Раскази

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Знаеш како е кога не можеш да заспиеш? Кога лежиш на перница мокра од солзи? По некоја ќе се лизне и до усните, чисто да не заборавиш дека е солена. Кога сите ти велат дека знаат како се чувствуваш, а никогаш не биле повредени, оставени. Кога се бориш со себе да заборавиш, а не можеш затоа што сте поминале не денови и месеци, туку години заедно. Кога сè те потсеќа на неа, секоја песна, секој спот. Ги гледаш видеата што ти ги објавувала на фејсбук и сите тие бакнежи и срца. Болно е кога ќе направиш грешка, а потоа се каеш. Малкумина знаат какво е тоа чувство. Уште поболно е да ја гледаш како е среќна и комуницира со друг на начинот на кој некогаш вие сте комуницирале. А знаеш што е најболно? Тоа што вели дека тој го нема нејзиното срце туку ти го имаш!!!
Лежиш и ги слушаш песните кои некогаш биле „ваши“. Ги гледаш поклоните кои ти ги купила за годишнина и видеата на youtube кои сте си ги правеле еден за друг кога сте биле шворц. Лежиш и размислуваш како би било кога би ти се вратила и повторно би била твоја. Веќе на памет ги знаеш грешките кои ѝ пречеле, а ти несвесно или намерно си ги правел и се колнеш во себе дека никогаш повторно нема да ја повредиш само да биде твоја. И во право си зар не? Не можеш да плачеш за некој за кој немаш чувства. Не можеш да посакаш да ти се врати некој, а повторно да го повредиш. Си велиш дека утрото можеби ќе донесе нешто ново, некоја нова надеж. Дека можеби ќе се сети дека навистина си се променил и ќе ти даде шанса да го покажеш тоа. И не, не смееш да згрешиш повторно, во никој случај, а знам дека нема…
два пати го имаш ова постирано(wasntme)(hug)
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Ти си храбар. Јас сум плашлива. Ти си снаодлив. Јас сум наивна. Ти си безгрижен. Јас сум постојано под стрес. Ти си едноставен. Јас сум комплицирана. Ти си приземен. Јас сум илузионист. Јас сум ноќ, а ти ден. Во ниту една паралела не наидовме на сличности, а сепак нашите разлики се собраа во фокусот на љубовта. А, и таа ни е далечна, поинаку насликана во моето, а поинаку сфатена од твоето срце. Јас, безнадежна романтичарка со апстрактен поглед на возвишување и изгубена во бескрај на она што бајките им го продаваат на децата. Занесена со главата во облаци, премногу чувствителна и премногу неиживеана за да најдам затишје во вистинското лице на љубовта – во твојата љубов. Онаа која е симбол за реалноста на една љубов, за земските одлики кои ја карактеризираат истата, за недостатокот на патетика и спојување врз основа на телесни задоволства. И двете се повикуваат на општите критериуми за љубовта, во иста насока, но комплетно различен правец. Како можеме да функционираме како заедно сплотени вљубеници кога со секој чекор што било кој од нас го прави, сè повеќе се оддалечуваме? Зар е возможно на оската на нашата поврзаност некогаш да се сретнат позитивниот и негативниот дел?
Апсолутно невозможно.
Всушност уште на самиот почеток сум губитник, погрешно насочен патник кој е заглавен низ кориците на некои правила и непишани закони и не може да се соочи со опуштеноста во твојот свет. Живеам како некој прирачник со огромна листа на она што треба и не треба, на она што смее и она што не смее. Мојата несигурност и твојата решителност горко се спротиставуваат на заедничкото ние. Целата таа незаинтересираност во твојот пристап, разочараноста во твоите зборови и заситеноста од мојата недораснатост оставаат замаглени таги во нашата комуникација. Ја уништуваат, полека и бешумно, со вештина на тивок, но безмилосен убиец.
Ти сонце, а јас месечина. Ти таму, а јас овде. И не дека сме толку далеку колку што сме недостижни. Несудени.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Дали сум параноична? Не знам. Можеби. Било кој друг да беше на мое место до сега ќе полудеше. Во тоа сум сигурна. Никој нормален не би можел да го издржи ова. Оваа хронична ментална тортура ќе го дестабилизираше и најдобро организираниот мозок, ќе ја расклатеше и најстабилната психа.
