Раскази

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
19.
- Добро … утро… г-ѓо – прозевајќи се, поздрави девојката.
- Во десет часот сеуште нерасонета, премногу пудра а подочниците сепак зјапаат одоздола… хмм… после непроспиена ноќ, поспано утро, побргу би рекла… но, добро нека е.
- Простете… г-ѓо… спиев едвај три часа…. си легнав скоро… пред зори – и понатаму прозевајќи се, одговори девојката.
- Мхм, се гледа… и, што беше тоа толку важно, што ти го одзеде сонот? Или би требало, наместо што, да речам кој? – по малку рамнодушно, праша г-ѓата Таа-и-таа.
Девојката седна на својата столица, зад работната маса, ја потпре главата на дланките и развлекувајќи ги усните во најшироката насмевка која би можела да се замисли, кратко одговори:
- Ноќта.
- Ноќта?
- Ноќта. Беше прекрасна…. Греота беше да се преспие… да се пропушти…
- Разбирам, г-динот Млад-бакалџија го бива и за романтика - заклучи г-ѓата Таа-и-таа и додаде – добро, кафето значи ме чека мене.
- Г-динот Млад-бакалџија ме отпрати дома уште пред полноќ.
- Те отпратил пред полноќ, но заборавил да го отпрати и твојот сон заедно со тебе… ајде де, сеуште немам клешти.
- Да, да, да, ме бакна, поточно го бакнав, односно се бакнавме и беше прекрасно и рече дека сака да се видиме повторно и рече дека ќе ми се јави, но не останав будна заради тоа, заради него, добро, можеби малку, првите петнаесетина минути, најдоцна до еден часот по полноќ, да, најмногу дотогаш бев будна заради него, но потоа не, потоа останав будна заради ноќта, всушност останав будна… заради себе. Да, останав будна заради себе – во еден здив, одговори забрзано девојката, не подигнувајќи ја главата од дланките.
- Е добро, остана будна заради ноќта, остана будна заради себе. И?
- И… па Ви кажав г-ѓо, зарем не ме слушате? Греота беше да се преспие така прекрасна ноќ. Би била за џабе потрошена.
- Е да, љубовта има чудна моќ да го разбуди поетот кај некој… или кај секој, претпоставувам.
- Ама г-ѓо, кој зборува сега за љубовта? Јас зборувам за ноќта, љубовта си е….љубов, колку ноќе толку и дење.
- Добро, се откажувам. Испиј го кафето, па да видиме што имаме за денес на распоредот.
- Ете, зошто сега го променивте тонот на гласот? – приближувајќи се кон белузлавата фотеља во просторијата која беше претворена во удобно место за причекување, по малку разочарано запраша девојката, па седна на фотељата.
Г-ѓата Таа-и-таа не одговори, само ја зеде едната голема бела шоља, полна со тукушто сварено, силно, црно кафе без зрнце шеќер и отпи една голтка.
- Не разбирам г-ѓо – продолжи девојката – зарем Вие никогаш не сте останале будна само заради ноќта? Заради себе? Заради тишината, заради бескрајното црно Небо со илјадници златести ѕвезди? Заради спокојството? Заради тоа што Ви се чинело дека никогаш претходно немало толку многу ѕвезди? Мене навистина ми се чинеше дека никогаш порано немало толку многу ѕвезди, дури имав среќа да видам како паднаа три од нив. Прекрасно беше. И си замислив желба!
- Се радувам за тебе – одговори кратко г-ѓата Таа-и-таа.
- Требаше и Вие да останете будна синоќа, сигурно ќе ги видевте и ѕвездите што паднаа и ќе посакавте нешто.
- Мхм.
- Што би посакале г-ѓо? Не, не, не ми кажувајте, не се кажуваат желбите, ама.. така… од околу… отприлика…што би посакале?
- Да ми се здрави и живи саканите. Тоа.
- Аман г-ѓо, тоа се подразбира, тоа го сака секој, со или без падната ѕвезда. Што би посакале Вие? За себе?
- Ништо, не сум дете одамна, ако не си забележала – студено и по малку зајадливо одговори г-ѓата Таа-и-таа, стана од белузлавата фотеља и влезе во просторијата која беше претворена во атеље, додавајќи – доволно време потрошивме на глупости, фати се за работа.
Девојката тргна кон својата работна маса, но се премисли и се упати накај г-ѓата Таа-и-таа. Застана пред огромната работна маса во просторијата која беше претворена во атеље, ги прекрсти рацете пред себе, ја префрли целата тежина на телото на десната нога и тапкајќи на подот со левата, небаре беше строга учителка пред која стои крајно немирно, разгалено, па дури и невоспитано дете, отсечно праша:
- Каде е? Каде го криете?
- Ајдее, од поезија се префрли на театарска претстава. – подигнувајќи ја левата веѓа промрморе г-ѓата Таа-и-таа.
- Не, не, овој пат нема да се извлечете на таа карта. Кажете ми каде е? Сакам да го видам како изгледа.
- Претпоставувам сега треба да прашам што тоа. Ајде, нека ти биде. А, што тоа?
- Тоа, тоа, копчето, копчето г-ѓо! Копчето за вклучување и исклучување! Тоа, за on и off! – сеуште строго и отсечно, но сосема смирено зборуваше девојката – каде го криете? Знам дека го имате. Секој робот го има, не?….. Каде е Вашето?
Г-ѓата Таа-и-таа ја подигна левата веѓа повисоко од било кога претходно, изброја во себе до десет и едвај воздржувајќи се да не пламне, пропелтечи:
- Оди дома. Наспиј се.
Девојката разочарано ги спушти рацете потпирајќи ги на огромната работна маса, па без ронка страв ја погледна г-ѓата Таа-и-таа директно в очи и тивко рече:
- Г-ѓо, зарем не Ви е доста?
Потоа тешко и полека издиша и се врати покрај својата работна маса.
................
 

Sako

Нов член
14 мај 2012
3
1
3
27
ЈА МРАЗАМ ТЕЖИНАТА НА НЕКАЖАНИТЕ ЗБОРОВИ!!!! :/

Какво значење имаат зборовите ако не ја испразниме нашата душа? Колку вредат ако само ги подтиснеме длабоко во нас? Ве мачи ли помислата дека ако сте ги кажеле сега ќе бевте во попријатна ситуација? Што се зборовите ако не се кажани таму на тоа место и во тоа време?

Зборовите не се само криви линии без воздишки...зборовите се низа на чувства... они недоискажани, тешки, полеани со солзи, оние кои
секогаш треба да ги кажеме а не можеме...
Гордоста пред зборот? Иронично, и самата гордост е еден збор напишан пред поимот...
Можеби некогаш премногу зборувам но многу малку сум кажала, можеби некогаш сум потрошила цел час за да кажам нешто а имам чувство дека ништо не сум изнесла од мојата душа, не она вистинското, не она што сум имала намера да го кажам... сум бегала, низ лавиринтот од чувства и зборови, погрешен излезе, нов лавиринт...
Тешко е, мене ме мачат сите зборови кои не сум ги кажала, сите нешта кои сум ги премолчила, сите патишта чиј правец сум го скратила неизустувајќи ни еден вистински збор...
Јас се каам што премолчувам, што подтиснувам и оставам да тлее длабоко во мене... но ете, тие неколку збора кои некогаш не сум ги кажала прераснуваат во лава која чека да излезе од вулканот, чека момент, час, време...чека вистинско место и вистинско време... и пак запира... како да се полева со најголемата бура што човекот ја видел, како да удира во огромна санта мраз, како феникс да ги губи своите крила... пак станува жарче... пак ме измачуваат и пак остануваат во мене...
Јас просто сум личност која може директно да каже секому што мисли, личност која не се грижи што рекле другите затоа штво нивните зборови не ми значат и како најголема иронија на сето тоа јас сум личност која тешко и ретко ги покажува своите чувства...
Мразам што зборовите останале во мене, мразам што некому не сум кажала колку ми значи и колку наредниот ден би ми бил сив без него... мразам што тие зборови ги чувам во себе... мразам и што пред другите кажувам дека не сум ги сокрила... мразам што онаа личност на која и се наменети никогаш не ги слушнала... мразам што помислувам дека ако тие зборови излезеле од мене ќе променев нешто, ќе се променев себеси, ќе ја сменев ситуацијата... го мразам тој дел од себеси... мразам што премолчив, мразам што премолчувам, мразам што никогаш нема да се променам... ЈА МРАЗАМ ТЕЖИНАТА НА НЕКАЖАНИТЕ ЗБОРОВИ!!!! :/
Јас сум феникс, исраснувам од пепелта, станувам по поразите и се гордеам со успесите... но неискажаните зборови? Пред нив сум зрно песок...
Може ли да се смени нешто?????????? Има ли надеж дека зборовите ќе ги кажам некогаш и негде без да ги потиснам во мене???????????
Ужасно...
nesto najubavo
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Sako

Нов член
14 мај 2012
3
1
3
27
Зборовите не се само криви линии без воздишки...зборовите се низа на чувства... они недоискажани, тешки, полеани со солзи, оние кои
секогаш треба да ги кажеме а не можеме...
Гордоста пред зборот? Иронично, и самата гордост е еден збор напишан пред поимот...
Можеби некогаш премногу зборувам но многу малку сум кажала, можеби некогаш сум потрошила цел час за да кажам нешто а имам чувство дека ништо не сум изнесла од мојата душа, не она вистинското, не она што сум имала намера да го кажам... сум бегала, низ лавиринтот од чувства и зборови, погрешен излезе, нов лавиринт...
Тешко е, мене ме мачат сите зборови кои не сум ги кажала, сите нешта кои сум ги премолчила, сите патишта чиј правец сум го скратила неизустувајќи ни еден вистински збор...
Nesto najubavo do sega, se prepoznav od prv do posleden zbor.
 

Sako

Нов член
14 мај 2012
3
1
3
27
Changes
- Ме виде... – загрижено му објаснуваше на својот пријател. – Душава ме здоболе штом го забележав нејзиниот поглед. Не се познавам веќе себеси. Не знам што правам... Проклето го уништив нејзиниот единствен сон!
- Навистина не ми е јасно.. Како можеш да бидеш со друга кога срцето ти копнее по неа? Како можеш да бакнуваш усни во кои немаш ништо освен утеха?
- Се плашам да не останам повторно..
- Што да останеш? Сега знаеш дека те љуби. И тоа се гледа по нејзиниот поглед. Зошто си правиш нешто кое подоцна ќе ти донесе само болка?
- Таа ме повреди... не си свесен колку денови поминав затворен во ѕидот на меланхолијата? Колку ноќи мечтаев дека нејзините зборови беа ништо освен сон од кој сакав да се разбудам?
- И со тоа сега ти ќе и` се одмаздуваш? Зарем ти ли беше тој што еднаш рече дека без оглед на се` ќе ја љубиш? Ти ли беше тој што ќе направеше се` за да таа остане среќна дури и по цена никогаш повеќе да не се видите? Погледни се! На што личиш! На едно егоистично копиле кое сака само себеси да си направи како што му прилега. Па дури и по цена на туѓата болка.
- Престани те молам... – нервно му врати. – Како тоа наеднаш сите се свртивте против мене?
- Си се запрашал ли зошто е тоа така? – стана и замина, оставајќи го замислен.

Нејзините работи беа на креветот. За некој момент таа се гледаше како исчезнува од видикот на местото каде некогаш се чувствуваше бесмртна. Сега беше само обичен дух, завиткан во сопствените сенки. Се чувствуваше мизерно. Сакаше да заборави на се`, на целата претходност што и` ги имаше опфатено спомените. Ја допре разгледницата што седеше во фиоката. Залипа. Покрај толку време поминато, чувствата сеуште ја држеа во живот. Ја отфрли од себе како да беше некаков жежок предмет. Не ги сакаше тие спомени. Не сакаше да мисли на него. Па сепак, копнежите ја тераа. Ја саклучи вратата со долга пауза зад себе.

Одеше забрзано по улицата каде за прв пад водеа љубов. Со погледите.. со насмевките. Се сеќаваше на нејзиниот мирис. Уникатен, единствен. Мораше повторно да го почувствува. Па макар и за момент. Како што се приближуваше до нејзиниот дом, така возбудата се` повеќе растеше. Последните денови се бореше со себе. Се плашеше за неа. Да не биде сама. Повредена, издадена одново од човекот кој некогаш и сеуште ја љубеше. Се чувствуваше потребен, иако знаеше дека ја изневери нејзината невиност. Чекорот сам по себе се изгуби. Тој просто не ја чувствуваше земјата под себе. Лебдеше помеѓу сонот и реалноста. А потоа тишина и празнина.

Нејзиниот поглед иако уморен, беше упатен во темната далечина. Сакаше што побрзо да замине од проклетото место. Се чувствуваше дека дека не припаѓа повеќе тука. Во улицата на соништата. Го чувствуваше ритамот на ирелевантноста како отчукува во нејзината душа. А сепак копнежите беа сеприсутни. као по ѓаволите ќе ги заборави неговите зборови полни со ветувања за едно време? Не можеше преку ноќ да го заборави. Водеше љубов со него и кога беше сама. Дури и кога нејзините соништа водеа кон меланхолија. и растревоженост.
- Јас... лошо постапив... чу замислен глас позади неа.

- Не требаше... – се обиде да го оттргне, но тој веќе и` стави прст пред усните.
- Не можев да престанам да мислам сево ова време на тебе. Извини што постапив лошо. Знам дека не заслужувам но... знај дека никого досега не љубев толку силно...
- Не.. немој.. – почна да трепери. Повторно копнежите почнаа да водат војна со разумот. Ја чувствуваше врелоста во крвта како струи, Потоа не издржа. Се поткрена, барајќи ги неговите усни. Ги почувствува. Слатки мали болки и` проструија низ `рбетот. Се почувствува одново жива. Но овој пат за долго.

...навистина за многу долго...
Fin
Mnogu dobro, me ostavi bez zborovi
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
31
Pax Terra
Совршен Непријател
Совршен непријател.Го знаеш под друго име,но неможеш да го препознаеш.Доволен е еден момент,еден миг кој ќе биде доволен за еден е**н пресврт во твојот живот. Те сака, но и не,тоа е само оптичка илузија која ги затвара и ги лажи твоите невини очи.Тоа е твојот совршен непријател, твојот вечен пријател.Знае се за тебе.Твоите слабости,твојот карактер и на кој начин може да те уништи.Но моќта е и во тоа што и ти знаеш се за него. Победата не е битна.Но вечна е борбата.
Цел


Се трудиш, се бориш за успех за гордост го даваш максимумот од себе па и многу повеке од тоа за да им покажеш на другите што можеш и дека си успеал. Кој к*р фактор се другите, бори се за самиот себе не треба на никој да му се докажуваме па баш на никого. На крај постојат две опции една од тие сигурно ке ја добиеш. Кој е целта ?


Сеќавања​
Сеќавања ! Доаѓаат и си одат како и годишните времиња. Не се забораваат туку само се повторуваат. Добри и лоши дел се од твојот живот.Некои се овде да те гутнат да те натажат да ти дадат до знаење да се бориш да стaнеш посилен, а пак некои да ти ја зголемат самодовербата. Не доаѓаат туку така некој ги предизвикал и едноставно станувааат дел од тебе од твојот живот од твојата сегашност и иднина.Во никој момент не треба да ги игнорираме и да се каиме поради некој што ги предизвикал кај тебе. Сите луге и оние кои ни наштетале пробале да ни наштетат, ни помогнале , Но сите се со причина овде да ти остават порака да те научат да те вратат од некој лош пат да те усмерат кон нов или пак да те задржат.Сеќавањата не треба да ги сватиме како нешто лошо нешто болно и да не претворат во безчуствително копиле да ни ја зголемат омразата кон другите поради некое лошо сеќавање.Сеќавањата се целиот твој живот а не само една обична депонија.Тие се учителот а ти само еден ученик.



Некои може и да имаат по некоа грешка, едвај си ги најдов. Ако нешто не се за овде преместувајте каде треба:)
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Лавина

Секоја приказна започнува со љубовта она невозможна не возвретена или не остварена ,а мојата се состои од сите нив заедно. Љубов за неа сите знаат едноставно нема човек кој не ја почуствувал. Во сите мој спомени сегоаш недостасува токму таа љубовта. Имам успех не се жалам среќен сум за се што добив од живото но сепак ми недостасува токму она кое живатот најмалку ми го подарил. Велат љубовта има две лица добро и лошо : Лошото лице е болката , а доброто е самата таа! засега јас ја видов само болката од толку темнина се прашувам дали ослепев и неможам да ја видам светлината која ме води до неа? Животот е ко една планина се качуваш по неа многу бавно и се обидуваш да стасаш до врвот , но тој не е така едноставна планина можеш да се лизнеш да паднеш и да почнеш од почеток со нови сили. Зарем не би ги поднел ударите полесно ако се чуствувам сакан? Зошто едносатвно неможам да кажам или да покажам со праст да оваа личност ме сака, ме почитува со сите мои мани и доблести? Повеќе што чуствувам е презир и користење на мојата наивност од страна на мојте “пријатели“. Мојата планина и недостасува љубовната патека за да можам да ги надминам сите предизвици и сите лавини дали барам многу за да бидам сакан? Зошто мора да биде вака ? Секој ден се прашувам што е она што го имат другите а го немам јас за да бидам сакан?
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Со првото утринско будење, тој почувствува непријатна болка во стомакот. Како нешто да го стегаше, притискаше и печеше. Не, тоа не беше болка од вчерашната вечера. Причината беше друга - уште откако ги отвори очите, се знаеше што ќе прави денес...
Денес конечно ќе ја прекине врската, која се обидуваше да ја одржи веќе две години. Требаше да го направи тоа многу порано, но...
Стана од креветот, се облече и излезе. Се договорил уште од вчера да се најдат со неа на местото каде се среќаваа обично. Не требаше да доцни. Никогаш досега не ја натерал да чека... не требаше ни денес.
Излезе од дома и со брзи чекори се упати кон местото за средба. Градот изгледаше сив и мрачен, времето беше студено, како секој момент да се спремаше да врне дожд. Го крена погледот кон тмурното небо и си помисли:
- Дури и облаците плачат за нас, како и тие да претчувствуваат што ќе се случи...
Како и секогаш, пристигна прв на договореното место. По неколку минути се појави и таа. Кога ја виде како се приближува кон него, стомакот му се собра и нешто го пресече... голема болка.
Ја праша дали сака да седнат некаде и таа се согласи. Тргнаа. По целиот пат дотаму молчеа, не рекоа ниту збор. Тоа и се причини доста чудно, ја исплаши неговото однесување... не знаеше што ја чека.
Седнаа на една од дрвените маси во кафулето и си нарачаа по едно кафе. Најпосле таа не можеше да се стрпи и го праша:
- Што ти е, нешто да не сакаш да ми кажеш?
- Да... - одговори тој, без да ја погледне.
- Ајде кажи, зошто молчиш? - продолжи таа, веќе малку вознемирена.
Тој зема воздух, ја сврте главата кон неа и ја праша:
- Според тебе, до кога ќе продолжиме вака? Колку уште сметаш дека ќе издржиме со ова темпо?
- Од каде пак сега ова го измисли, зошто ми поставуваш такво прашање? - не можеше да се начуди таа.
По кратко молчење, тој издиша длабоко и продолжи:
- Една вечер пред неколку месеци, беше околу полноќ, јас ти се јавив за да ти прочитам неколку мои стихови, кои ги напишав за тебе. А ти, се сеќаваш ли што ми одговори:
- “Баш сега ли најде да звониш, види колку е часот, како да немаш друга работа...“ - без нималку љубезност. Од таа твоја реакција се почуствував како нокаутиран боксер... ти се извинив и спуштив телефон. А ти никогаш подоцна не побара да ги видиш и слушнеш тие стихови...

Пред три недели, кога се разболев тешко и неможев да станам од кревет, дојде заедно со пријателите да ме видиш. Кога еден од нив ми потфрли - “О, добар си ти, си имаш девојка, има кој да се грижи за тебе“..., ти кажа:
- “Да де, нема шанси, имам доволно обврски, нека си го чува мајка му...“ -ти текнува сега?


- Но ти знаеш дека јас не сакам такви лигавења, емоционални изблици... не е тоа за мене... - рече таа, со вина за постапките. - А и зарем ти личам на докторка?

Тој се насмеа иронично:
- Да, во право си, воопшто не личиш на докторка. А и додека го носиш тоа камено срце во себе, дури и да сакаш да станеш таква и да помагаш на луѓето... не би можела.

По малку молчење тој продолжи:
- Досега колку пати си ми пишала некоја порака рано наутро, за да ми посакаш убав и пријатен ден? Или навечер пред да си легнеш, да ми кажеш просто “добра ноќ“? Или кога и да е во текот на денот, за да ми подариш една насмевка? Нешто со кое ќе ми покажеш дека имам некаква вредност за тебе? Ти тврдиш дека не сакаш такви сентиментални работи, велиш дека се смешни и лигави, но вистината е друга - ти не сакаш да ги радуваш другите, оние кои те сакаат! И точно тука е најголемата разлика меѓу мене и тебе. Јас сум сосема спротивен - сакам да дарувам радост и насмевки на луѓето околу мене и точно тоа ме прави среќен. Знаеш ли дека откако те запознав секој ден, секоја ноќ, секој миг јас имав по еден убав збор за тебе?
Дали го слушна, дали го почувствува, дали ти значеше? Толку сме различни, како бело и црно...

Таа се обидуваше да го надмине шокот од тоа што го слушаше и во исто време се трудеше да остане смирена. Го праша:
- И што сакаш ти од мене, да станам поет, да пишувам стихови?
Тој повторно се насмеа и уште еднаш се убеди, колку правилно решение донел.
- Не... - одговори тој. Не сакам да станеш поетеса.
А ти и не би можела да бидеш добра поетеса. Само сакам да се разделиме, сметам дека така ќе биде најдобро за двајцата...

 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
- Да се разделиме?! - не очекуваше да слушне такво нешто и тешко и беше да поверува. - Но зошто?! Јас те сакам... Мислам, дека ти исто ме сакаш... зарем не е точно?
- Не мила! Ти само мислеше дека ме сакаш. Ако ме сакаше вистински, сега ќе водевме друг разговор за многу поубави нешта...
Кога го слушна ова очите и се насолзија.
Тој извади од џебот марамче и и го подаде. Таа бавно ги бришаше солзите и тивко кажа:
- Добро, штом така сакаш... Се надевам само дека не ме оставаш од некоја друга причина...
- Како можеш и да помислиш на такво нешто!? Немало друга, нема ни да има уште долго време... - рече тој, нервозен од нејзините сомнежи.
Дојдоа како двајца вљубени, а сега веќе стоеја како странци еден до друг... По неколку минути поминати во молчење, таа рече:
- Ќе си одиме?
- Јас сакам да останам уште малку тука, но ти ако сакаш оди...
- Добро тогаш... - рече тивко и пружи рака кон него, но и раката и гласот и трепереа... - Ти посакувам да си среќен... - едвај успеа да изрече.
- Ако сакаш, може да останеме пријатели... - рече тој, додека ја држеше за рака.
Се гушнаа силно за последен пат и се разделија без да си кажат ништо повеќе...
“Постапив правилно“...си повторуваше тој цело време, додека се враќаше со бавни чекори кон дома.

Се прибра дома кога се стемни. Чуствуваше како нозете да му беа пресечени. Веднаш влезе во собата и легна... со желба да заспие и се одмори од се. Но не успеваше. А времето како да застана за него, ноќта како да немаше крај... Но мораше да преспие барем малку. Утре беше на работа и требаше да стане рано...

По некое време ненадејно заспа. Се разбуди од алармот на часовникот. Стана, се протегна, и токму кога требаше да излезе од дома, погледна кон телефонот. Имаше една порака и 10 пропуштени повици. Ништо не слушнал додека спиел од уморот. Сите беа од неа. Иако немаше волја да ги чита, ги отвори и прочита:
- “Колку и да не ти се верува, јас вистински те сакав “Не можам да живеам без тебе и твојата љубов. Не можам да бидам сама. Премногу голема е болката, за да ја соберам цела во моето срце. Ти се колнам, дека никогаш не сум сакала толку вистински, како тебе. Живеев за да те сакам и ќе умрам од што те сакам! Збогум, љубов моја...“

Во главата му се родија безброј прашања истиот тој момент. Ги читаше и пречитуваше редовите на екранот и незнаеше што да мисли. Од кога ја познава, а таа никогаш не му напишала такво нешто, никогаш ги немаше искажано чуствата на тој начин... и тоа во 5 часот наутро.

Се обиде да ја проголта грутката во грлото што му застана додека читаше, и со растреперени прсти сврте на нејзиниот број. По неколку минути слушна непознат глас. Ја побара неа...
- Јас сум мајка и... - рече залипнато жената на линијата. - Ќерка ми ова утро се самоуби!
- Што!? Но како?! Зошто???...

- Не знам синко ни јас... - продолжи жената - цела ноќ вртеше на некој број. Беше вознемирена, многу растроена... Утрото кога станав, видов дека во собата уште свети, ја отворив вратата и занемев од она, што го видов со очи... Беше обесена! - Успеа некако да раскаже жената со многу засипнат и стегнат глас...

Стомакот му се собра од она што го слушна. Пак го осети она парење и тежина, но сега тие беа стотици пати посилни... Во наредниот миг му се заврте во главата, тој се занесе и се струполи на земјата...

Неколку месеци подоцна, додека правеа утрински посети на пациентите, двајца лекари сретнаа еден пациент во ходникот. Тој беше нов на клиниката. Едниот лекар го праша другиот каков случај е, а тој одоговори:

- А овој ли? Го донесоа, пред околу три месеци тука. Како што разбрав, неговата девојка се самоубила поради него. Од тогаш тој постојано го носи мобилниот со себе, постојано пишува нешто и го праќа на некој...
Пред неколку дена неможев да се воздржам и додека тој спиеше, свртев на тој број... Излезе дека бројот не е активен, деактивиран е уште пред три месеци...
Видов, дека има и една порака, ја прочитав и неа... Не го познавам човекот, ниту неговиот живот пред да стигне тука, но изгледа дека оној што му ја пратил пораката, има многу ранлива и чувствителна душа...


Речиси секогаш сме убедени дека знаеме и разбираме што мислат и чуствуваат другите околу нас... Дека можеме да го видиме она што го носат во срцето... Но дали е навистина така?
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Знаеш како е кога не можеш да заспиеш? Кога лежиш на перница мокра од солзи? По некоја ќе се лизне и до усните, чисто да не заборавиш дека е солена. Кога сите ти велат дека знаат како се чувствуваш, а никогаш не биле повредени, оставени. Кога се бориш со себе да заборавиш, а не можеш затоа што сте поминале не денови и месеци, туку години заедно. Кога сè те потсеќа на неа, секоја песна, секој спот. Ги гледаш видеата што ти ги објавувала на фејсбук и сите тие бакнежи и срца. Болно е кога ќе направиш грешка, а потоа се каеш. Малкумина знаат какво е тоа чувство. Уште поболно е да ја гледаш како е среќна и комуницира со друг на начинот на кој некогаш вие сте комуницирале. А знаеш што е најболно? Тоа што вели дека тој го нема нејзиното срце туку ти го имаш!!!
Лежиш и ги слушаш песните кои некогаш биле „ваши“. Ги гледаш поклоните кои ти ги купила за годишнина и видеата на youtube кои сте си ги правеле еден за друг кога сте биле шворц. Лежиш и размислуваш како би било кога би ти се вратила и повторно би била твоја. Веќе на памет ги знаеш грешките кои ѝ пречеле, а ти несвесно или намерно си ги правел и се колнеш во себе дека никогаш повторно нема да ја повредиш само да биде твоја. И во право си зар не? Не можеш да плачеш за некој за кој немаш чувства. Не можеш да посакаш да ти се врати некој, а повторно да го повредиш. Си велиш дека утрото можеби ќе донесе нешто ново, некоја нова надеж. Дека можеби ќе се сети дека навистина си се променил и ќе ти даде шанса да го покажеш тоа. И не, не смееш да згрешиш повторно, во никој случај, а знам дека нема…
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Седев така стуткана во седиштето и со главата потпрена на воланот. Не постоеше посигурно место на светот од ова. Овде бев сама, овде бев своја, овде бев сигурна и заштитена. Единствено место на светот каде можев да ја испуштам и душата, да ја отворам и да си дозволам да бидам искрена самата со себе. Да си признаам дека не сум толку силна. Но, и ова место ме потсетуваше на него, и на ова место ме демнеше неговиот глас и еден збор. Само еден.
Дишењето ми стануваше сè потешко и потешко. Како некоја грутка да ми се беше заглавила. Повеќе не можев ни да ги отворам очите. Само чувствував врели капки кои ми се тркалаа по образите, а во себе сеуште го чувствував неговиот парфем. Се прашував дали некогаш ќе изветрее, се прашував дали и ова е случај кога времето нас ќе нè претвори во спомени или засекогаш ќе останат во мене како болни отисоци.
Целиот ден беше премногу болен за да се потрудам да го заборавам. Не беше рана која туку така времето ја залекува. Не беше болка од која не можеш да спиеш, но со тек на времето отапува. Беше болка која не ми даваше мир. Болка која ми го зема и последното парче гордост и ме натера да се понижам. Мојата искреност молеше да не биде повредена, но залудно. Искрените зборови беа прегазени, чистите солзи беа извалкани. Како и секоја приказна, ветувањата дека ќе те чува и ќе те штити се секогаш лажни, бакнежите со кои те осипува на крајот излегуваат искварени, а приказната била само така рачно напишана на салфетката која ја служат со едно секојдневно ладно макијато колку само да излаже една невина љубов.
Барем да беа болни сеќавања, барем да беа лоши мигови, барем да беше закиселено вино или горко кафе. Барем да можев да го мразам од дното на душата, барем да можев да се вратам назад…
Велат дека е скршено срце она што боли, но всушност боли целото тело.