Рак

Roxelana

Староседелец
13 март 2013
134
277
1,063
Скопје
Во хороскоп сум рак и делумно се пронаоѓам во работиве погоре.
Изгледа, не сум баш типичен претставник на знакот.
Имам бујна фантазија (и повеќе од тоа) и потреба од
емоционална сигурност, таинствена сум, но никогаш не сум можела
да сфатам зошто раковите ги опишуваат како срамежливи
и недиректни личности. Барем јас, искрена сум и се обидувам да бидам
колку што можам подиректна.
Исто така, не се сложувам (барем за мене) со тоа дека
ракот е традиционален тип. Чиста спротивност од тоа сум.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Ако сакате да знаете што е тоа биполарност, излезете со рак.
Според мене овие хороскопски знаци премногу анализираат, им смета секој израз на лицето што ќе го направите во зависност од ситуацијата.
Позитивни страни е што сакаат да си ги остварат зацртаните цели и што си го сакаат семејството
Негативни страни добро глумат совршени, премногу брзо менуваат расположение