Што е со мене? Зошто и понатаму барам знаци? Зошто продолжувам да барам скриена смисла во неговите изјави и мисли? Зошто сеуште се надевам дека во неговите соништа ме повикува мене. Можеби сепак тоа е така. Можеби навистина во неговите зборови постои тајна порака, определен редослед на буквите така што кога се читаат по само нему познати правила се склопуваат во моето име.
Еве сум повторно. Уште еднаш станувам составен дел на овој магепсан круг без почеток и без крај. Влезот не го видов. Не почувствував кога тивко и без шум влезе во мојот живот. Кога стана проклет дел од моето болно секојдневие. Излезот никаде го нема. Иако очајно го барам со искршени нокти, раскрварени дланки и очи во кои нема повеке солзи. Пресушиле. Бескорисно е да плачам. Како што капките дожд стануваат дел од жедната и исушена земја, така и тој стана неодделив дел од моето сопствено постоење.
Дали го сакам? Не. Впрочем, не знам. Можеби. Уште едно можеби. Не можам да го сакам. Како би можела? Тој е тиранин кој безмилосно ме повредува и понижува. Не ми е потребен. Можам да дишам без него. Можам да се смеам без него. Можам да живеам без него. Но, не можам да сонувам без него. Не го можам тоа. Бидејќи тој е редовен гостин во моите соништа. Таму е само мој, а јас сум само негова. Без сете вистински и лажни пречки кои во реалниот живот не делат.
Имаше право. Колку и да ме боли таа сурова вистина... ТОЈ ИМАШЕ ПРАВО! Годините поминати не го избришаа тоа сеќавање. Моментот на моето максимално пропаѓање и целосно уништување предизвикано од пет збора кажани од неговите усни: ,,Ти си опседната со мене." Сево ова изминато време се покажа како неоспорив доказ за тоа. Но, види ме мене! Се покажав како неверојатно успешен лицемер, хипокрит. Гордо ти пркосев и давав отпор на твоите игри. Се надевам дека добро изглумив. Бидејќи твојата сознание дека си згрешил во проценката ќе биде доволно добра награда за сите непроспиени ноќи кога гледав во ѕидот и се прашував: ,,Каде згрешив?"
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Не знаеш како ми беше.
Не знаеше како е да те боли секој мускул од телото додека се напрегаш да не се расплачеш пред оној кој тоа најмалку го заслужува.
Не можеше да ја почуствуваш мојата болка додека се трудев солзите да не ми го размачкаат по очите остатокот од маскарата...
Колку и да се трудеше да покажеш дека ти значам, твојата оддалеченост и твоето студенило беа насекаде околу мене.
Колку и д
а се обидував да се лажам себеси дека она што го имаме е совршено, еден мал, минимален дел од мене секогаш знаеше дека ти не си дојден за да останеш.
Случаен минувач кој прашувајќи за насока, се задржа малку повеќе од планираното.
Не требаше да ти дозволам да останеш но ете. Ме понесе идеалот. Она што мислев дека е идеално.
Боже, колку бев далеку од идеал! Погрешна слика за реалноста. Гледав единство од бои и тонови кои сепак постоеле само во мојата глава.
Му верував на срцето. По ѓаволите, секогаш така правам!
Кога беше ти во прашање јас газев преку сите свои принципи и дозволував се.
До кога?
Додека еден ден не си го спакував куферот и решив да отидам од се. Да, на кратко. Но многу работи се разјаснија...
Не знам дали беше до дождот, дали беше до далечината или можеби до тебе... Но некако престана да ми недостасуваш.
Како воопшто и да не си заминав од тебе.
А беше тоа крајот. Крајот на нешто што траеше долго, нешто што болеше многу.
Ти никогаш немаше храброст да се извлечкаш далеку од мене, иако никогаш не беше доволно блиску.
Една работа сфатив тогаш... Големите краеви се уште поголеми почетоци.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Телефонот заѕвоне. Наеднаш гласно и нетрпеливо. Од книгата ми останаа уште неколку недочитани страници. Копнеев да ги прочитам што поскоро но тоа го оставив за подоцна.
Сега се вратив во реалоста. На наткасната од спротивната страна ја здогледав сликата која пред некој ден ја врамив во темно сивата рамка. Тоа беше слика од заедничкото патување низ Европа кое конечно го остваривме со моите другарки. Животниот ветар не не однесе во таа авантура кога бевме девојки, но после се уживавме не грижејќи се дека нешто требаше да направиме утре. Имавме големи и паметни деца какви секој посакува, успешни кариери и на околу педесетина години бевме заљубени до уши во своите избраници од младоста. Неможев да барам нешто повеќе од животот. Сликата беше спомен од денот кога пиевме чај во Виена, уживајќи на топлото сонце.
Дора изгледаше најмладолико, косата и беше кратко потсрижена и прилично побелена, ниедна од нас не ја бојадисуваше својата коса а сепак изгледаше фантастично. Клеа носеше лилаков гламурозен шешир, Јоана кок високо на главата, а Ани две плетенки кои лесно паѓаа надоле. Мојата долга бела коса се вееше слободно пуштена на тивкиот ветар. Се смеевме гледајќи во апаратот кој го држеше туристот замолен да не слика.
Некој сеуште чекаше да кренам слушалка. Забрзано чекорев надоле по скалите кон дневната соба. Се прашував зашто Дако не одговори на повикот.
Беше седум часот попладне, но сонцето сеуште дарежливо ja расфрлаше својата светлина насекаде.
Телефонот конечно престана. Некој се измори чекајќи ме. Пак ќе се јави, помислив, а на стаклената масичка забележав малечко ливче свиткано на пола.
Отидов да трчам, пишуваше. Беше задлабочена во страниците на книгата. Чај ќе пиеме кога ќе се вратам. Те бакнувам, Дако
Низ целотот тело ми струеше копнеж за неговата прегратка. Домашниот телефон заѕвоне повторно. Сега бев тука, немаше потреба од брзање. Се јавуваа од градската болница.
- Вашиот сопруг доживеа инфаркт, госпоѓо Калиси. Го слушнав строгиот и воздржан глас на болничката рецепционерка и веднаш пребледев. Тогаш за првпат вистински се плашев од смртта. Ме голташе бран паника, а потоа наеднаш тага и страв.
- Жив е нели? Добро е? Кажете ми дека е добро, дека ќе биде добро. Само толку успеав да изустам, а очите веќе ми се наполнија со солзи.
Во мене немаше ни трага од храбрата и силна жена. Таа целосно уплашена се изгуби во лавиринтот меѓу животот и смртта.
- Да, жив е.. продолжи рецепционерката, срцето му е слабо и..
Наредниот момент возев на југ кон градската болница. Возев брзо и неуморно додека солзи ми се слеаваа по образите. Ќе пиеме чај кога ќе се врати, јас ќе стојам над шпоретот а тој ќе ме гушка прикрадувајќи се. Да, така ќе биде се тешев. Ќе ми ја милува косата и нежно ќе се бакнуваме држејќи се за раце.
Мора да биде така, си велев обидувајќи се да се убедам во тоа.
Набрзо влетав во болницата, големата зграда беше темна, мрачна или можеби мене така ми изгледаше. Дознав во која соба го сместиле Дако, трчајќи и бришејќи си ги солзите се фрлив во неговата прегратка.
А тој беше многу слаб, речиси неподвижно лежеше потпирајќи ја главата на тврдата перница. Во собата која беше слабо осветлена се гледаа контурите на две остарени тела кои се обидуваат да сфатат што им се случува. Силниот човек во кој бев вљубена беше поврзан со некои апарати и машини кои ја покажуваа состојбата на неговото срце. Се забележуваше дека одвај дише, а срцето речиси и не му отчукуваше. Всушност отчукуваше со долги паузи и во ниски интервали. Кога почувствува дека сум покрај него ги отвори очите и низ долгите трепки го забележав сјајот кој секогаш го имаше само тогаш беше ослабнат. Се чинеше дека ѕвездите во неговите очи трепкаат сакајќи да изгаснат.
- Те чекав љубена. Тебе сакав да те видам. – успеа да проговори факајќи ми ја раката.
- Тука сум, цврсто го стиснав за рацете кои му беа студени и се грееја од моите кои се препотуваа од вознемиреност. Ќе бидеш добро, додадов и самата колебајќи се во она што го реков.
- Ах, Андреа, доктор сум. Нема да бидам добро. Срцето ќе ми откаже секој момент. Се поткашла напрегајќи се.
- Не зборувај, одмори се.
Се воздржував да не заплачам. Требаше да бидам храбра, требаше да бидам утеха на човекот кој беше до мене цел живот без да проговори дека некогаш му е лошо покрај мене. Низ воздухот се чувствуваше мирис на етил алкохол и горчливи течности.
Морам да зборувам мила моја. Морам. - буква по буква ги нижеше зборовите кои му тежеа на душата. Смртта ме демнее.
Се плашиш ли од смртта ? прашав.
Тој тешко издиша и ми ја помилува раката.
-Да, малку. Смртта ќе не раздвои но јас ќе те чекам во рајските градини Андреа. Ветувам ќе те чекам. Заедно ќе уживаме бањајќи се во водопадите на љубовта и ќе доградиме нашиот свет. Грижи се за Венера, ти го правиш тоа најдобро и . . .
- Шшш.. го ставив својот показалец на неговите усни. За момент ми се причини дека устата му е здрвена и премногу сува. – Заедно ќе се грижиме за нашата ќерка. Ќе бидеш тука. Успеав да нацртам насмевка на своето лице.
- Подобро е побрзо да се соочиме со вистината, продолжи Дако.
- Но... и веќе немав глас, ниту зборови. Само солзи и уште повеќе солзи. Те сакам, те сакам му шепотев а ноќта која паѓаше над болницата ја растураше својата магија без да обрне внимание што се случува наоколу.
- И јас те сакам, секогаш имај го тоа на ум. Неговиот благ стисок го чувствував на брадата а погледот вперен во мене му беше беспомошен и неутешлив. Не грижи се, нема да ти недостигам Мртвите се невидливи, но не и отсутни. Бакни ме љубена, и чувај го нашиот куфер. . .
И имав што да чувам. Неколку децении кои го заплискуваа мојот живот и се собираа во куферот со спомени. Сигурно ќе го чував.
Ја приближив својата усна до неговата. Нежно се споија во еден прекрасен, последен бакнеж кои сеуште лепливо почива на моите усни. Те љубам, беа неговите последни зборови. Ги слушнав додека заминуваше. Те љубам, одвратив, но апаратот веќе отсликуваше права зелена линија.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
"Ќе ме сакаш ли утре?"
"Веројатно."
"И задутре?"
"Би требало."
"Засекогаш?""
Нема да живеам засекогаш."
А додека живееш?"
"Ќе живеам и ќе сакам."
"Мене?"
"Таа што ќе ја избере срцево."
"Но јас те сакам, ќе те сакам засекогаш."
"Зошто си толку сигурна? Засекогаш е премногу силно ветување."
"Но јас можам да ветам."
"И да ме повредиш?"
Сега немаше одговор. Тишината се испречи меѓу нив двајца. Таа веќе не настојуваше. Се прашував дали и таа стана свесна дека ништо не е засекогаш и ништо не е вечно.
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Ми треба чувството на требање...

Ги гледам старите фотографии. Некои слики ми недостасуваат, други пак отповеќе ги има...
Ми недостасуваат највеќе оние што никогаш не ни можев да ги сликам. Истите случки постојано ме следат, одамна, сеуште, верувам дека и утре повторно ќе ги предизвикам... а немам ниедна фотографија.....
И тогаш кога не знам што сакам, знам дека ми недостасуваш, постојано, зошто немам ниедна фотографија од оние чувства кои ни самата себеси не можам да си ги разјаснам, зошто немам доволно пробивен поглед за да проникнам во твоите мисли...
И...Ми требаш. Ми треба чувството на требање. И сакам да ти требам.
Не барам многу, сакам само да ми дозволиш да бидам бескрајно разгалена и да ме прегрнеш кога ќе легнам крај тебе. Јас ќе бидам вистинска а ти повеќе нема да бидеш нестварен....
Секој ден, секој ден, повторно се обидувам да те обликувам, да ти ја дадам онаа форма која што потполно и одговара на формата на мојата празнина. И секогаш кога ќе помислам дека сум успеала се претвораш во ништо. Тогаш низ тебе можам да го погледнам минатото. Се сеќавам на она што си го ветив - ќе се преправам дека никогаш не сум те ни сретнала за да можам да продолжам да чекорам без да се вртам наназад. Таму назад тешко е, таму почива моето детство...
А ти, пак си тука за да ми требаш...
Проверувам во огледало дали сеуште ја поседувам младоста..... Не знам ни каде е границата а тоа ме плаши. Кога се ќе остане зад онаа линија каде што почива моето детство, се плашам дека ќе ми требаш уште повеќе.
Ти си од обете страни...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
‎'' Мамо, излегов со пријателите. Отидов на една забава и се сетив што ми рече пред да излезам: "Немој да пиеш, ако возиш." Затоа, испив еден спрајт . Се почувствував горда со себе за, за тоа што го послушав твојот совет , и за разлика од многу мои пријатели бев трезна ! Го Направив својот избор, и твоите
зборови беа свети за мене.
Кога забавата заврши, луѓето почнаа да се качуваат по своите автомобили, пијани. Јас се качив во мојата кола , и земав неколку пријатели пијани со сигурност дека сум во состојба да возам и да ги отнесам дома - живи и здрави .
Тогаш, Мамо, не можев дури ни да замислам што ме очекува. Нешто неочекувано силно ме удри ... Сега сум тука легната - на земјата и прости ми ги слушам полицајците да зборуваат: "Момчето, кое го удри овој автомобил е пијан , но е жив е ".
Мамо, гласовите се толку далечни ..! Крвта ми е насекаде и се обидувам со сите сили да не заплачам .
Можам да ги чујам и докторите: "Девојката нема да издржи".
Сигурна сум мамо дека момчето што ме удри, не сакаше да ме рани.

Но зошто ...? Тој пиел, а јас треба да умрам. Зошто животот е толку неправеден, мамо? Зошто луѓето го прават тоа , знаејќи дека можат да избришат толку животи ..?
Мојата болка во моментов е огромна, се едно ме бодат со илјадници ножеви. Мамо, кажи и на сестра ми да не се плаши, кажи му на татко да биде силен. И те молам, оди кај момчето и му дај совет, како даде на мене. Можеби, ако неговите родители му беа рекле да не пие , сега ќе бев жива, мамо! Здивот ми слабее се повеќе и повеќе, и почнувам да се плашам навистина. Тоа се моите последни моменти и се чувствувам толку сама. Како сакав да можеше да си до мене сега, мамо, додека сум тука на земјата, како умирам . Сакав да ти кажам толку работи и сакав да ти кажам мамо, дека те сакам толку многу! Ветувам ќе те чувам, да бидам твојот ангел, и да те бранам како што направи ти. Збогум мамо. "
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Angiie

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Следеше туѓи правила, живееше туѓ живот. Тоа не беше таа, не!
Заслепена од она што сакаше да го има, заборави дека не е секогаш онака како што таа би сакала да биде.
Сега шета по улиците, се дружи со асфалтот и мирисот на осаменоста..дома се враќа само за спиење, вкусувајќи ја горчината на тагата. Сега сака да смени се’, но доцна е!
Страшно невреме ја прегрнува, дожд од солзи се лизга по нејзиното лице..а таа се смее. Беше наивна и веруваше секому. Оние кои ги сметаше за најблиски први ја издадоа нејзината доверба.
Болката како гром го погодува нејзиното срце секогаш кога ќе се сети на неа..онаа која и’ беше единствената поддршка, помош и рамо за плачење. Сега ја нема..можеби и тоа игра улога во нејзиниот живот. Остана препуштена сама на себе. Сега се’ е различно, освен солзите што печат и раните кои се вечни. И’ фали љубов а неа неможе да ја купи.
Се движи по патот на животот, а водич и’ е судбината. Се наоѓа на раскрсница..и се прашува, на која страна да тргне..кога нема патоказ?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and malo