Рационализација

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
31
Pax Terra
Поимот рационализација во психологијата е еден од одбрамбените механизми кој се користи во одбрана на сопственото его. Кога нешто ке направиме погрешно бараме причини зошто сме постапиле така. Или пак ако не сме во можност да оствариме некоа цел бараме недостатоци и маани на целта само за да си го намалиме нашиот неуспех.
Исто и кога ке постигнеме нешто му даваме поголема вредност од она што објективно вреди само за да го нахраниме сопственото его.
Посебно е очигледно кај родителите кои своето дете го сметаат за најубаво, најпаметно само за да си го зголемат своето его.

Дали сте се нашле во некоја ваква ситуација ?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Прво мислам дека примерот со детето и родителите е лош пример за рационализација. Тоа што родителите си го сметаат своето дете (не сите но повеќето) за нај нај е друго нешто, ама сигурно не е рационализација.
Рационалното размислување не мора да биде одбрана на сопственото его. Се сложувам дека е еден вид одбрамбен механизам, но не и дека мора да е поврзано со егото. Повеќе е одбрамбен механизам кој ти дозволува да ја разгледаш секоја ситуација и да одлучиш кој правец од таа ситуација е најдобриот за тебе и со тоа остануваш неповреден или најмалку повреден.
Јас постојано ги анализирам ситуациите и случувањата, се обидувам да ги предвидам сите можни правци во кои може да тргнат, но не секогаш ја одбирам најнеболната опција, туку само си ги смалувам очекувањата од нешто на минимум како би останал неразочаран.