Реално или бизарно

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Нов Австралиски сајт" Friends For Hire" по узор на други светски (јас првпат слушам дека имало Rent-a- friend) сајтови, во март оваа година ќе отвара конкурс и ќе запослува луѓе кои ќе работат како платонски пријатели, со едно многу важно упозорение-Без физички контакт.
Корисниците на сајтов ќе имаат да одберат една од две категории:
-Пријатели-каде ќе се наплатува по 60 долари на саат на име на компанијата..
-Членови-каде директно ќе им се наплаќа на своите одбрани пријатели и плус неделна чланарина на компанијата во износ од 5 долари..
Значи сајтот не е за зближување, ниту за романси, ниту за љубовници...само значи за осамени луѓе кои не очекуваат ништо повеќе од платонско пријателство.
Премногу ми дојде жално читајќи и гледајќи го фактот, до каде отидоа човечките односи!!??:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Draginja

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Бизарно или не, реалноста е следна:
Денес луѓето многу полесно остануваат навредени од „тешки“ зборови упатени via интернетов него ли порано кога истите биле ипотребувани во живо. Во такво општество не можеш да очекуваш дека пријателството се темели на многу повеќе од убавиот збор туку клучна работа е како ќе се поставиш лично ти кон луѓето кои ги сметаш за блиски. Во општество изградени на темел на совршен гест дури и во најмалите нешта, секако дека ова би функционирало совршено. И не е богзнае колку нова работа ова. Но пак ќе кажам, егото е бунар без дно, така да што повеќе добива пофалби, убави зборови, тоа се` повеќе расне и има потреба од истите. Така да, мора да се состои животот од некаков баланс, инаку сите ќе завршиме како Храбар нов свет, заслепени од комфорот и несвесни што значи вистиско уживање на добриот гест.
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Навистина ова не било некоја нова вест, разгуглав малку денес и се ЗАПРЕПАСТИВ:franticОва не е бизарно, ОВА Е ЛУДО, болно, ментална работа..абе треба луѓево да си стават прст на чело, море пиштол:banghead...Каде е патот на друштвото..во пропаст(facepalm) Дознав и дека во Јапонија имало најмногу вакви сајтови за изнајмување пријатели..а јас мислев пак овие ретардиве Американци измислуваат бљувотини...море убаво си измислуват за калапење пари од луд народ(facepalm)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Навистина ова не било некоја нова вест, разгуглав малку денес и се ЗАПРЕПАСТИВ:franticОва не е бизарно, ОВА Е ЛУДО, болно, ментална работа..абе треба луѓево да си стават прст на чело, море пиштол:banghead...Каде е патот на друштвото..во пропаст(facepalm) Дознав и дека во Јапонија имало најмногу вакви сајтови за изнајмување пријатели..а јас мислев пак овие ретардиве Американци измислуваат бљувотини...море убаво си измислуват за калапење пари од луд народ(facepalm)
Пак ќе се повторам, во општества како Јапонија, делови од Западна Европа, Северна Америка каде начинот е сосема различен од останатиот дел од светот, ваквиве работи се сосема нормална појава и потреба за секој оној кој е во мањак на време за стекнување пријатели. Тука ние сме малку улегнати и иако сме во благо безнадежје видено од општествен прогрес за доброто на сите, имаме еден друг поглед на пријателството и како тоа се практикува. Не дека и таму е секогаш лажно пријателство. Но ти таму немаш време за да правиш „Ивкови слави“, таму си целосно во трка со времето, hence или ја грабиш секоја прилика која ти се пружа (искачање у бар, кафиќ, диско) или па си плаќаш за таква услуга каде секојдневно ќе си имаш еден вид на pen friend со кој би комуницирал на дневна база, секако со главен поттик на економски средства. Таму во западот буквално се` е на продажба. Особено времето.
Затоа за нас тоа е неразбирливо и до точка на апсурд. Но затоа и ние имаме општество кое стагнира на милион други полиња и индивидуалната либералност се користи како муабет за потсмев, демек „види го Перо будала си плаќа за виртуелна дружба, кога јас тоа можам за безпари да си го пружам“. Ама од друга страна утре кога ти ќе се разболиш шансите да умреш на лекарски стол се многу поголеми одколку тие на Перо. Или па Перо ќе може да си приушти некое патување на егзотично место (кога ќе дојде одморот :zelen ) додека ти голтар ќе бидеш среќен да отидеш до Охрид евентуално нешто на Халкидики и ќе го сметаш као ваууу сум го прошетал светот и знам буквално се` за него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija