Раскази

crazy67

Нов член
8 септември 2012
2
2
1
Јас и тишината
Шшшштт...Дозволи ми да го слушнам гласот на тишината,да ја почувствувам,да ме погали и да ми помогне да си ги средам мислите.Шшшштт...Тука е...Ја слушам...Ја чувствувам...
Многу е тешко да ја слушнеш тишината.Тивкото ветре ме гали по образот,а силното сонце сјае како жолто злато.Препуштена сум и на тишината,под онаа широка дабова сенка,ги слушам своите мисли.Околу мене ечи детска игра, птиците ја пеат својата песна, а езерските води го заплискуваат брегот.Но мене тишината ме води длабоко низ моите мисли и чувства. Шшшштт...Ми зборува срцето...Дозволи ми да го слушнам,да ги искаже своите чувства...Да го разрешам немирот кој владее во мене...Да добијам спокој - нешто во кое тишината ме води. Па со песна тргнувам да го барам спокојот во тишината...
И ете во далечината, кај планините, се појави ѕуницата. Мислите мои патуваат низ нејзините бои, низ оној спектар кој ја маѓепсува природата. Заборавам на проблемите, и се препуштам на музиката, дозволувам тишината да ме води. Бидејќи утре е нов ден, нова надеж,нов почеток...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Lena

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Една жена чекори долж темната патека за велосипедисти. Од спротива забрзан човек ја прекинува нејзината тишина и гласно ја прекорува за нејзиното несоодветно движење. Но таа не му обрнува внимание, ниту и е грижа за несоодветното движење. Зарем треба да и е гајле кога и онака сиот нејзин живот е несоодветен ? Или барем неа така и изгледа. Таа е замислена, тажна и загубена во средните години од животот баш како тинејџерка. Се сомнева во себе си и во своите можности. Виткото тело и сјајната кожа и избледнуваат, желбата за да стане балерина заедно со нив. Ги затрупува надежите и се прашува каде погреши . .. Кога замижа ? Кога за миг ги затвори очите а не требаше ??? И долго ќе си го поставува истото прашање зашто душата и е црвлосана како старо изгниено дрво. Не се сеќава кога последен пат се смееше од срце. Онака на цел глас без да се осврнува на моралните вредности на нејзиното зафркнато општество.
Велосипедистот е веќе далеку, а неа низ главата и поминуваат слики од трескавичната љубов на нејзиниот живот. Се буди и трча во спротивна насока - токму во онаа истата низ која исчезна човекот . . . Трча и го довикува неговото име мислејќи како за наносекунда повторно ќе замижеше пред големиот момент за кој сонуваше вчера, завчера и секоја мината ноќ последниве неколку години од кога нивната врска заврши. Tишината ја следеше со секој нејзин чекор и ја подржуваше иако ни таа самата не беше сигурна што точно ќе направи или каже ако успее да го стигне. Мнoгупати го замислуваше моментот но секогаш кога сакаше да смисли говор и да го научи напамет и се сушеше грлото. Неподготвена на само пет чекори од себе го здогледа него како стои со извалкани раце обидувајќи се да го поправи расипаниот велосипед. Се збуни и сакаше да се заврти трчајќи да се врати од каде што дојде.. тој истотолку збунето ја гледаше нејзината совршена појава на отсјајот од месечината . .. Молчеа, а заспаните чувства ги преплавуваа нивните тела . . .
Ми недостигаше - најпосле собра храброст . И јас те сакам - и одговори тој.
Тоа беше сосема доволно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Ghtalpo

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
"Светлината на сонцето која успеа да се пробиве низ завесата на огромниот прозорец во мојата соба ме разбуди.Ова утро беше различно.Ова утро ја делев перницата со неа.Сеуште спиеше.
Лежеше свртена кон мене.Косата со медена боја и беше расфрлена на перницата а, зраците од сонцето и ја правеа уште поубава.Во тишината можев да слушнам како рамномерно вдишуваше и издишуваше.Неколку минути само ја гледав, неможев да престанам,посакував овај момент да трае вечно.По некое време решив да слезам долу за да скувам кафе.Полека и внимателно станав од креветот, не сакав да ја разбудам.Одкако успеав да станам полека ја покрив поубаво.Со внимателни чекори се обидев да го излезам од собата а, потоа полека ја затворив вратата.Мислам дека тоа утро бев најсреќен, додека правев кафе самиот си се смеев.Се сетив дека таа не пие кафе или барем не пиеше додека беше со мене.Почнав да пребарувам чај низ кујната.Јас не пиев чај ама неколку пати имав видено дека Викторија си приготвува наутро кога не и беше дојдено до кафе.Најдов една паковка некако индиски чај,мирисаше на ванила.Одкако го скував и чајот со двете шолји се качив горе.Додека се обидував полека со раката да ја отворам вратат за малку ќе ми паднеше шојлата со кафе.Таа сеуште спиеше, бев среќен што не ја разбудија моите чекори по паркетот.Шолјата со чајот ја оставив на малата масичка до креветот потоа внимателни ја отворив вратат од терасата и излегов.Од големиот пакет ја извадив кутијата со цигари и запалката.Запалив една цигара и се потпрев на решетките од терасата.Пиејќи кафе уживав во изгрејсонцето.Си размислував колку многу сум среќен што ја имам неа.Неможев повеќе да издржам надвор знаејќи дека таа е тука, на неколку чекори до мене,спие.
Влегов во собата.Веќе беше разбудена и ме гледаше.Се насмевнав, а потоа и таа се насмевна.Ја оставив шолјата со кафе на истата мала масичка до креветот и легнав до неа.
-Добро утро; рече со нејзинот хармоничен глас.
-Добро утро; возвратив јас.
Некое време само се гледавме.Уживав додека ме гледаше со нејзините зелени очи.Тој нејзин поглед ми ги поматуваше мислите."

Добро ова може не е приказна ама е така еден мал дел од моја книга...:sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Јас и тишината
Шшшштт...Дозволи ми да го слушнам гласот на тишината,да ја почувствувам,да ме погали и да ми помогне да си ги средам мислите.Шшшштт...Тука е...Ја слушам...Ја чувствувам...
Многу е тешко да ја слушнеш тишината.Тивкото ветре ме гали по образот,а силното сонце сјае како жолто злато.Препуштена сум и на тишината,под онаа широка дабова сенка,ги слушам своите мисли.Околу мене ечи детска игра, птиците ја пеат својата песна, а езерските води го заплискуваат брегот.Но мене тишината ме води длабоко низ моите мисли и чувства. Шшшштт...Ми зборува срцето...Дозволи ми да го слушнам,да ги искаже своите чувства...Да го разрешам немирот кој владее во мене...Да добијам спокој - нешто во кое тишината ме води. Па со песна тргнувам да го барам спокојот во тишината...
И ете во далечината, кај планините, се појави ѕуницата. Мислите мои патуваат низ нејзините бои, низ оној спектар кој ја маѓепсува природата. Заборавам на проблемите, и се препуштам на музиката, дозволувам тишината да ме води. Бидејќи утре е нов ден, нова надеж,нов почеток...
ептен убаво напишано...поздрав
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
"Ја чекав....секогаш каснеше и овој пат ќе касни.Седев на вториот кат од истото кафуле каде и секогаш седевме заедно.Но не на истат маса, на нашата маса седеше еден друг постар човек.Келнерот дојде и праша што сакам.Не успеав да ја дочекам па затоа решив да си порачам еспресо.Келнерот само се насмевна и змаина.Знаеше што ќе пијам, јас секогаш овде го пиев истото, еспресо без шеќер.
Надвор беше невообичаено сончево, мораше да биде вака по долгата врнежлива недела.Кафулето,барем горе беше полупразно.
Едно време размислив да се преместам на некоја маса која фаќа повеќе сонце ама сепак останав на истата.Ми беше досадно, неможев да издршам да ја видам.Гледав околу мене.Околу неколкуте зафатени маси.Впечаток ми остави масата ан која вообичаено седевме ние а сега седеше постариот господин.Изгледаше доста висок,сива коса,облечен во црни паталони и црно палто со вела кошула, имаше и разлабавена лептир машна.Ама изгледаше тажен,замислен.А изгледа и беше така гледајќи по неколкуте празни чаши на масата и полупразната чаша која ја држеше во едната рака.Беше полна со некаков алкохол, по бојата можеше да биде виски или шток.Самиот факт дека не беше ни попрладне а тој пиеше толку многу покажуваше дека или е алкохоличар или е многу тажен.Типував на второто.На другата маса седеше онај истиот пар кој доаѓаше редовно.Секогаш се караа, зборуваа потивко но, овој пат тие не се караа, само седеа се држеа за рака и се гледаа.
Најверојатно беа среќни.Стариот господин го повика келнерот за да порача уште една чашка од непознатиот алкохол кој го пиеше.
Јас се напив две добри голтки од моето кафе и сега гледав пред мене, на малата уличка.Немаше многу сообраќаен метеш.Немаше ниту многу луѓе по уличката.Но, впечаток ми остави нешто друго.По патче одеа две мали деца.Женското оделе многу чудно, се качуваа по извичњаците и одеа еден по друг.По неколку чекори малото девојче падна.Падна затоа што носеше многу големи штикли со висока потпетица,не беа незини.Мислев дека се повреди но таа само стана, си ги исчисти колената од прашина и не пушти ниту една солза.Неможев да сфатам...не пушти ниту една солза не рече ништо.Малото момче ја гледаше само со отворена уста, а девојчето не направи ништо само продолжи да оди.Невообичаена глетка е да видиш како мало дете паѓа и станува без да пушти ниту една солза, да не даде никаков звук од себе.Толку беше...прекрасна.Падна и стана.Сигурно ќе биде многу успешна затоа што од мала го научла најосновното правило, секогаш кога ќе паднеш обиди се да станеш,сам.Не ни ги погледна луѓето кои седеа на долниот кат од кафулето.Само продолжи да оди.
Сигурно нема да каже дома дека паднала,може ќе ја искараат за штиклите кои ги носеше...сигурно беа од мајка и или постарата сестра.Не е ни важно.Таа нема да каже дека паднала, затоа што за неа не е некоја голема работа, таа не беше како останатите мали деца.Сигурно кога ќе порасне ќе биде одличен адвокат, беспрекорна, без никакакво повраќање ќе биде силен оратор.Ќе знае што да каже и сите ќе се восхиуваат на неа.Нема да биде елсна девојка и наместо момците да си играат со неа таа ќе игра со нив...и никогаш нема да дозволи некој глупак да и го скржи срцето.
Момчето до неа..сигурно нема да биде како неа.По големината што ја има за својата возраст може и ќе работи во полиција или приватно обезбедување, може токму неа ќе и биде обезбедување...на страшната адвокатка која нема влакна на јазикот.
Девојчето кое веќе си беше заминато не ми зилезе од мислите.
Се напив уште една голтка од кафето и продолжив да ја чекам неа...веќе каснеше многу,невообичаено но чуствував дека се е во ред и дека ќе се појави од некаде.
По неколку минути кои за мене беа како часови, некој зад мене ме удри силно по рамо,беше таа.
Јас се свртев а потоа силно ме гушна и ме бакна, за малку ќе се превртев од столицата.Потоа седна до мене."

Пак ќе кажам не е приказна ама мислам дека може да се вметне во оваа тема :pusi
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angiie

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
И тој ден бев негова, само без никаков телесен допир. Добро, можеби само платоноска верзија на врска, изопачени емоции и сродни души. Адреналинот ми ја заскокотка крвта… Одев без да чекорам, зборував без да отворам уста. Доброто старо претчувство се врати да ме потсети, да не заборавам која сум јас, а кој е тој.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Над Градот
Уморен од тежината на влажниот, за мене тотално безвреден ден, се повлеков на моето ридче. Таму горе Водно имаше едно ридче што дваесет и пет години ја трпеше мојата тежина , а со оглед на тоа колку ебано тежок човек бев јас, сиротото ридче сиве овие години ги трпеше моите нервози, солзи, цела плима на курви што ги носев таму , многу мои повраќаници и неколку илјадници евра пикавци што си лежеа удобно на тоа култно место што за мене значеше еден цел живот. Бирократските црви можеа да ми земат се арно ама ридчето не можеа да ми го земат. Ненаситните и бесчувствителните улоги во мојот живот можеа да ми земат се ама ридчето не. Животот ми зема се..не дека имав нешто многу, меѓутоа имав барем половина зад која можев да се кријам и таткова насмевка која што доколку не ми ја одземеше немаше да бидам толку мизерен. Којзнае ,можеби и некогаш ке имав деца или пак барем желба да чувам мачка. Едно од тие две ќе беше. Но како и да е, да се вратиме на ридот. Не , не сум патетичен , верувајте драги забостиснати критичари ,за човек кој што нема никого еден рид значи многу...замислете многу ретко го посетував тој рид , небаре ми беше страв дека некој ќе ме забележи па ќе ми го украде или пак и нему ќе му се допадне и наскоро тој рид немаше да биде мој. Таа помисла ми задаваше огромна главоболка. И во моментов ми создава, тој рид за мене значеше многу. Само таму од мене се раѓаа нови солени течности кои што ми го чистеа лицето и ми ја смируваа душата. Само таму се насмевнував...само таму надолу можев да го видам мојот град со сета своја живост и тотална несовршеност и само таму горе над него имаше таков рид. Седев и на сонце и на дожд и можев да се препуштам на моите мисли и да уживам во сите мирни и бурни денови. Добивав и настинки и пневмонија добив еднаш но ако!!! ...За мене тоа беше начин за да почувствувам!!! И чувствував , неверојатно е тоа колку болеста прави да осетите дека сте сеуште тука , сакале или не дека сеуште траете. А јас секој ден накиснат или дехидриран колабирав и утрото се будев со уште посилна желба да бидам на тој рид. По се изгледа дека тоа ридче ме сакало одсекогаш а бидејќи никој не ме сакаше , на никого не му бев потребен , мислам имаше секако некој околу мене да се мотка, на крај краева во такви го*на живееме сите, меѓутоа јас и тој рид си ветивме нешто!....Продолжува..

М.Драган

ова е еден од моите први текстови кој наскоро би требало да биде дел од мојата збирка :)


 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angiie

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Кога сме осамени..

Пријател.Љубов.Тага.Вистинскиот пријател е редок.Многумина се себични,создаваат комплекси,затворени се во себе...Но ние ќе бидеме оптимисти се додека не го пронајдеме оној,вистинскиот,кој секогаш ќе биде блиску до нас,да те подржи и да те сослуша.Во најтешките моменти ќе те прегрне,ќе си помагате меѓу себе,ќе се радувате на вашите заеднички успеси.Кога сте заедно се забавувате,не ви е здодевно,смислувате шеги и се смеете за најмалите глупости.Понекогаш сите се чуствуваме осамени и имаме потреба некој да не прегре,да ја покаже љубовта кај нас.Таа љубов ја почуствував и јас,сама на една прошетка во паркот.
Тогаш ми пријде едно шармантно момче.Дoдека се запознавме тој ме погледна со своите сјајни и топли очи..
-Зошто една толку прекрасна девојка седи сама во паркот?ме праша
-Затоа што нема пријатели кои ќе бидат до неа,кога ќе и биде најтешко-му одвратив,смешкајки се.
Тој уште потопло ме погледна и ми рече:
-Не грижи се.Можеби добрите пријатели се ретки,но затоа денес пронајде пријат-
ел кој може да биде со тeбе кога ти е најтешко.
Така се запознавме.Почнавме да се дружиме речиси секојдневно.Бевме среќни
што толку се разбираме еден со друг.Тоа пријателство порасна во љубов.
Најпрво се појави искра а потоа се претвори во сончев зрак.И почна да гори во
нас како пламен што не згаснува!^_^
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Со мака се обидува да се присили себеси да го разбере времето како човечка измислица и се обидува секој миг да го доживее подолго од обично. Се затвора во едно посебно место во своите мисли, се оттуѓува од утринскиот џагор кој порано или подоцна ке и го надвика сонот и потонува, се обидува да се зарони во намерно избраното тло. Всушност таа самата го изгради тој дворец. Со денови, со месеци, со години се мачеше да го изгради, да го замисли, да го осмисли до најситниот детал. Ги ловеше далечините до избезуменост, но никогаш не ја задоволи потребата да избега. Колку и да бегаше, колку и длабоко да тонеше никогаш не и беше доволно. Таму некаде во тие длабочини каде што душата безгранично се раскрилува и ги отвора сите пупки и шуплини, секогаш фалеше едно зрно по кое што таа ке тргнеше да трага...
Барањето одговори не и е мачно.Таа ги обожува тие талкања по сржта на сопствеото битие, го обожува копањето по одамна закоравените, натрупани една врз друга крвави рани...
Колку и да е болно нивното повторно оживување и колку и да се остри нивните молскавично брзи и остри јазици, таа едноставно не умееше да живее без тие слики и мириси на кои толку жаровито се присетува со налудничаво силен копнеж... Сеќавањата се со вкус на свежа и гнила крв истовремено. Таа се сеќава со радост и тага, со солзи кои и самата не умее да ги протолкува...
Понекогаш толку многу и се насладуваше на сопствената болка што упорно ги премотуваше сите слики од почеток до крај изобличувајки ги секој следен пат за да ги представи како поболни и пострашни...

Болката е слатка, таа е она највистинското... Се во животот избледува, секоја среќа, секоја пеперутка во стомачната шуплина, секоја искра која го забрзува ритамот на срцето... Бледее, ветрее, старее, гние, се распаѓа, исчезнува... Болката - не!
Таа само умее да се подзатскрие, да собере нови сили со кои ке те гребе директно во јадрото на твоето свесно и несвесно постоење, да допре и до највозвишеното, да го уништи и најцврстиот слој...

Таа повеќе не може да чувствува. Нејзе може само да ја боли. Болката и е единствениот доказ дека е жива!

Враќањето во реалноста е најтешкиот дел од утринскиот ритуал. Одкако ги прочепка сите можни чирчиња до степен на крварење и гноење, таа мора да исплива од сопственото море и да дише.
Секој следен чекор е само обична, здодевна рутина. Таа чекори низ денот со затворени очи. Стегајки ги забите се охрабрува да издржи. Копното не и е сигурна средина. Мечтае за повторно нуркање во темните длабочини. Секој шум ја враќа назад. И го крши кристалниот универзум и и ја расчеречува свеста принудувајки ја да ги отвори очите. Силувајки го секое повторно вдишување таа успева да наслика една цврста насмевка на скаменетото, бледо лице.

Денот ке помине! Денот ке помине! ... ке помине!

Уморна од татнежот на денот, уморна од неговата светлина и шареноликост, пред сосем да се повлече во своето свето дувло посакува повторно да воскресне.
Се соблекува гола. Посегнува во некој остар предмет и внимателно седнува на кадата. Сече еден дел од својата кожа. Вдишува длабоко подигајки ја главата и со нов еуфоричен сјај во очите повторно го вбризгува сечивото во своето месо.
Задоволството преточено во болка, болката преточена во задоволство... одекнуваат испреплетени во едноогласен крик -
`` НЕКА МЕ БОЛИ!!! НЕКА МЕ БОЛИ!!!``
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Angiie and Badgirl

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Зошто луѓето викаат!

Еднаш учителот ги праша своите ученици:
-Зошто луѓето викаат кога се налутени?
Учениците размислуваа некое време:
Затоа што го губиме трпението, затоа викаме-рече
еден.
-А зошто да викаме кога е особата покрај тебе?-праша
учителот-Зарем не е можно да се зборува тивко и смирено?
Учениците дадоа уште некој одговор,но ни еден не го задоволи учителот.Најпосле им објасни:
-Кога две особи се караат и се лутат,нивните срца се доста оддалечени затоа мораат да викаат еден на друг зада може нивниот глас да ја премости далечината измеѓу нив за да можат да се чујат.Колку се полути толку посилно викаат,зошто далечината измеѓу нив е поголема.
Потоа учителот праша:
Што ќе се случи кога две особи се заљубат? Не викаат еден на друг туку зборуваат тифко и нежно.Зошто?
Нивните срца се сосема блиску,оддалеченоста од нив е сосема мала.
А што ќе се случи кога уште повеќе ќе се заљубат?Не зборуваат,
само шепотат,и уште повеќе се зближуваат во љубовта.
И на крајот не им треба повеќе да шепотат,само се гледаат.
Такви се две особи кои се сакаат.
Потоа рече:
-Кога се карате немојте да дозволите вашите срца да се оддалечат,не изговарајте зборови кои можат уште повеќе да ве оддалечат,зошто ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе биде многу голема,да повеќе нема да има пат да се вратиш назад.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo