Рандом факти за мене

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Да не треба и вовед? :D

Ај да почнам. Да се исфалам од старт, нели, да ми љубоморите. (nod)

- Поради повреда, на левото уво сум некои 60% наглува (ама затоа перфектно слушам бас), па кога шетаме со џубрето slb_bobo кој пак е наглув на десното уво, или ечи пола град, или мора да менуваме страни. :D
- Речиси сите членови во потесна фамилија ми се на некој начин поврзани со музика, па од мали нозе сум „приморана“ да се занимавам со истото. Ко резултат на тоа, денес знам да свирам пи(ј)ано, флејта, продрндувам нешто на гитара и пеам под туш.
- Ко мала, неколку години имам пеено и на фестивалчиња, ама сета среќа што не ме знаете. :D
- Првиот млечен заб сум го скршила од ќуп, бегајќи да не ме тепаат оти сум го плеснала тетин ми по келајца со пластично гребло. Сред ручек. :zelen
- Имам квачено јајца ко мала.
- Огромен инат сум. Светот ќе го превртам, ама ќе истерам по мое (кога сум сигурна дека сум во право), затоа и ме неќат. :place
- Презаштитнички се однесувам спрема оние што ми значат, и речиси секогаш им ги преземам грижите/проблемите/било што, на свој грб. Неретко се заебувам правејќи така или испадне погрешно, па пак јас се чувствувам виновно. Лоша, многу лоша навика.
- Имам фобија од крв, вени и игли, затоа од мене никогаш не би станал успешен наркоман.
- Бивша кошаркарка и балерина (модерен балет де, ако може да се наречам балерина со тоа)
- Иако сум родена во 90тите, константно сум „заробена“ во 80тите.
- Сум ги знаела азбуката и основна математика на 15 месеци. Иронично, од тогаш немам постигнато голем напредок со/во математиката. :D
- Имам пасија т.е. некој вид опсесија спрема психологија и истражувања за натчовечки моќи.
- Имам блага форма на дислексија, затоа некогаш ми треба многу време да напишам нешто, оти по неколку пати препрочитувам дали е правилно напишано.
- Делувам мирно и трапаво, но знам доста добро да тепам.
- Во контекст на погорното, солиден стрелец сум. Да, и со вистински пиштол. :giggle
Бонус: Знам дека многумина ги нервира зборот “рандом“.

Доста е засега. Последново се исфалив за да не ме дирате. (smoke)
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Да не треба и вовед? :D


- Првиот млечен заб сум го скршила од ќуп, бегајќи да не ме тепаат оти сум го плеснала тетин ми по келајца со пластично гребло. Сред ручек. :zelen
- Имам “квачено“ јајца ко мала.

- Во контекст на погорното, солиден стрелец сум. Да, и со вистински пиштол. :giggle

Ме изнасмеа еј жими се` хахахахах :D
И јас сум добар стрелец со пушка, ќе падне пукање некогаш аа (happy)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coelho and Electra

Marinna

Староседелец
13 април 2012
119
160
1,043
Да не треба и вовед? :D

Ај да почнам. Да се исфалам од старт, нели, да ми љубоморите. (nod)

- Поради повреда, на левото уво сум некои 60% наглува (ама затоа перфектно слушам бас), па кога шетаме со џубрето slb_bobo кој пак е наглув на десното уво, или ечи пола град, или мора да менуваме страни. :D
- Речиси сите членови во потесна фамилија ми се на некој начин поврзани со музика, па од мали нозе сум “приморана“ да се занимавам со истото. Ко резултат на тоа, денес знам да свирам пи(ј)ано, флејта, продрндувам нешто на гитара и пеам под туш.
- Ко мала неколку години имам пеено и на фестивалчиња, ама сета среќа што не ме знаете. :D
- Првиот млечен заб сум го скршила од ќуп, бегајќи да не ме тепаат оти сум го плеснала тетин ми по келајца со пластично гребло. Сред ручек. :zelen
- Имам “квачено“ јајца ко мала.
- Огромен инат сум. Светот ќе го превртам, ама ќе истерам по мое. Затоа и ме неќат. :place
- Имам фобија од крв, вени и игли, затоа од мене никогаш не би станал успешен наркоман.
- Бивша кошаркарка и балерина (модерен балет де, ако може да се наречам балерина со тоа)
- Иако сум родена во 90тите, константно сум “заробена“ во 80тите.
- Сум ги знаела азбуката и основна математика на 15 месеци. Иронично, од тогаш немам постигнато голем напредок со/во математиката. :D
- Имам пасија т.е. некој вид опсесија спрема психологија и истражување за натчовечки моќи.
- Имам блага форма на дислексија, затоа некогаш ми треба многу време да напишам нешто, оти по неколку пати препрочитувам дали е правилно напишано.
- Делувам мирно и трапаво, но знам доста добро да тепам.
- Во контекст на погорното, солиден стрелец сум. Да, и со вистински пиштол. :giggle
Бонус: Знам дека многумина ги нервира зборот “рандом“.

Доста е засега. Последново се исфалив за да не ме дирате. (smoke)
ѕвер си бе :)))
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
-Како мала, често цртав голи жени у детско креветче, а да ме прашате зашо поима неам :D
-Па така,сум и љубител на уметноста, а тоа се подразбира секаков вид на уметност.
-А сепак сакам да работам и како психолог, преведувач, тестер на игри, тестер на јадења, тестер на авиони,коли, некои чудни машини..
-Од 5-6то одделение почнав да играам игри, а почнав со Age Of Empires на некое време, а после World of Warcraft.. а за натамуу... да не праеме муабет поарно! :D
- Многу често ми доаѓаат рандом мисли, шо не ми се никако поврзани со тема на муабет, а и често знам да ги изговорам :giggle
-Ако златната рипка забрава за 3 секунди, ја имам тенденција да забравам за 0,000000001 наномикро-не знам какви веќе-секунди.
-Тие шо се со мене почесто, пожелно е да си носат штитници одоколу, не за друго, често знам несакајќи да испоударам некој, па и самата пред се.. И да, често се сопнувам и бутам кога одам.
-Некогаш знам да бидам толку упорна за нешто, толку тврдоглава, а во спротива па некогаш и многу попуштам.
-Јас пак сум уживател во музиката. Обожавам да уживам во музиката шо ја слушам.
-Хемија, физика и математика сум толку тапа. Ако ме интересира физиката и хемијата доста, ама немам некој поттик да почнам од некаде. Еднаш му имам кажано на професорот по хемија: „Знам хемија колку кафе да си сварам’’ :D

Богами рандом беа овие факти :^) :D
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
  • роден додека некој 18 годишник умирал во прилепската болница
  • немам слепо црево
  • порано сум имал насмеана фаца, сега сум мртов озбилен
  • слушам исклучиво романска музика
  • Омилена игра ми е GTA Vice City
  • омилен предмет географија (на времето)
update:
  • пијам чај само од нане и камилица (боливач). Секогаш без шеќер.
  • Апчињата не ги голтам, само ги грицкам (puke)
  • ретко се бричам (ме мрзи)
  • инаетчија
  • слушам музика само на слушалки
  • кога имам голема коса, таа самата се витка :) и ме нервира
  • во последно време често пцујам, нервозен сум.
  • срамежлив сум
  • идиот сум
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Ако си напишам за себе на темава, ќе помислите дека Чак Норис ви е форумски другар, али ај ќе пробам некако.
Јас како Електра не сум наглув ама зато сум наглуп:zelen не бе ве заебавам... одличен дечко со примамливи перформанси кој кога се искажува преку говор, многу почесто ја користи долната глава наместо горната. Демократ во својот живот, тоа е докажано преку целото бурно минато и сите поминати пороци и будалаштини - бунтовник што би кажал Тони Михајлоски.
Преку недела во работните денови не практикувам да се искупувам низ кафани...терам некој пристоен живот - работа , теретана, кафе- мафе, форуми... а кад суботу народњаци доџу, ја на врату откачим кравату, па изведем себе и госпоџу, и понесем целу своју плату...односно излегувам во 11, и во 45 до 12 сум поднапиен, а во 30 до 12 сум мортус... и едно неделно утро кога станав разбрав дека сум фатил женска, Митко се викала.:zelen Да се плесни нешто , па макар и женско.:zelen
Во врска со љубовниот живот, делувам како детергент, брзо , ефикасно, влегувам длабински и не оставам траги- овој ритам го практикувам повеќе од 1 година а пред тоа бев малку попримерен си имав девојки за озбилно, но осеќам дека се ближи периодот за повторно сталожување во оваа област и прекин на сите неморални контакти. ;)
Во областа на сериозност и посветеност кон работата, одсекогаш сум функционирал безпрекорно, се трудам за најдобри резултати и успеси, од кои после толку многу турболенци, мислам дека конечно стапнав на стабилна нога - се искачив на повисок левел на пиедесталот наречен борба за поквалитетен живот.:) За поконкретни амбиции и идеи сакам многу да зборувам, ама знам дека на никој нема да го интересираат моите бизнис планови, затоа ќе си преќутам:zelen
Најлошата особина која ја поседувам е - глумење склероза пред муштерии или луѓе од типот на кои сум им закажал термин а не сум бил во можност да го реализирам од одредени причини... и многу често измислувам глупави причини да се оправдам, но некако слабо ми иде лажењето... али ко му јебе матер, се ќе биде само без нервоза:zelen
Имам чудна моќ. се што ќе ми падне на памет, по извесен период ми паѓа во раце- тврдоглав, упорен и инает чоек.:cool:
Самоувереноста и самодовербата ја стекнав еднаш преку еден говор на бабами : Ти си внучко најубав на светот... од тогаш сите замислувам дека ми се баби и го делат истото мислење.:zelen
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
  • Прва држава која ја посетив беше Бугарија и скоро секоја недела одев таму. Исто и Бугарски научив уште од мала.
  • Како мала си играв многу со коцки и барбики. Барбиките межусебно се “сексаа“ и послето беа “бремени“.
  • Многу сакав да имам куќа за кукли.
  • Дома не ми дозволуваат да чувам домашно милениче. |-(
  • Одев на кошарка, одбојка и модерен и хип хоп балет и за ништо не ме бива.
  • Пеев ( многу “убав“ глас имам) со Борис Трајанов.
  • Млекото го пијам само со Несквик.
  • Обожавам да готвам.
  • Го имам расипано ТВ и се правев ко да сум од Марс.
  • Полесно ми е да си ги искажам на Англиски.
  • Знам се спојувам жици, да лемам, да си поправам по дома.
  • НЕ го сакам градот каде што живеам.
  • Со брат ми во денот мора да се скараме.
  • Поголемо дете сум од него.
  • Многу тешко заспивам, а па ако треба да спијам некаде во хотел или кај некои роднини цела вечер ќе се будам.
  • Инат сум.
  • Во градинка учевме како се трба да се кажува на мајката, како мајакта повеќе ќе не разберела, и се се вртеше околу мајката. А јас па скав така да се пишува за татковците, и кога трeбашe да се пишува и црта нешто за мајка, ја се тато си го цртав.
  • Не сакав брат ми да се роди.
  • Кога брат ми се роди бев многу љубоморна. И тој период татко ми го викав Гарѓи. :rofl
  • Многу сакам машки со брада.
  • Исто како помала идоли ми беа Калиопи и Ребека.
  • До сега сум имала само 2 единици за кои моите никогаш не дознаа и ги поправив.
  • Мразам кога некој ми кажува што треба да правам, и прашањата од мама : -Како денес во школо? - По што те испрашаа?и -Ништо не учеш. -Среди си ја собата.
  • Во последно време обожавам да се шминкам. :^)
По ова сега за сега, друго не ми текнува.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
-На 6 години ме има удрено кола.
-Како мала заедно со дедо ми сум им правела операција на куклите и другите играчки бидејќи ме интересирало од што биле составени.
-Во забавиште поради тоа што постојано се криев учителката не ме виде и ме затвори сама во училница додека другите беа излезени надвор.
-Во забавиште за 1-ви април сите мои другарки беа маскирани во принцези само јас бев кловн и ми се смееа.Ги мразев многу.
-Во 5-то одделение не знам како но од класната ми беше понудено да пеам на некој фестивал иако воопшто не пеев не ме примија од жирито биејќи сум им била малечка и и рекоа на сестра ми да се пријави но таа не сакаше заради мене и од тогаш класната ме замрази.
- Во 7-мо одделение бидејќи не ме сакаше класната секогаш ме ставаше со машките да седам во група.
-Никогаш немам среќа кога станува збор за пронаоѓање на вистинско пријателство се за корист се околу мене.
- Најдобро учам слушајќи музика.
- Многу сум избувлива
-Кажувам в лице се што мислам без разлика дали тоа е негативно или позитивно мислење
- На мои 16 години го сретнав тој што и ден денес ми значи се ..тој кој што ми ги симна розевите очила и ми го покажа светот таков каков што е .
-Во 1-ва и 2-ра воопшто не учев но во 3-та а и сега во 4-та во денот обавезно одвојувам 3 часа за учење
-Скромна девојка сум
-Никогаш не ставам пудра
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
- имам полу рамни табани
- имам лежано две недели у државна ко бев прваче
- пишувам и со лева и со десна, како ми дојде пенкалото во моментот
- ме имат како мал каснато пчелка на пенисот
- двеве раце по двапати ми беа во гипс
- имам научено да читам и пишувам латиница од предшколска возраст
- ко бев трето одејќи кон дома не можев да издржам та си ги наполнив гаштите
- обожавам музика која на радиус од 100 км. од мене нема ниеден фан
- ме интересират така помногу психологија, митологија, а последно време доста ме интересираат душевни болести
- си го повредив еднаш мадето бришејчи се со пешкирот
- уметник, креативец, борец за заштита на животната средина

ете, ако ми притекне уш нешто ќе дополнам.
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
-Амбидекстер сум (можам да пишувам/шутирам и со двете раце/нозе)
-Го обожавам Италијанскиот јазик
-Oпседнат сум со запалки (пиро сум)
-Си играм исто така и со ножеви, острилки, жилети доста често.
-Сакам англиска поезија
-Јадам обилно а ништо не се фаќа за мене
-I am socially awkward.