1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Рак

Дискусија во форумот 'Астрологија' започната од LadyInPink, 10 Март 2012.

  1. LadyInPink Истакнат Член

    Член од:
    14 Февруари 2012
    Број на мислења:
    1,254
    Допаѓања:
    1,708
    Поени од трофеи:
    113
    Пол:
    Женско
    Ракот е управуван од постојано променливата Месечина, која што поминува низ многу циклуси и со тоа го прави расположението на ракот многу променливо. Исто како ракот и родените во овој знак најголемиот дел од својот живот го поминуваат скриени под една черупка, која не може лесно да биде скршена.
    Ако вашиот знак е рак, тогаш вие сте изолирани од опасностите, но тоа многу често ве прави луѓе без чувство за хумор. Како воден знак вие сте многу чувствителни. Во секоја ситуација внесувате многу емоции, но во текот на вашиот живот сфаќате дека многу лесно можете да бидете повредени и поради тоа често се криете зад маската на бесчувствителноста.
    Традиционалисти сте и покажувате огромен интерес кон вашите корени и вашите предци. Вие сте многу поголеми националисти од другите знаци во хороскопот, поради тоа што го сакате вашето родно место и сте силно приврзани за него. Најважната ваша цел е да создадете ваше семејство и обожавате да бидете во домашна атмосфера.
    Ракот е спротивен знак на Јарец. Јарците ги интересира каква е нивната положба во општеството и како другите гледаат на нив, додека ракот е загрижен само за неговото семејство. Како рак, вие знаете да штипнете кога ќе почувствувате дека вашето семејство е понижувано или е во опасност. Раковите се блиски со своите мајки, па кога ќе сте во лошо расположение јавете ѝ се на вашата мајка. Тоа ќе ве направи среќни.
    Вие можеби сте неофицијална мајка на сите кои ги сакате, поради вашата грижа за нив. Чувствителни сте и лојални и вашите пријатели секогаш имаат рамо за плачење. Лесно ранливи сте и кога не сте расположени сакате да бидете оставени сами, опкружени со удобност: удобен џемпер, омилена книга, доверливи пријатели и склад со вашите омилени работи. Тоа го подобрува вашето расположение.
    Во љубовната врска сте многу нежни, верни и романтични. Поради влијанието на Месечината вие сте многу интуитивни. Обрнете им повеќе внимание на вашите соништа особено во деновите кога има полна Месечина.

    Колку ракови имаме на форумов?
    Што мислите за луѓето родени во овој знак?
    На Roxelana, monika88, street_chic и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bum-Bum Истакнат Член

    Член од:
    3 Март 2012
    Број на мислења:
    1,098
    Допаѓања:
    1,758
    Поени од трофеи:
    113
    Пол:
    Женско
    Иако викаат дека овенот и ракот не се сложуваат јас и немам такво искуство...А за раковите ги обожавам моите најдобри другарки,мајка ми се ракови и се премногу добри емотивни искрени праведни но и оштри на јазик :)
    На monika88 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marick14 Истакнат Член

    Член од:
    17 Февруари 2012
    Број на мислења:
    3,312
    Допаѓања:
    2,295
    Поени од трофеи:
    113
    Пол:
    Машко
    Најдружељубиви сме раковите. :cool:
    На street_chic, LadyInPink и emzzy им се допаѓа ова.
  4. КрисТина К. Истакнат Член

    Член од:
    2 Март 2012
    Број на мислења:
    535
    Допаѓања:
    1,641
    Поени од трофеи:
    93
    Пол:
    Женско
    најкомуникативни, најзборлести, издржливи, вредни... кажувам зошто мајка ми е рак :)
    На emzzy и Marick14 им се допаѓа ова.
  5. emzzy Истакнат Член

    Член од:
    25 Февруари 2012
    Број на мислења:
    1,392
    Допаѓања:
    1,805
    Поени од трофеи:
    113
    И подзнак сум рак, дупли рак хеоха :)
    Многу сум емотивна, значи премногу ама не покажувам. Се` од напишаното е точно :)
    И ти си во право, таква сум и јас :D
    На street_chic и КрисТина К. им се допаѓа ова.
  6. slb_bobo Корисник со 10 казнени поени

    Член од:
    3 Март 2012
    Број на мислења:
    3,114
    Допаѓања:
    3,935
    Поени од трофеи:
    113
    јас сум рак и слободно можам да кажам дека според горенапишаното не би требало да сум рак:)
    На monika88 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LadyInPink Истакнат Член

    Член од:
    14 Февруари 2012
    Број на мислења:
    1,254
    Допаѓања:
    1,708
    Поени од трофеи:
    113
    Пол:
    Женско
    Ма можам да зборувам ден и ноќ без престан, без да се уморам и без да сакам да престанам.
    И знаете што е најстрашнио?
    Пак нема да кажам се што сум мислела...
    На КрисТина К. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheKitten Истакнат Член

    Член од:
    3 Март 2012
    Број на мислења:
    553
    Допаѓања:
    595
    Поени од трофеи:
    93
    Пол:
    Женско
    Дечкото ми е рак, јас и тој, спротивности до максимум.
    Јас, како типична Водолија, сум ептен поладна од него, како типичен рак.
    Тој романтичен, јас алергична на романтики.
    Тој домаќин чоек, јас куќата не знам кај ми е.
    Тој сака фамилија, јас некогаш самата себе сум си премногу.
    Тој сака групно дружење, работа, јас повеќе сакам да сум сама.
    Тој е толерантен, јас избувлива.
    Тој е питом, јас раздразлива.
    Тој е традиционален, јас смислувам нови начини на однесување.
    Тој е сталожен, јас поим немам што ќе правам утре.
    Тој е конформист, а јас секогаш сум црна овца :)

    Итн.
    На КрисТина К. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marick14 Истакнат Член

    Член од:
    17 Февруари 2012
    Број на мислења:
    3,312
    Допаѓања:
    2,295
    Поени од трофеи:
    113
    Пол:
    Машко
    Сигурна си дека е рак дечко ти?
    Или можеби јас не сум. Ова што го наброја за него јас сум спротивното, а и многу луѓе што се ракови а ги познавам се исто, спротивно од ова што го кажа за рак. :D
  10. TheKitten Истакнат Член

    Член од:
    3 Март 2012
    Број на мислења:
    553
    Допаѓања:
    595
    Поени од трофеи:
    93
    Пол:
    Женско
    Сигурна сум, и речиси сите ракови кои ги познавам, се слични на него :)
  11. street_chic Истакнат Член

    Член од:
    14 Февруари 2012
    Број на мислења:
    1,478
    Допаѓања:
    3,579
    Поени од трофеи:
    113
    Пол:
    Женско
    Јас се пронајдов во дел од кажаново, пример, толерантна, питома, сталожена, ......:)
    На TheKitten му/ѝ се допаѓа ова.
  12. street_chic Истакнат Член

    Член од:
    14 Февруари 2012
    Број на мислења:
    1,478
    Допаѓања:
    3,579
    Поени од трофеи:
    113
    Пол:
    Женско
    Маж РАК
    Машките родени во знакот на рак ја носат најголемата своја снага во својот разум и снажниот дух. Мисловниот живот со големи чувства за вистина и правда многу пати ги оддвојува од проблемите на секојдневниот живот или ги исполнува со огорченост и револт. Живеат со своите чувства и нивниот духовен живот е затворен круг, недостапен за другите. Горди се и увредливи. Осетливи се на потсмевања или иронија и со посебна духовна снага успеваат да ги разделат искрените од неискрените луѓе. Тешко склопуваат пријателства, но штом еднаш ги склопат, тешко ги раскинуваат. Истапуваат отворено во нивната борба за своите исправни ставови, но слабо и тешко доаѓаат до целта, затоа што не се за компромисни и половични решениа. Нивната цел е све или ништо. Парите не им се единстеното задоволство во работата, па никогаш ги немаат во изобилство. Она што го имаат добро знаат да го сочуваат. Имаат своја цел во животот за која се борат и секогаш ја постигнуваат. Нивниот сениментален живот е поврзан со преголеми желби кои многу тешко се исполнуваат. Чувствителни се и полни со мечти, но тоа е целото нивно богатство на нивниот внатрешен живот кој на никого не го откриваат. Имаат блага нарав, затоа што сите потешкотии ги држат во себе. Сакаат да бидат утешени, но од никого не бараат сожалување. Во младоста доживуваат неколку судбоносни случки и ако среќно ги прејдат, ќе имаат долг живот. Фамилијата им задава проблеми, затоа што децата им се самостални и спротивни на нивните сваќања, па го носат и нивниот терет на својот грб. Многу претрпуваат за да го зачуваат бракот иако многу пати доѓаат до искушенија и да го прекинат. Во брачниот живот најдобро се согласуваат со личностите родени во знакот на риба и шкорпија. Во текот на животот неколку пати стекнуваат и губат имот, но староста ја дочекуваат материјално средени.

    Жена РАК
    Жената родена во овој энак не може да се пофали со среќно детствсо. Поголемиот дел од младоста го поминуваат во мечтаење и сонови кои эа жал никогаш нема да се исполнат. Скромна е и несебична, со бескрајна стрпливост. Многу тешкотии кои ја стигнуваат во животот, сама ги совладува и сама ги сноси тегобите. Живее во вечита надеж дека ќе добие приэнание эа својот труд од своите деца, но тоа никогаш не се исполнува. Многу работи и на својата снага и дава вера во подобра иднина. За неа останува како главно; утре ќе биде подобро. Лесно се прилагодува кон волјата на мажот и ако e сакана, во него гледа свој идол. На поголемиот дел тоа не им се исполнува. После првите години од бракот доживува тешки раэочарувања. Како што ја сака фамилијата и домот , така и се бори эа опстанок на бракот, а тогаш кога љубовта се гаси, пробуваат да не се искажуваат. Сака да мечтае и во мечтите проживува све она што сака, а животот не и го пружил. Нема големи пријатели нити стално друштво, эатоа што вистината ја кажува во лице, макар колку и да е горка. Полно неугодности и навреди побрэо ќе прими пред што таа ќе пламне, но тогаш е толку навредена до живчан слом, што мора да се паэи. Нејэините деца се нејэиниот живот. Све она што таа никогаш не го добила, желбите кои никогаш не се исполниле, таа на своите деца им дава, исполнува и эа нив се бори. Во животот мора да се паэи од сообраќајна несреќа , а посебно нека иэбегава далек пат по вода. Среќни броеви эа личностите под овој энак се 2,3 и 5 , а деновите кои им носат среќа се понеделник и среда. На ракот му припаѓа лилјакова боја. Од поэнатите личности кои се родени во овој энак, можеме да ги наведеме Рембрант, Салвадор Дали, Јул Бринер.
  13. slb_bobo Корисник со 10 казнени поени

    Член од:
    3 Март 2012
    Број на мислења:
    3,114
    Допаѓања:
    3,935
    Поени од трофеи:
    113
    Јас сум рак, ама од особините кои ти ги напиша само толерантноста и сталоженоста останале кај мене.

    Инаку не верувам у хороскоп (сеа не зборам за овој секојдневниот што го има насекаде) од проста причина што ми нема логика. Колку што јас знам хороскопот и неговите знаци се направени според 12-те соѕвездија соодветно. Е сеа тука има влијанија од планети, ѕвезди и не знам ти што и земено е дека Земјата се врти околу Сонцето по елипса. Како прво Земјата не се врти околу Сонцето по елиптична патека, туку по нешто како елиптичен цилиндар и целата патека ја поминува за 26 години. Да не прајме муабет пак за тоа дека постојано ѕвездите „умираат“ или пак ако го земеме распоредот на планетите во одреден ден на пример 03.05.2012 и ако го земеме распоредот на планетите на 03.05.2013 (истиот ден само една година разлика) нема нималку да се слични а камо ли пак исти. И како тогаш бикот од 2012 и бикот од 2013 имаат исти особини?
  14. street_chic Истакнат Член

    Член од:
    14 Февруари 2012
    Број на мислења:
    1,478
    Допаѓања:
    3,579
    Поени од трофеи:
    113
    Пол:
    Женско
    Една од основните карактеристики на раковите е нивната тенденција кон честа промена на расположението, од една кон друга крајност, која е резултат на емоциите кои во моментот ги облеваат. Некогаш можете да ги видите во типично „журкаџиско“ расположение, како уживаат во сопствената кожа, се смеат на туѓите шеги и делуваат како најдостапната личност за разговор на забавата. Другпат, пак може да бидат сосема емотивно затворени, нежелни за разговори и смеа и седнати сами во некој ќош. Ваквиот чест „пресврт“ во нивното однесување, е првата работа по која ќе препознаете дека некој е рак во хороскоп.

    Нежни и грижливи

    Раковите се најсреќни и најмногу „блескаат“ кога ја имаат слободата да се грижат за некој. Тие уживаат помагајќи им на другите луѓе. Оваа нивна особина не се однесува само на луѓето, раковите се нежни и грижливи и со животните.


    Срамежливи

    Раковите се многу љубезни и полни со љубов за другите луѓе, но кога станува збор за изразување на нивните чувства, тие постануваат многу срамежливи. Тоа е резултат на нивната заштитна обвивка, која си ја создаваат со цел да го спречат излегувањето на површина на нивните „слаби точки“. Како и да е, со тек на време, кога ракот подобро ќе ве запознае и ќе се почувствува безбедно покрај вас, ќе почне сè повеќе да ги изразува неговите чувства и ќе ви ја покаже неговата нежна и грижлива страна.


    Таинствени

    Дали сте знаеле дека тука на планетата Земја, имаме можност да ја видиме само едната страна на Месечината? Тоа е така, бидејќи Месечината не ротира исто како Земјата. Тоа значи дека ние ја гледаме само едната страна, или едното лице на Месечината. Овој факт за Месечината, која е управител на знакот рак, може да помогне во расветлувањето на неговиот карактер. Раковите се понекогаш толку таинствени, бидејќи се чувствуваат најбезбедно кога кријат нешто од остатокот од светот. Токму таинственоста ја прави Месечината специјално небесно тело, а луѓето родени во овој хороскопски знак – исклучителни личности.


    Кога раковите се среќни?

    Раковите се среќни кога се чувствуваат слободно да ги изразат нивните чувства без да се плашат и без да бидат прекорувани од некој друг. Овие срамежливци смртно се плашат од идејата дека некој нема да го прифати нивното мислење, па доколку сметаат дека постои најмала шанса тоа да се случи, тие инстантно ќе се повлечат во нивниот заштитен оклоп.
    Раковите исто така се чувствуваат одлично кога можат да ја споделат нивната љубов кон нешто, како на пример пишување проза или поезија, со најблиските луѓе во нивниот живот. Ова прави раковите да се чувствуваат одлично во врска со нивната улога во светот.
    .

    Страв да бидат неприфатени од другите

    Друга карактеристика на раковите е нивната тенденција да се чувствуваат гневно и налутено многу често. Ако тие се почувствуваат на било каков начин омаловажено од некоја личност (без разлика дали е реално така или само си замислуваат), раковите ќе му дозволат на бесот да расте во нив, сè до оној момент додека не експлодира на површина.
    Проблемот кај раковите е тоа што многу нешта можат да создадат чувство на гнев во нивната душа. Тие имаат неверојатно бујна фантазија и кога не ја користат оваа нивна креативност во некаква продуктивна цел, стануваат деструктивни. Едноставно кажано, многу е тешко да ги задоволите очекувањата на ракот. Најдоброто нешто кое можете да го сторите е да почекате да „излезат“ од песимистичките мисли и да се вратат во нивниот нормален шармантен мод.
    .

    Грижливи и сочувствени

    Раковите поседуваат многу позитивни нешта кои можат да му ги понудат на светот. Тие имаат непресушен извор на добродушност, која ако им дадете шанса, со задоволство ќе ви ја покажат. Постои огромна разлика помеѓу тоа да се биде фин и да се биде добар, а раковите се најсвесни за тоа. Без разлика дали станува збор за згрижување на болното куче на улица, или хранење на бездомник, раковите се секогаш првите луѓе на светот кои ќе ви помогнат. На раковите секогаш можете да сметате и да се потпрете, без разлика дали станува збор за љубов, пари или давање совет и поддршка. Ракот ќе ви подаде рака! Другите луѓе го почитуваат и обожаваат ракот бидејќи тој е грациозен, великодушен и секогаш желен да им помогне на оние помалку среќните.


    Интуитивни

    Најбитната карактеристика на раковите е нивната интуиција. Заедно со срцето полно со љубов, доаѓа и нивната моќна интуитивна сила, која умеат да ја пренесат на другите. Исто како што месечевата светлина не води низ темнината, така и нивната интуиција изгледа како да ги води низ животот.

    Не се директни личности

    Раковите не сакаат недоразбирања и конфронтации, па поради тоа ќе направат сè што е во нивна моќ за да ги избегнат. Не е тајна дека раковите се многу емотивни луѓе и нивните чувства лесно можат да бидат повредени. Ако еднаш им забиете нож во грб, на таа рана ќе и треба долго време (ако не и цела вечност) за да се залечи. Поради стравот од чувствување толку интензивна емоционална болка, раковите решаваат максимално да ги одбегнуваат сите ситуации кои можат да доведат до тоа.

    На BlackTulip му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: