Раскази

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Не знаев каде да го сврстам текстов кој што е дело на мојот 12годишен брат. Знам само дека секогаш кога и да го прочитам буди ненормални емоции во мене.


Личност на која и` се восхитувам
Во мојот живот постојат многу личности. Едни од нив се моите најблиски, моите роднини, славни личности или пријатели, но постои само една и единствена личност на која и` се воодушевувам. Таа личност ми е идол, а тоа е мојот дедо кој неодамна почина.
Таа личност (мојот дедо) е личност која мислам дека ме сакаше повеќе од сите. Таа личност е личност која што ја сакав повеќе од се`. Личност која што усреќи многу мигови од мојот живот. Личност која ме сакаше и чуваше повеќе од секого. Личност која што ме научи да возам велосипед од мојата 7ма година. Личност која што ми помагаше по сите предмети од училиште. Личност што кога и да донесев дома петка беше пресреќен и личност која што ако донесев пониска оцена од петка се трудеше да ми објасни со сите негови знаења. Личност која што ми ја исполни мојата најголема желба, а тоа беше што ме запиша да тренирам фудбал. Сето тоа беше еден убав сон од кој што сите се разбудивме пред некое време. Личност за која што ќе посакувам да бидам како него цел мој живот.
Иако мојот дедо на кој му се восхитувам повеќе не е тука јас секогаш ќе сакам да бидам како него и секогаш ќе го сакам исто така како кога бил со мене. Целиот живот ќе го посветам за тој да биде среќен.​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тукушто заврши работното време и Обелиск го здогледа својот пријател Астериск во далечината. Беше премногу напред да го довикува, а кондурите не му беа баш во најдобра состојба за да се обиде да го стигне. Сам тргна накај дома. Беше полусреќен, имајќи предвид дека после долго време успеа да договори состанок. Дејт, како што милуваа да кажат новите и надежни генерации.

На патот кон станот застана во локалниот колонијал и купи нешто за јадење. Ако под купување може да се смета запишувањето на вересија. Циничните примедби на продавачот дека има заостанат долг и дека му прави голема услуга малку ја начнаа полусреќата во која се наоѓаше, но и покрај тоа розефкастиот облак на кој пловеше остана читав.

Спремајќи се за дејтот забележа дека кариесот игра танго во неговата уста, дека жилетот е одамна затапен и дека лосионот мириса премногу агресивно и корне на ефтиност. Но немаше сила да се тревожи иако сите тие факти делуваа корозивно на полусреќата во која се наоѓаше.
Импровизацијата е специјалност на одредени социјални класи па така и кај Обелиск, снаоѓањето беше на високо ниво. Знаеше да направи ручек со било каква завчерашна помија. И тоа на ефтина струја. Знаеше како да се храни за сума која би ги фрлила во очај и жителите на Бангладеш. Со облеката веќе беше малку потешко, а здравјето никогаш не се покоруваше на снаодливоста, за жал.

Дејтот како дејт, започна со букет цвеќе. Имаше старомодна црта во карактерот Обеликсов која сакаше да даде на знаење на женското дека е женско. Теориите за полова еднаквост му беа сомнителни.
Семипирамида, неговата партнерка таа вечер не беше којзнае што, но не беше и било што. Горе долу од иста класа како и Обелск, знаеше што може да очекува но сепак не пропушти да инсистира на некој ресторан кој не му беше познат на Обелиск. Сепак се согласи и отидоа таму. Дејтот беше добар, без некоја драматика но и без лапсуси. Таа забележа дека Обелиск е нервозен. Тој само се молеше таа да оди во тоалет за да може убаво да го простудира менито, да направи пресметка, да види да не` се крие некаква замка, стапица во која би загинало кутрото Его обеликсово.

За несреќа, Семипирамида никако не одеше во тоалет, `Зарем има и такви жени` си помисли Обелиск. Очигледно имало. А имало и такви кои пијат барем по 750 милилитри вино на еден дејт. Но што е тука е. Снаодлив е Обелиск, ќе се снајде. Изјави дека бил на терапија поради нешто па нема да пиел алкохол таа вечер. Вистината беше дека буџетот не му дозволуваше две шишиња вино во ресторан, но мораше да даде крила на импровизацијата.

Моментот на вистината дојде, келнерот како митско чудовиште со сметката во рака полека се приближуваше до масата. Кутриот Обелиск, сега знаеше како им било на војниците во рововите на западниот фронт пред јуриш. Таа нешто зборуваше но тој беше фокусиран на келнерот како наведувана ракета на некоја цел. И пресудата падна. Седумстотини и дваесет шинтери. Мрак се спушти на очите на Обелиск, темница го обви неговиот мозок, просторијата му се причинуваше дека се стеснува и ќе го згмечи. Имаше само 750 шинтери, скоро половина плата. Што сега?

Келнерот очекуваше бакшиш, а дејт е дејт, долгорочни планови беа во прашање со госпоѓицата Семипирамида.
Отидоа сите 750, а време беше за такси.

Божицата на импровизацијата не го напушти, се досети за можноста за долго пешачење поради прекрасната вечер. Таа го погледна со нелагодност, штиклите не и беа предвидени за маршови од шест километри а од друга страна таа сепак си беше некаква полуромантична природа и сепак се согласи.
Обелиск скоро се насмевна и задоволен се осмели да испрати бакнеж. Во образот, како што доликува на џентлемен од позади плинарата.

Ако божицата на импровизацијата беше наклонета кон Обелиск, богот на времето не беше. Имаше можеби проблеми со синдикатот на богови во Пантеонот па реши да го истури гневот врз обичните смртници. Да...почна да истура како да претстои потоп. Обелиск и Семипирамида се обидоа да се засолнат на неколку места но ветрот го носеше дождот право во нивните лица. На крај најдоа место и Обелиск забележа дека нозете му се поплавени. Кинеските кондури си беа достојни на својата репутација. Дури беа склони и да направат напор повеќе за нашиот Обелиск со тоа што ѓонот почна да се одлепува и да виси.

Овој пат Обелиск имаше само еден начин да го спаси своето Его од масакр а тоа е да се раздели со неа веднаш за да не се слушне шлапањето на одлепениот ѓон. И кажа дека дејтот бил феноменален но дека мора да ја земе терапијата на време инаку ќе биде попусто. Промрморе неколку извинувачки фрази и си отиде, оставајќи ја Семипирамида сосема разочарана.

Знаеше дека таа разбра во што е работата. И не очекуваше повторно да се видат.
Стигнувајќи во станот го забележа најлонот со набавки од колонијалот. Конзерва со сардини, вчерашен леб, шампон во ќесичка, сијалица.
Не беше гладен, и си помисли да си легне откако ќе ја допуши последната цигара.
И онака не вредеше да се разочарува. Можеби нема да го дочека утрото во прегратка на полу-убавата Семи, но затоа го чекаше појадок-гозба со сардини. Не обични туку од оние со доматен сос !

И потоа.... пак на работа.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and malo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во деновите и неделите кои следуваа откако Станко ја запроси Наташа се случуваше нешто невообичеано.
Наташа како да беше на седмо небо, бидејќи после сите тие десет месеци заедно конечно на Станко му текна да ја побара за жена.
Станко немаше некои посебно изразени карактерни недостатоци, на моменти Наташа дури беше и загрижена како тоа Станко не покажува никаква `темна страна`. Дали се работи за смислен план или сепак Станко беше too good to be true?
Физички беше просечно-симпатичен лик кој доколку би ги немал оние две лузни на лицето би бил дури и лепотан.

Наташа не беше сигурна што тоа Станко работи бидејќи иако секогаш имаше кеш во себе и сметките беа подмирувани навремено - не и беше мило тоа што нејзиниот избраник има тајни пред неа.
Па нели една таква баналност како професија не би требало да се таи пред идната сопруга?

Една од ретките ситуации кои и беа чудни на Наташа беше фактот што кога купуваа весник - Станко секогаш почнуваше да го чита одзади, задржувајќи се не на страницата со спорт туку на онаа со некролози. Наташа спротивно од тоа, никогаш не ја читаше таа страна а и што би читала воопшто, известувањата за `тажна вест` или `шестгодишен помен`?!

Дојде и денот на свадбата, Станко немаше покането многу гости, а меѓу неколкумината кои ги викна, два-тројца се издвојуваа со своите нездрави физиономии. Ги претстави како колеги. Еден од нив, нешто постар и поисушен од другите беше склон кон алкохол. И како таков брзо се испијани и почна да ги замара гостите на масата. Наташа која во гужвите околу спремањето свадба не се имаше напиено ништо, остана со трезен ум кој веднаш проработе во насока на дознавање на тајната. Искористувајќи едно кратко остуство на Станко кој отиде да се поздрави со старосватовите - Наташа отиде кај колегата на Станко, нудејќи му да се напие Виски кое било старо 18 години и кое нејзините го чувале за специјални прилики. На колегата Станков не му требаша специјална покана, почна да пие и продолжи да расправа за новиот Ситроен кој го купил. Во кеш! Јазикот му се разврза до таа мера што тајната за професијата на Станко - престана да биде тајна.

И така Наташа се појави пред Станко на првата брачна вечер со зацрвенета фаца од која фрчеа искри.

Н. - Добро бе копиле едно подмукло...
С. - Што ти е драга моја?
Н. - Како бре што ми е, со оној другар ти ограбувате гробови и така доаѓаш до пари...
С. - Ах бе Миле, говедо едно пијано, знаев дека ќе кажеш кога тогаш...
Н. - Човече заеби го Миле не е битен сега, битно е што откопувате гробови, крадете накит и одела на покојници и продавата лешеви на црно...
С. - Љубов моја, не се возбудувај беспотребно, смири се...
Н. - Да се смирам? п***а ти матер нездрава, дали си свесен што направи?
С. - А што тоа направив, мила моја? Јас сум истиот Станко од пред неколку минути, само што сега знаеш со што се занимавам...
Н. - Ограбуваш гробови бе нездрав еден!
С. - Досега никој од нив не се пожалил на ништо, нив не им треба накитот...
Н. - Престани!
С. - Морам да ти објаснам...
Н. - Нема што да се објаснува (и тука Наташа почна да плаче)
С. - Немој љубена моја, не прави драма, пробај да разбереш...
Н. - (липањето се интензивира)
С. - Не плачи, смири се, знаеш колку те сакам, знаеш дека моето тело и душа ти се ставени на располагање, да не дозволиме една ваква ситница да ни ја упропасти нашата љубов...
Н. - Ситница???
С. - Па да, ситница
Н. - Каква ситница бре, како ќе им кажам на мама и тато, отсекогаш ме мачеа со прашања `шо работи оној твојот, шо работи оној твојот`... оф божеееее... на Перса мажот и е шеф во Телеком, на Марта дечко и станал асистент а јас црна, јас што ќе кажам...
С. - Глупости се тоа и ништо повеќе, зарем помалку ти значам од одобрувањето на твоите и на друштвото?
Н. - Станко тргни ми се од пред очи, те молам, оди, не можам...

И така нови дилеми почнаа да ја мачат Наташа. Дали да се разведе? Што ќе кажат сите за брак за кој била поведена парница после 36 часа?
Дали да го преброди сето тоа така што ќе го натера Станко да си бара нормална професија?

Наташа остана во дилема и наредниот ден. На телефонот забележа неколку пропуштени повици и смс-пораки од својот нов сопруг.
Го изми лицето избраздено од солзи, се нашминка и се упати на работа. Касиерките во Тинекс сепак беа почитувани членови на општеството...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and malo

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Го Барам Тој, Што Никој Го Нејќеше

Никој го нејќеше..го викаа клошар..имаше см`кнати фармерки и раскопчана кошула што мирисаше на чисто и на љубов, брада на лицето и очи ко џамлии..погледот му беше бистар, секој збор бисер..на секое видување ми носеше цвеќе, насмевка и патувања низ целиот свет, со часови зборови, воздишки и бистар ум..ниедна мајка го нејќеше за својата ќерка, не ветуваше многу, општо ветуваше ништо.. само љубов, среќа и насмевка..го напуштив неговото присуство и неговата слика за светот..
..сите го сакаа..беше убав, стокмен, секоја мајка го посакала човек..полн со себе, празен од светот..деновите со него минуваа споро, се претвараа во години..толку вечни, што станаа романи во недопишани и недослушнати дванаесет тома роман..животот со него помина, а младоста и радоста останаа некаде далеку..ниту цвеќе, ниту мирис, ниту допир што тресе..ветуваше многу, даде ништо, одзеде младост и недочитани последни страници од тежок, мачен роман..
Го барам тој, што никој го нејќеше..да го прошетам животот со него и да му ги влечам см`кнатите фармерки..некогаш и да го избричам, но не мора.. бисерите од животот да му ги нанижам и на својот врат да ги ставам, тој да ги брои.. бакнежи од броење, цветови од насмевки, мои и негови што не ветуваше ништо, а ми даде се`.. да, тој што го викаа клошар.. а беше свој, најмногу мој..тој другиот го поклонив на сите, што сакаа романи..
..да се врати тој свет, да се врати тоа време..не ветуваше многу, а вети и даде све..живот..

Превземено од нет
Таг: Прикаски за мали деца
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°