1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Раскази - Хумор и Сатира

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од lady_blue, 4 март 2012.

  1. Grupa Seirdzii

    Grupa Seirdzii Староседелец

    Зачленет на:
    11 јули 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    81
    АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА


    ЧЕКАМ ДА МИ ЗАЗВОНИ ТЕЛЕФОНОТ.
    ДА МИ СЕ ЈАВИ ЦИПРАС ДА ПРАША ДО КАДЕ СМЕ СО ИМЕТО.
    ДА МУ КАЖАМ ДЕКА СМЕ БЛИЗУ СОЛУН.

    СО ЈУЖНИОТ СОСЕД ЌЕ ПОСТИГНЕМЕ КОМПРОМИС.
    ЗА МИР НЕМА ДА ПРЕГОВАРАМЕ.

    ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЗАЛАДУВАЊЕ.
    ДОБРА КЛИМА ЗА ОНИЕ СО ВЖЕШТЕНИ ГЛАВИ НА ДВЕТЕ СТРАНИ.

    ФЕНИКСОТ СЕ ИЗДИГНА ОД ПЕПЕЛТА.
    ЛЕГЕНДАТА НИКОГАШ НЕ КРЕНА ТОЛКУ ПРАШИНА
    КАКО КОГА КАЈ НАС СЕ ИЗДИГНА ОПОЗИЦИЈАТА.

    НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ВОВЕДЕ РЕФОРМИ.
    ЌЕ БИДЕ ТОА УШТЕ ЕДНА ШКОЛСКА ТАБЛА СО СУНГЕР И КРЕДА.

    ВО ПРЕСРЕТ НА РЕФОРМИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО,
    ВО МАКЕДОНИЈА ЗАВЛАДЕЕ ВИРУС НА СТРПЛИВОСТ.
    САМО ШТО НЕМА НИ ВАКЦИНИ НИ ДОКТОРИ ДА НЕ ЛЕЧАТ.

    НЕМА ПОВЕЌЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ.
    СЕ Е ИЗМИСЛЕНО ШТОМ ВЛАСТА ТОА ГО ТВРДИ.

    БЕШЕ УЛИЧЕН ПРОДАВАЧ НА ВЕСНИЦИ.
    КАКО ПРЕДВЕСНИК НА ВРЕМЕТО,
    ПРАВОВРЕМЕНО СТАНА ПОЛИТИЧАР.

    КАЈ НАС, КАМЕНОТ НА СИЗИФ
    Е КАМЕНТЕМЕЛНИК ЗА ЛЕСНО ИСКАЧУВАЊЕ ДО ВРВОТ.

    ЗА НЕЗАСИТНИТЕ,
    НЕУМЕРЕНАТА ИСХРАНА Е ДЕЛ ОД ПРИРОДНАТА СЕЛЕКЦИЈА.

    НЕ ЧУВ НИШТО НОВО.
    ЗБОРУВАВМЕ ЗА ОНА ШТО НИ Е ПИШАНО.

    ЧУДНО КАКО ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ
    НАОЃА ТОЛКУ ПОГОДНИ ЛИЧНОСТИ ЗА ПОЛИТИЧКИ КРИМИНАЛ.

    МАФИЈАШКИТЕ БОСОВИ ЈА ВОДАТ МАФИЈАТА ОД ЗАТВОР.
    И ПОЛИТИЧКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ВОДАТ ПАРТИЈАТА ОД ЗАТВОР,
    ОТКАКО ЌЕ ЈА ПРЕТВОРАТ ВО МАФИЈА.

    ОД ШТО СИ ЈА ЗНАЕМЕ ИСТОРИЈАТА,
    СО НОВОТО ИМЕ,
    НЕ ЌЕ ЗНАЕМЕ ШТО ПОПРВО ДА ИЗБРИШЕМЕ.

    ПРИЛЕПЧАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА.
    СО ТОА ЌЕ СЕ СТАВИ КРАЈ НА ПОГЛАВИЕТО:
    ФРАНКФУРТ НА МАЈНА – ПРИЛЕП НА ЛАЈНА.
     
    #101 Grupa Seirdzii, 11 јуни 2018
    Последна промена: 11 јуни 2018
  2. Grupa Seirdzii

    Grupa Seirdzii Староседелец

    Зачленет на:
    11 јули 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    81
    АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА


    КАКВА НЕСТАЛГИЈА ?
    СО ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ГО ДЕЛИМЕ
    ИСТОЧНОТО ОД ЗАПАДНОТО ВИЗАНТИСКО ЦАРСТВО.

    НЕ ТРЕБА ДА СЕ (РЕФЕРЕН)ДУМАМЕ.
    НИ ТРЕБА РЕФЕРЕНДУМ(ОКРАТИЈА).

    КОНЕЧНО ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ ВО 2025 ГОДИНА !
    НЕМОЈ ДА НЕ МИ СИКАЖАЛ !?

    ДОАЃА НАТО.
    НО КАКО ЌЕ СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО КОМИТИ И ВОЈВОДИ,
    НА ПРИМЕР КАКО ОНИЕ ОД ФУДБАЛСКИТЕ СТАДИОНИ.

    ИМА(МЕ) ИСТОРИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА.
    НЕМА(МЕ) ИСТОРИЈА ЗА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА.
    ТУКА Е НАШАТА ДИЛЕМА ПОМЕЃУ СЕВЕРОТ И ЈУГОТ.

    СО БУГАРИТЕ ТРЕБАДА ЈА РЕДЕФИНИРАМЕ ИСТОРИЈАТА.
    ВОСТАНИЧКИТЕ БОМБИ ОД 11 ОКТОМВРИ,
    ЌЕ ГИ РЕДЕФИНИРАМЕ КАКО ВОЗ СТАНИЧКИ БЕЗ ВОЗЕН РЕД.

    И МЛАДИТЕ СЕ ЗА СМЕНА НА ИМЕТО.
    ТИЕ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ЗА СМЕНА НА БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ.

    ПОЛИТИЧКИТЕ ЕЛИТИ ИМАА ЗАЕДНИЧКА ПРОСЛАВА.
    ЗАРАДИ ТРАНСПАРЕНТНОСТ,
    ОБЈАВЕНО Е ДЕКА СЕ БЕШЕ ПИЈАНО, КЛАВИР, ШОПЕН...

    ПОКРАЈ ДУХОВНОТО, НА ЦРКВАТА И ТРЕБА И СВЕТОВНОТО.
    НА ПРИМЕР, (О)СВЕТИТЕЛИТЕ ОД ВЛАСТА, СУДСТВОТО,
    ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ...

    ОД СИТЕ ПРИРОДНИ РЕСУРСИ,
    НАЈПОВЕЌЕ КОРИСТИМЕ ПРОМАЈА.
    ОНАА ШТО НИ ДУВА МЕЃУ УШИ ДУРИ СЕ ДУМАМЕ.

    СЕ БОРИМЕ ЗА НАШИТЕ КОРЕНИ.
    АКО СЕ ОНИЕ ОД КОИ ЈАДЕМЕ ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕМЕ,
    ТОА СЕ ПОВЕЌЕ ЛИЧИ НА МАКЕДОНСКА САЛАТА.

    ПРЕПОРАКА ДО СИРОМАШНИТЕ ГРАЃАНИ.
    КРАДЕТЕ МАРГАРИН, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЌЕ ВЕ АМНЕСТИРА,
    ОД ПОТРЕБАТА ЗА КОНЗУМИРАЊЕ ХРАНА.

    АНГЛИСКИОТ ЌЕ БИДЕ ПРВ, АЛБАНСКИОТ ВТОР ИЗБОРЕН ЈАЗИК.
    ТРЕТ ЈАЗИК ЗА РАСЧИСТУВААТ СМЕТКИ ЌЕ СЕ БИРА ПО ЧАСОВИ.

    САМО ШТО СО ОВАА ВЛАСТ ХУМОРИСТИТЕ ЗАДРЕМАА,
    ФАЛА БОГУ СЕ РАЗБУДИ ОПОЗИЦИЈАТА – СМЕА ДО КОРЕА.

    ОБЈАВЕНИТЕ НЕКРОЛОЗИ ВО ВЕСНИЦИТЕ ПОТСЕТУВААТ:
    ИСЕЛУВАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА СО НЕСМАЛЕНО ТЕМПО.

    ДО ПРИЕМОТ ВО НАТО,
    ДА ЈА СМЕСТИЛ МАКЕДОНИЈА ПО НА СЕВЕР.
    ВО ФРИЖИДЕР ЗА ДЛАБОКО ЗАМРЗНУВАЊЕ. - ДА НЕ СЕ РАСИПЕ.

    ДАЛИ ПРИЛЕП Е УШТЕ ГРАД ХЕРОЈ ?
    ДА !? ПИЈАТ САМО ПРИЛЕПСКО ПИВО,
    И Е . . Т СЕ ЖИВО.
     
    На pozdrav eden topol му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Grupa Seirdzii

    Grupa Seirdzii Староседелец

    Зачленет на:
    11 јули 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    81
    ДАЛИ СПАЛНАТА ТРЕБА ДА ИМА УШИ

    Заради слабата звучна изолација меѓу становите, се што се случува кај некој сосед,
    како да се случува кај сите окулу нив. Се слуша кога се караат и мират, кога плачат и
    се смеат, но често, за оние премногу љубопитните, зад тенките зидови како да се слушаат
    и притаените еротски звуци на занесените љубовници.
    И така, еден ден, ми звони еден комшија на вратата, и, ни срам ни перде, ми вели дека
    јас и жената сме биле непристојно бучни од нашата спална соба, и дека треба да поведеме
    малку повеќе сметка за тоа. Да ми речеше било што друго одма ќе се извинев, ама ова беше
    како гром од ведро небо. Аман бе комшија, му велам, зарем на овие години да ме резилиш
    за такви работи !? Да, да, револтирано ми се обраќа, креветот ви крцка цел ден, крц-врц,
    крц-врц, се слуша низ цела зграда, срамота е’. А-у, ха-ха, викам и се смеам, абе комшија, во
    ова е работата, жената вежба стомачни мускули на една фитнес справа, оттаму крцкањето.
    Комшијата малку како да се збуни, ама пак продолжи. А кога на цел глас страсно воздивнува,
    оф, оф, тука, тука, е сега ме погоди, и за тоа ќе најдеш оправдување. Не бе приателе, го убедувам,
    тогаш со пепељара и го масирам грбот на жената. Ти мене ќе ми фрлаш пепел в очи, ми вика,
    а што беше тоа кога пред некој ден хистерично врескаше, одназат клајго, однапред клајго, не е
    убаво, деца врват. Абе комшија, слушај ваму, се трудам да му објаснам, тогаш бев качен на една
    скала и местев пердина, а жената одоздола туку вика, вака клајго, онака клајго. Море ајде, знам јас,
    иронично се смее, а на што личеше ова денеска, сега под турниго, сега под извајго, турниго, извајго.
    И ако со трпението бев при крај, учтиво му објаснив дека денеска готвев ручек, па жената, оти
    малку подзаборавам, на неколку пати ме потсетуваше да го помрднам капакот од тенџерето да не
    претечи манџата.
    Не знам уште колку работи ќе ми кажеше, ама пред да му ја треснам вратата, му реков дека
    токму тој треба да си поведе сметка за својата спална соба, оти, како што се зборува на окулу, и
    оттаму се слушале еротски звуци, само што тоа не бил неговиот глас.
    По сиот овој разговор, единствено што можев да заклучам е дека нашиот комшија нашироко ја
    разбранувал својата бујна фантазија, а што е уште полошо, сигурно не изоставил да ја разбранува и
    имагинарната интригантност на соседите окулу нас, а и пошироко.
    (Секоја ноќ имагинарни крави
    доаѓаат и стојат до нас во собата
    и зјапаат во нас со разочарани очи.
    Тоа се кравите на срамот.
    Нема да се предадат.
    (Поетска песна (секоја ноќ имагинарни крави...), Селима Хил))
    Се свртив. Зад мене стоеше жената, насмеана, ведра и секогаш спремна и расположена и на овие
    години да си играме зет и невеста. Во занесот, како и обично, повторно ќе си шепотиме, потивко,
    потивко, да не’ не слушнат.
    Бујната фантазија на комшијата треба да проработи кога не нема.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Grupa Seirdzii

    Grupa Seirdzii Староседелец

    Зачленет на:
    11 јули 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    81
    АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА


    НЕКОИ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ ЗА ИДЕЈАТА,
    ВОЈСКАТА НА СПАСОТ ДА ГО ИСПИЕ ОТРОВОТ ЗА СПАС НА ДРЖАВАТА,
    МОЈ ПРЕМУДАР СОКРАТЕ.

    РЕФЕРЕНДУМСКОТО ПРАШАЊЕ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ДВОСМИСЛЕНО.
    НИЕ ЗНАЕМЕ ДА ОДГОВАРАМЕ САМО НА БЕЗСМИСЛЕНИ.

    ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ СЕ ЗАСТРАМИЛ ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР.
    ЌЕ КРЕНЕЛ РАЦЕ ОД МЕЧОТ.

    ПРВО АМЕНСТИЈА, ПА ТРАВЕСТИЈА.

    ПО ПЛАСТИЧНО ИНСПИРАТИВНИОТ ГОВОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ,
    НАМЕСТО (МЕЧКИ(Н)) КАМЕН, ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ОД БЛИСКУ ДOАЃАА.

    ТВРДОКОРНИТЕ УДИРААТ СО ГЛАВА ВО ЗИД,
    А БАШ СЕГА МОМЕНТОТ Е ПРЕЛОМЕН.

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДА ГИ АМНЕСТИРА „ПРЕДАВНИЦИТЕ“,
    СЛОБОД(ОУМ)НО ДА ИЗЛЕЗАТ НА РЕФЕРЕНДУМ.

    СЕВЕР(НА) НЕ Е СИБИР.
    НИЕ ПРЕД ТОА НАУЧИВМЕ ШТО Е ГУЛАГ.

    МИТОТ ГО РЕШИВМЕ СО КОМПРОМИС,
    НО, КОГА ОД КОМПРОМИСОТ ЌЕ СЕ НАПРАВИ МИТ,
    СЕ РАЃААТ НОВИ БОЖАНСТВА.

    НА ПАТ Е ДА ОЗДРАВИ.
    КОНЗУМИРА ПО ТРИ ПОЛИТИЧКИ ИМУНИТЕТИ ВО СЕКОЈ МАНДАТ.

    ЛЕАМ СОЛЗИ ЗА ТАТКОВИНАТА,
    ЗА НА ТАТКО ВИНАТА ВО ИСТОРИЈАТА.

    АКО НАРОДОТ БЕШЕ ПАМЕТЕН,
    И ВЛАСТА ЌЕ НАУЧЕШЕ НЕШТО.

    НЕ САМО ШТО СЕ ДЕЛИМЕ.
    МНОЖИМЕ И СИРОМАШТИЈА.

    ТРАНСПАРЕНТНОСТА СЕ УЧИ И ОД БИБЛИЈАТА.
    НЕМА ТАЈНОСТ НИ ЗА ТАКВИ НЕШТА КАКО ШТО Е ТАЈНАТА ВЕЧЕРА.

    ВОЛОНТЕРИ СОБИРААТ ЃУБРЕ !?
    НЕКА НУРНАТ ВО ТОЈ НАЈСКАПОЦЕН ЕЛЕМЕНТ НА БЕЗДОНМНИЦИТЕ.

    ОЧЕКУВАМ ДРЖАВАТА И МЕНЕ ДА МЕ ЗАШТИТИ.
    ПО НЕКОЛКУТЕ СУДСКО-ПОЛИТИЧКИ РАЗВРСКИ,
    ТОЛКУ МНОГУ ТЕЛОХРАНИТЕЛИ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА.

    НЕМАМ ГРИЖА НА СОВЕСТ.
    ДЕЛАМ БЕЗГРИЖНИ СОВЕТИ.

    СЕ МУ ПОМИНА НИЗ ГЛАВА,
    ДОДЕКА СЕ СЕТИ ДЕКА ТОА Е КУРШИМ.

    ЉУБОВНАТА ПЕРНИЦА ЌЕ МОЖЕ МИРНО ДА СПИЕ.
    ОТСЕГА МЕМОРИ ПЕНАТА ЌЕ ПАМТИ КОГА СОПРУЖНИЦИТЕ
    ПОСЛЕДЕН ПАТ БИЛЕ ВО ПРЕГРАТКА.

    АКО НЕ УСПЕЕТЕ АФОРИЗМОТ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО ЦЕЛОСТ,
    ОБИДЕТЕ СЕ ВО ЕДНА РЕЧЕНИЦА.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Grupa Seirdzii

    Grupa Seirdzii Староседелец

    Зачленет на:
    11 јули 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    81
    СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ

    Од мојата музичка биографија.

    Имав професорка по клавир,
    госпоѓица М. , немажена,
    далеку прочуена по строгост во својот такт,
    дури и црно белите дирки трепереа од страв,
    а жиците од нервна напнатост ќе испукаа,
    кога таа ќе спискаше цис, па фис, и тогаш,
    дурските повисилици драмски го маршираа својот победоносен марш,
    а молските снизилици во легато ги следеа милостивите погребнички,
    пази на лева !
    ќе прозвучи дречлив тембр кога нотите се тркалаа низ прсти,
    крешендо десна !
    ќе гестикулира покрети на глувиот композитор небаре се крешендо.
    Кога кај нејзе се оди на час,
    ако немаш навежбано,
    подобро обесисе пред врата,
    отколку да влезеш внатре,
    оти кога ќе излезеш,
    секако ќе се обесеш.
    Јас сум еден од ретките останат, од малолетничка класа,
    кој сеуште се искачува по клавијатурата до врвот на кодата,
    влечејќи го врз себе товарот на ненавежбана етида,
    спремен да се обесе на секоја цртичка шеснајстинка,
    чим стилската фигура отстапи од анализата на музикологот.
    Тоа беше мојата професорка по клавир,
    госпоѓица М. , немажена,
    нај заслужна за мојот жив мизички талент.

    Програм:
    Бах, Моцарт, Бетовен,
    и други мртви композитори,
    кои пред мои очи умираа од страв,
    да не и згрешат на госпоѓица М.
    Сала: СКАЛА (не миланска), први кат во школото.
    Почеток: 19.30 ч.
     
    На Outrider и Ballet is my life им се допаѓа ова.
  6. Grupa Seirdzii

    Grupa Seirdzii Староседелец

    Зачленет на:
    11 јули 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    81
    АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА


    ЛЕСНО ЌЕ ГО ПРЕБРОДИМЕ РЕФЕРЕНДУМОТ.
    НЕ ГИ ЗНАЕМЕ СИТЕ ОДГОВОРИ, НО ГИ ЗНАЕМЕ СИТЕ ПРАШАЊА.

    ЗА ИМЕТО,
    ПОМЕЃУ ТЕОРИЈАТА НА ЗАГОВОР И ТЕОРИЈАТА НА ЕВОЛУЦИЈАТА,
    НАРОДОТ, ТЕОРЕТСКИ, ПОВЕЌЕ САКА ПРАКТИЧНО РЕШЕНИЕ.

    СТАВОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА Е ЈАСЕН:
    САКАМЕ ВЛЕЗ ВО НАТО, НАТО НА САКАМЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ПАРТИЈАТА.

    УСПЕШЕН КОМПРОМИС Е КОГА СИТЕ НЕТИСЕ НА БРОЈ.
    КАЧИ ДЕСЕТ, СЛЕЗИ ДЕВЕТ.

    ГО ИМАМЕ СЛЕПИОТ ВОДАЧ (РАДОЈЕ ДОМАНОВИЌ, „ВОЏА“).
    НИШТО ПОМАЛКУ НЕ Е НИ НАШИОТ ВОДАЧ НА КОЛЕНА.

    ПОЗНАТИ СМЕ КАКО ФРАНЦУСКА САЛАТА И ЈАБОЛКО НА РАЗДОРОТ.
    СЕГА, СО РЕФЕРЕНДУМОТ, НАМЕСТО НА СВЕТОТ ДА МУ ЗГОТВИМЕ ВКУСНА
    ТУРЛИ ТАВА, НЕКОИ СПРЕМААТ ТУРНИ ТАВА.

    НАШЕТО ИСКАЧУВАЊЕ ИМА ПОЗИТИВЕН БИЛАНС.
    СЕГА СМЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ПА НА СЕВЕР ОД КОНТИНЕНТОТ,
    ПА СЕВЕРНА ХЕМИСФЕРА; СТЕ ВИДЕЛЕ ПИНГВИНИ !?

    ДЕКА И ХЕРОИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ТРАГИЧАРИ,
    ЗНАЕМЕ КОГА И СО ЖРТВА НА ФИГУРИ СЕ ПАЃА ВО ПАТ (О)ПОЗИЦИЈА.

    ОД МОНОТОНИЈА, ПРЕМИНАВ НА АНАТОМИЈА.
    СЕ ФАТИВ ЗА МОТИКА.

    И БОГ СЕ ДОБЛИЖИ ДО ТЕОРИЈАТА ЗА ЕВОЛУЦИЈАТА.
    ОТКАКО СЕ СЛУЧИ ОНА,
    АДАМ ГО НАРЕЧЕ МАЈМУН ОТИ НЕ ГО ПОСЛУША.

    НЕ БИЛО КАКО Е ПИШАНО !?
    ГОСПОД САМО ЗАОКРУЖИЛ НА 100,
    ДРУГОТО Е ВАШЕ.

    СИЗИФ ГО ТУРКАЛ КАМЕНОТ.
    ЗА ТАКОВ КАМЕНОЛОМ, КОНЦЕСИЈА СЕ ДОБИВА ОД ВРВОТ.

    СЕЛСКИОТ ТУРИЗАМ ПРОПАДНА.
    ИЛИ, КРСТЕТЕ ГО КРУЗЕР, ПА ДА ВИДИМЕ.

    СЕКОМУ ТРЕБА ДА СЕ ДАДЕ ВТОРА ШАНСА.
    СЕКОГАШ КОГА ПО ВТОР ПАТ ПРОВЕРУВАМ
    ДАЛИ СУМ ЈА ЗАКЛУЧИЛ ВРАТАТА, ПАМТАМ.

    ГОВОРОТ НА ОМРАЗА Е НАШЕТО
    НАЈ (А)ФИРМАТИВНО ЛИТЕРАТУРНО ЖАРИШТЕ.

    ИМАМЕ ОДЛИВ НА МОЗОЦИ И ОДЛЕ(Т)АНИ МОЗОЦИ,
    КОГА ЧАВКИТЕ УМОТ ЌЕ ИМ ГО ИСПИЈАТ.

    ПОМИНА ВРЕМЕТО НА НЕЗНАЈНИ ЈУНАЦИ.
    СЕГА И МАСОВНИТЕ ГРОБНИЦИ ГИ ИМЕНУВААТ ПО НИВНИТЕ ИМИЊА.

    МЛАДИТЕ НЕ ГО ПОЗНАВААТ ДОВОЛНО СВОЈОТ МАЈЧИН ЈАЗИК.
    ГО УЧАТ ОД АНГЛИСКИ ПРЕВОД.

    НАШИОТ ЈАЗИК Е ЕДИНСТВЕНА НАША ДОМОВИНА.
    АКО СЕ ЖИВЕЕ САМО ОД ЗБОРОВИ.
     
  7. Grupa Seirdzii

    Grupa Seirdzii Староседелец

    Зачленет на:
    11 јули 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    81
    НЕКОЛКУ СТИХОВИ НЕОБВРЗУВАЧКИ

    Јас викам бојкот за ЕУ и НАТО,
    децата викаат зар не ти е срам бе тато,
    жената вика пари, пари, да го допрајме спрато,
    кренав глава и за Европа го фатив пато.

    Јас сум еден од фалангата од пред н.е.,
    остаток од сакатената (во умот) војска
    на Александар од плоштадот во метрополата,
    сакам да кажам, се туширам со студна вода,
    Хунзите ми се рода.

    Алал му вера на водачот наш,
    во дијаспората папа и се и сешто кака,
    се бутка за името безимено како да е само негово,
    последниот македонски мохиханец хорхе,
    главечки како дрвен микрофон во ОН, како да не е он.

    Во чудо свикав АУ,
    заради оние што не сакаат да изговорат ЕУ,
    ќерките и синовите за пари ги пратија таму,
    а името ќе го бранат ваму,
    на крајот сите да останеме ни ваму ни таму.

    Во небрано се најдов со зетот мој,
    оти партиски ќе бојкотира тој,
    море ќе гласам за внучињата на дедо,
    да бидат во друштвото со ЕУ и НАТО,
    за иднината нивна ебате тато.

    Ќе гласам на референдум ЗА,
    ќе го дадам името мое и твое и било кое,
    нема да ми замрзне срцето од Северна,
    Македонија секогаш ќе ја чуваме достоинствена и верна.
     
  8. Grupa Seirdzii

    Grupa Seirdzii Староседелец

    Зачленет на:
    11 јули 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    81
    АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И РЕФЕРЕНДУМОТ


    Референдумот пропадна, но,
    Преспанското езеро е премногу плитко за да се удави.

    А бре Македонче, каде се спремаш !?
    Одам да бојкотирам.
    Борба да водиш, борба за слобода !?
    А, не !? Борба за слобода сега се води со седење дома.

    Да не беше бојкотот на опозицијата,
    немаше денеска убаво да си седиме дома.
    Ќе бевме кој знај каде, на пример во Европа.

    Да се престани со тоа дека сме библиски народ !?
    Атеистите бараат референдум.

    Во пресрет на новите избори,
    власта вети дека ќе изгради нови археолоши локалитети
    за нашето славно минато кое ... и т.н. и т.н.

    На Русите им ја испративме кирилицата.
    Сега, со истата кирилица ни испраќаат пропаганда.
     
  9. Grupa Seirdzii

    Grupa Seirdzii Староседелец

    Зачленет на:
    11 јули 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    81
    АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

    Во некои идни преговори,
    за Централната Балканска Дупка,
    ќе биде невозможно да се најде име со географска одредница.

    Само што се навикнавме на името Северна Република Македонија,
    пак треба да се вратиме на старото античко име Република Македонија.

    Требаше да ги чуеме резултатите од референдумот,
    за да ја дознаеме точната бројка на граѓани кои беа фатени на спиење.

    Подобро вака,
    отколку кога ни ја цртаа географската одредница на салфетка (се сеќавате, не’).

    Дојде ред Солунските атентатори да ја минираат и сопствената држава.
    Не филмски. Како вообичаен римејк од нашата историја

    Светлината на крајот од тунелот не е секогаш клиничка смрт.
    Тоа е во врска со нашето сегашно „блиц круг“ парламентарно разместување.

    Од фамилијарните стебла, за власта,
    најпогодни се оние за шупелка.

    Купив часовник кој се движи према теоријата на релативноста.
    Сказалките на моето време да не одат побрзо од пет до дванаесет.

    Ќе речевме „мрц“, и работата беше завршена.
    Сега удираме клик, работата нема кој да ја заврши.

    За некои нерешливи математички проблеми
    некогаш е потребен само еден афоризам.
    Решението е во парадоксот.

    Да пљунат, ќе се удавиме.
    Ама тие не плукаат.

    Дијаспората не ја прифаќа додавката северна.
    Подеднакво ги љуби сите четири страни на светот каде се разбегаа.

    Одма за своја би избрал друга држава.
    Само уште да се одлучам помеѓу неколку партизирани.

    Убаво е што се издигнавме во одбрана за името,
    да не беше длабокото каење дека сакаме, ама да не ни влези.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  10. grupa serigii

    grupa serigii Нов член

    Зачленет на:
    9 декември 2018
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    1
    АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И (другата страна на) ВИСТИНАТА


    Ги барав нашите Македонци во антиката.
    Горе долу ги најдов: што на север, што во судница, што пред Собрание...

    Ширењето на Хелинизмот заврши.
    Македонците се признати.

    Да е тука Александар, би ги прашал нашите команданти:
    „Сакате да ви судам на македонски кој не го разбирате,
    или на јазикот на омразата со кој зборувате“.

    Од античкиот и старословенскиот јазик
    произлезе современиот македонски говор на омраза.
    И Северна Република Македонија.

    Александар не поттикнува да му се спротивставиме на НАТО.
    Ако бронзата издржи пред налетот на осиромашениут ураниум.

    И Александар се соочил со предавници.
    Сите кои биле против да ја напушти татковината и го освои светот.

    Александар Македонски.
    Бивш Александар Македонски.
    Северен Александар Македонски.
    Со или без додавка, Александар е еден - Македонски.

    Областа Македонија порано го носела името Ематија.
    И двете сега ги заматија.

    Македонското јаболко на раздорот,
    преспанското јаболко,
    јаболкото од Едемската градина,
    сето тоа на пазарот на историски вредности – три кила за сто.

    Со Уставот да се забрани секаква револуционарна борба.
    Само така ќе се ослободиме од нашето вековно историско ропство.

    Не го сменивме името.
    Само другата страна на вистината.
     

Сподели: