Раскази

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Вистина или Предизвик ?

-Вистина или Предизвик?​
-Импровизација наспроти Доследност?​
-Доследна на сопствените смерници.​
Одбегнувам одбегнати одговори.​
Предизвик или Вистина?​
-Не сум страшливец. Предизвик, без двоумење.
-Разголи се.​
-Примамливоста на предизвикот е обратно пропорционална на леснотијата на чинот. Не знаеш?
-Не се сомневам. Разголи се.​
-Со задоволство сепак.
-Не.​
Не се соблекувај.​
Разголи се.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Загубениот ангел

Беше топло попладне. Иташе по ридот полн со мернмерни плочи. За неа тоа беа уште една причина да биде тажна. Не ги познаваше, а сепак сочувствуваше со нивните блиски. Знаеше како е да се изгуби некој толку близок. Зошто мораше толку рано да замине?

Повторно светнаа тие очи. Полни со љубов, скршени од болка. Не можеше да оди пнатаму. Едноставно, не можеше. Седна крај неговата плоча. Го погледна датумот длабоко исклесан. Да можеше да ги избрише тие проклети бројки.

- Плачам... – му пиша додека тој веќе го завршуваше вториот дел од приказната. Не можеше сеуште да и` одговори. Со резерва гледаше на се`, после сета онаа болка што му ја нанесе љубената. Таа замина без да каже збогум. Тој се заколна дека љубовта повеќе не постои.

Повторно и` се стркалаа неколку солзи. Ги бакна врвовите на прстите и ја допре плочата. Ја почувствува нејзината студеност. „Се сеќаваш кога ми пиша дека ти значам? Ах колку сакам да се вратам тогаш и силно да те гушнам.“ – низ насмевка ги ронеше солзите. Посегна по шамивчето за да си ги избрише очите. Мислите ја сопреа. Се сети на оној дождлив ден кога таа седеше склопчена зад аголот, скршена од болка.

Готово... Му раскинав.“ Тоа беа зборови полни со чувство на вина. Но како можеше поинаку? Нејзината некогашна љубов веке се претвори во жртва. Немаше никакви чувства кон човекот во кој веруваше. За последен пат посегна по неговата душа. Потоа се згрчи и замина без збогум. Деновите се претворија во недели, неделите - месеци. Таа го имаше заборавено сето она што го чувствуваше кон било кого. Се претвори во уште една тула во ѕидот. Индиферентноста и студот конечно завладеаја.

И нему му беше тешко. Не ја познаваше ваква. Веруваше дека под дебелиот слој мраз сеуште чукаше срцето на некогашниот сонувач. И` пишуваше често. Сакаше да ја оттргне од сите тие мрачни мисли. „ Таа заслужува далеку посреќен живот“ – си велеше во себе.

Повторно посегна по своето шамивче. Ги бришеше солзите од лицето додека патуваше во сеќавањата. Испушти плачлив извик. „Зошто... зошто мораше да заминеш тој ден? Та нели беше среќен тука, меѓу своите пријатели. Пријатели...“ – и` одѕвонуваше тој толку мил збор, а толку виновен за неговата болка.

„ Не знам што би правела без тебе – му рече додека тој ги бришеше последните траги од минатото. – Многу ми значиш и те ценам како пријател, како вистински пријател.“
Беше среќен. Пријателите тој ги гледаше со други очи. Ги имаше... неколку... два-три. Не веруваше многу во луѓето. Но имаше потреба нејзе да и` верува. Таа на некој начин допре длабоко во неговата душа. Чувствуваше се` поголема исполнетост со секое нејзино присуство.
„Кажи ми за тоа твое ново момче“ – ја праша додека сета облеана во ентузијазам му раскажуваше. Таа беше премногу среќна... а и тој.
Се присети на тој момент и сега. Најсреќниот за обајцата. Можеби... да не постоеше сета онаа хипокризија и извештаченост кај луѓето. Тој беше среќен. Но длабоко во душата тлееше жарчето на скршените сништа. Се затвори во себе, надевајќи се на денот кога жарчето ќе го испушти својот последен здив. Посегна по перото. Почна да води некаков безвреден дневник колку само да ги оттргне мислите од неа. Но беше предоцна. Таа веќе длабоко зачекори во неговата душа.
И таа беше присутна во приказната. Не можеше да ја изостави. Се викаше Луција. Обична девојка во сосема едноставна приказна полна со клишеа. Не и` кажа. Не сакаше да знае што чувствуваше токму во тој момент. Беше лесно ранлив Не сакаше да му се повтори истата епизода. Нe зnаеше дали ќе го прифати нејзиното одбивање. Подоцна ќе и пише.

Таа ги допре листовите хартија што вирееа во нејзината торба. Исто како да беа живи, како тој да и` ги шепотеше зборовите во уво, додека таа безгрижно се кикотеше. Го извади купчето и го стави на студениот камен.
„Раскажи ми ја повторно приказната“ прошепоти, завршувајќи со плачлив извик. „Ми се допаѓаше како секоја вечер те слушав додека ми шепотеше за искрената љубов. А сега кога...“. Запре.
Љубов... Кога последен пат имаше почувствувано како љуби искрено? Не беше тоа тогаш, кога го имаше човекот во кој веруваше. Го немаше ни сега. И` зачука срцето полно со болка. Не можеше да го љуби. Немаше чувства, толку чисти, толку невини. Ги загуби уште многу одамна.

„Те молам немој да се почувствуваш навреден или повреден, но не можам да ти ги возвратам чувствата со иста мера.“.
Тој не беше истиот човек. Таа сега го знаеше едниот и единствен мотив зошто тој и` пишуваше, зошто остана крај неа, зошто и` ја лечеше раната оној дождлив ден додека таа седеше склопчена зад аголот на собата. Тој неа ја љубеше.

„Престани да се однесуваш како да си ми маж!“
Не... Во ред беше што така изреагира таа. Тој едноставно не ги сфаќаше нејзините чувства. Неговата упорност често знаеше да ги премине сите граници. И` пиша дека ќе замине. Но едноставно не можеше. Сеуште немаше срце да ги остави сите оние чувства кои ги негуваше сето ова време. За прв пат, посака да не ја познаваше.

Ја собра сета светлина што зрачеше од него, сеќавајќи се на моментите кога шетаа тој ветровит ден. Посака да ја погледне земјата со неговите синозелени очи. Да ја почувствува сета таа љубов што беше присутна во неговото срце, сета таа возвишена топлина. Повторно го почувствува допирот на ангелот, кој изгубено талкаше во нејзината душа. Соништа без копнежи, полни со индиферентност и монотонија. Му пиша дека без разлика на се`, тој ќе и` остане добар пријател.

-„Едноставно чувствувам дека тука веќе нема перспектива“ – и` пиша, претчувствувајќи го крајот што се ближеше.
Се присети на денот кога за последен пат нивните погледи се сретнаа. Насмевката за која толку патеше, очи кои и` ја нудеа сета љубов и поддршка. За миг исчезна се`. Таа веќе не беше истата. Неговата болка конечно ги уништи сништата за кои се бореше последните година дена. Умре. Тој умре заедно со неа. Љубовта. Таа го отвори последното писмо. Ја чувствуваше неговата болка, неговата невозвратена љубов. Неговата смрт...

Најмила...
Не знам зошто по ѓаволите го пишувам ова писмо. Можеби затоа што сеуште постојат трошки од чувствата кои ги негував сево ова време, а сега се терам да ги заборавам. Верувај многу ми е тешко, посебно сега кога ја чувствувам љубовта како умира заедно со мене. Се обидов на било каков начин да ги зачувам сите оние прекрасни моменти, кои ме тераа да живеам од ден за ден. Но веќе љубовта е мртва. Имаше право. Едноставно не вреди да се бори за нешто што е минливо. Затоа не сакам повеќе да се гледаме. Бидејќи сретнувајќи те тебе, ја чувствувам истата онаа болка што ти ја чувствуваше кога го загуби оној кого искрено го љубеше. Заминувам што подалеку од ова место, што подалеку од сето она што ме потсетува на тебе. Те молам, потруди се на било каков начин да ме заборавиш. Продолжи го животот. Знам дека можеш, способна си. Ако некогаш наидеш на било што што те потсетува на мене, не му придавај никакво значење. И за крај... те молам... вети ми дека ќе ја најдеш љубовта од своите сништа. Нешто за што ќе вреди да се бориш, за што ќе ги допреш самите ѕвезди, ќе бидеш ангел кој го нема загубено компасот на животот.
Збогум засекогаш најмила.

Го виде и датумот на писмото. Се сети. Тогаш беше во прегратките на својата страст... Заслепеност. Колку тажно звучи. Да се биде ангел, загубен во сопствените сништа.

(Мај 2009)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Истуткана во својот перфекционизам на самокритика, стасав до шалтер за наплата на сопствената тврдоглавост. Нека е, дефинициите одамна ги потпишав со две раце и една нога
emoticon-0108-speechless.gif


Во вртоглаво инсиративна сензација, решен е митот околу теглата со слатко од јагоди. Чие е?
Мое или твое?
Не е важно.


Доволни се снопчињата излитена илузија дека функционираме во совршенство.
Не сакам и не можам да ги собирам стаклените парчиња од иконата што ја крстивме доверба. Јалови ми се.
Не сакам и не можам да бидам собрана во мала картонска кутија што ќе ме гуши, што ќе ми ги затвори хоризонтите на теориите на самосакањето. Ма, немој!


Борбата за доживување на нирвана ме изморува, кога се води на прашлив терен. Нејасен и замаглен токму од нашите луди лупања по неговиот грб, изгубен од мапата на вредности кои допираат во срж.

Мака ми е!
Кога сум уопрно силна и храбра, кога сум беспрекорно спокојна и тивка.
Мака ми е кога целам кон висини што не се одсликуваат во моите зеници.


И избувнав од лушпите, се прелеав во метафори и скриени пораки, а уствари само сакам да водиме љубов.
Напнат ден, напнати сме и ние.
А, страста ме упропастува перверзно страшно. И ме издигнува. И го чекам меѓу моите прсти. И ме љуби како избезумен јавач на апокалипсата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми, She and lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Дејство

Клик.
Изгаснати светла.
Будна тишина.
………
Овде е нулата. Почеток. Сега.
Сцената ни припаѓа нам.
Задржи се на дејството.
Ќе зборувам за сценографијата.
Главен елемент – ноќта.
Варијации на главниот елемент – избришани секакви ограничувања.
?
Ноќта е ноќ. Дефинирана. Дури и во замислувањата.
Напротив. Овде граници не постојат.
Ноќта е бесконечност. Определена со точно дефинирани параметри. Права со точка за почеток и точка за крај.
?
Противречност до максимум.
Збунета си.
Противречност? Воопшто.
Бесконечност собрана во определена рамка.
Неповторливо.
!
Бескрај во точка.
Вечност во определен временски интервал.
Ти и Јас.
Сцената ни припаѓа Нам.
……………
Непотребност – објаснување на дејството со зборови.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Животот-патување во еден правец


Живот...години, месеци, денови...што не се враќаат назад. Патуваш во воз со полна пареа кој нема сопирачка.

Денови и ноќи...светлина која боли и темнина која плаши. Денови минати во лага и неспокој...и искрени, мирни ноќи кои ги кријат моите чувства од светот..ноќи кои се сведоци за сите пролеани солзи.
Секоја измината ноќ носи нов ден, денот ја носи ноќта и се така во круг.

Барам љубов..искрена. Барам спас од cолзи, спас од тага и болка. Барам, но попусто. Постојано се вртам во лавиринт од кој не го наоѓам излезот. Го знае ли некој патот, може ли да ми го покаже?
Не..не постои таков! На овој суров свет ретки се тие што сакаат да ти помогнат, а и тие ко мене...не го знаат излезот.

Обидувајќи се да си изградам подобра иднина..само повеќе ја уништувам истата. Побарав спас во она што не требаше..го зедов жилетот во рацете. Се плашев од неговото сечило некогаш..а денес..денес тоа ми е најдобриот пријател...истовремено најголемиот непријател.
Се прашувам што е тоа „магичното“ што секогаш ме тера да посегнам по него кога и сама сум свесна дека тоа не е решение. Секој пат, секоја рана е се подлабока. Како можам да уживам гледајќи ја својата крв како извира на површината и ги облева моите раце..како можам да уживам уништувајќи се?
Бесцелно размислувам..
Повторно го зарив жилетот во мојата лева рака. Крвта повторно тече по неа, не запира. Повторно се чувствувам слободно.

Задлабочувајќи се во мистеријата на животот, откривам..се е време. Часовник кој отчукува, кој ги брои деновите до целта. А целта е толку мрачна што не знаеш дали повеќе би сакал да стигнеш до неа..или сепак да останеш овде. Некогаш сакам да дојдам до неа што може побрзо..некогаш се плашам. Се прашувам, каде ли таа ќе ме однесе? Ќе го најдам ли таму мирот што овде безуспешно го барам?
Зошто живеам, зошто страдам?..кога на крајот наградата ќе биде иста.

За се она што животот ми зеде ќе ја добијам смртта…последната дестинација од моето патување.​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Староста е разубавена од материјалното. Од постоењето на сигурноста. И двосмислено е тоа дека секој богат човек не е стар за девојката. Богатството е и разумот, чувството на сигурност кое се подарува на дама, разбирањто за проблеми и животни двосмислици.
Но колку и да е развратно тоа е реалноста. Самите луѓе направија материјаното да завладее во она што треба да биде бесценето и единствено. Секоја љубов е посебна, секоја страст минилива и секоја пара се кине. Пробај да си среќен и за леб ќе немаш. Стани богат и за почит ќе немаш ситно.
Девојката е она кое го краси постоењто на човештвото, го разубавува и она овенато цвеќе. Па тогаш зошто да не би се ценела таа нежност, таа грубост. Во нејзите очи можеш да ја пронајдеш секоја болка, секое треперење, можеш да се заљубиш и да го испразниш џебот. Бидејќи таа гледа низ призмата на она што го поседува, она што и се нуди. Исто како што и убавината не е битен фактор за љубов.
И се навраќаме на пак на старото да сакаш со амбиција и да љубиш со затворени очи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LadyInPink and cakar_ulav

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
паа да доказ е дека девојчињата секогаш го прават тоа
може не сите али поголемиот дел. Значи не зборам и за стари личности
кај нас да испаднеш и важи она имам пари,кола пушам малборо цигари или шо ти знам какви
пијам некој коктел јак фраер си сум сите женски тогаш се лепат на мене ( а немам ни 2 грама памет )
тоа е вистина шо го има во секој град.
Тоа за мене се девојки матријалиски што ја гледаат целта само во парите.За нив љубов непостои,чувства и почит спрема партенорт.
А и да незнам колку знаете ама има и машки матријалисти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena