминува тмирно, поминуваме и во две други куќи од роднини, атмосферата не е како за селска слава, се е тмурни и неволно, никој ништо нема информација плус а секаде се врти истиот муабет што бил на радио/тв, нови информации нема...

Утрото решаваме да наместо по планот преседиме до ручек си замеме порано а наместо од Локвица вечерта да одиме право за Прилеп да смениме и одиме во селото од таткоми Ропотово. Таму се чичко ми и бабами (лесна им земја сега :.( ) па да имаме две ноќевања надвор од градот. Така и бидува, најдуваме таксиста кој ќе не префрли до Ропотово што е некаде на пола пат од Локвица до Прилеп. Типот не остава на сред село. До кај чичкоми има 10мин одење. Жешко е пекол, часот е околу 13.30-14.00 но уште по пат се е некако мирно и тивко. Празник е, Пантелемон, луѓето не се на нива или бавча ама не се и по дворовите околу од патот до куќата каде одиме. Се е некако чудно но што е работата. Уште по пат правиме маубет дека прво што ќе прашаме кога стигниме дома е што се случува во селово...

Стасуваме...
Чичко ми седи на тараса пред врата и не пречекува со неговото тогаш препознатливо за сите групи на дечишта што ќе му се претрараат пред очи “Кај сте бе чеченци!!!“
а ние “Еве сме дојдовме од Локвица а што е работава низ село кај се луѓето ?“
Следуваат три секунди тишина и тогаш...

-Не слушнавте ? Дарко од Зенговци го отепале во Тетово...

Мрак...
________________________

Другите загинати не ги познавам... Ама Дарко Зенгоски (Зенго е прекарот на Татко му) го знам, беше 10-12 години постар од мене. Таткому сеуште живее три куќи после куќата од чичко ми. Беше женет но немаше сеуште деца. Работеше со таткому во македонија пат и немаше ден а да не помини кај чичкоми на кафе, пиво или нешто слично... беше добар човек и чичко ми му имаше многу помогнато а и и тој него секогаш кога требаше човек за некоја работа ако беше слободен идеше уште на прв повик. Ми беше стар роднина, на татко ми му беше 4то колено братучед по некои дедовци кои пред 100 и повеќе години што биле браќа. Бидеќи живеат во исто село а и не многу далеку не се заборавиле роднинските корени а за пријателството и да не правиме муабет... Ама... Ама кобно беше тоа утро кога тргна конвојот за Тетово преку Карпалак...

Друг нека им суди на виновниците, ние обичните смртници не можеме тука ништо...

Се извинувам што на моменти задлабочував во детали на приказната но морав бидеќи ми е врежана во срце секоја секунда од тие крвави денови 2001ва и ќе ја памтам до крајот на животот... фала ако ме прочитавте, поздрав и секое добро...

Слава им...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не ти коментирам за ништо друго, си кажа сам што си мислеше но за ова... за ова само да ти кажам дека ако има војна и ако треба нешто да се деси ќе се деси па ти бил избеган на некоја туѓа плажа или сам би пошол таму да војуваш “судниот ден“ ќе ти дојде како и на мојот пријател... се е во психологијата на сваќање на работите што се нашите лични замисли за животот... следува код од мое мислење на друго место од пред безмалку една година... ти можеш да бидеш колку сакаш против служење на војската како редовна обврска но биди сигурен дека таа истата во тебе ќе предизвика некој поинаков начин на гледање на работите... а каков е тоа треба да се види лично а не да се прераскаже...


Finally we are getting somewhere, wasn`t that hard was it?

Којзнае какви перцепции развива редовниот воен рок, scared to dwell upon it... еден куп луѓе знам кои имаат служено и во ЈНА и во АРМ и не гледам никаква разлика.

Твојот пријател кој загинал. Мојот пријател остана жив и инвалид, во Матејче.

Твојот пријател загинал во напад на автобус како дел од конвојот ако не се лажам.
Не во оклопен транспортер, не во пешадиско борбено возило - во автобус. Некој лик како оној генералот или сличен ги пратил резервистите како глинени гулаби да одат на позиција. Резервистите. Луѓе на кои не им било место онаму каде биле пратени. Кои служеле војска пред икс години и заборавиле се`. Со стомаци и без кондиција. Со испукани 36 куршуми.

Е сега замисли наместо тие, да беа пратени професионалци. Не во автобуси и џипови туку во транспортери. Кои барем имаат заштита од било каков вид пешадиско оружје или рачни бомби. Од кои може и да се дејствува по потреба. Кои имаат и вградено вооружување и фрлачи на димни бомби. Кои најчесто се и побрзи од скапан автобус и имаат одлични оф-роуд можности.

Ако имаше професионална војска (која може да дејствува веднаш) немаше ни да ја има 2001. Ќе завршеше пред да почне, со првите навлегувања од косовска страна. Ама немаше. Требаше мобилизација, недели и месеци собирање раја, резервисти, чекање донации и ад-хок купување опрема во момент кога веќе војната трае...сосема доволно за инфилтрација на косоварите и нивно вкопување....и наместо колку....80-тина жртви и 500 ранети ќе имаше неспоредливо помалку.

Ако имаше професионална војска, голема е веројатноста твојот пријател да беше жив...

Ама не е битно. Битни се фразите...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Ку Рајбер

Полноправен Член
2 август 2013
71
59
18
41
Гевгелија
Бев војник пред 10 години во Илинден,гарда. Имав буквално војнички живот,со узбуни ,со обука и се останато за разлика од другите што беа до нас (врскари).Стекнав многу пријатели кои до ден-денес ги осеќам како браќа.Се на се,нашава војска е џабе губење време.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider