Ракета со која луѓето ќе летаат на Марс

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Незнам соодветно место за темава,преместете ја ако треба.Ракета свемирски лансирни систем (Space Launch System-SLS) вредна 7 милијарди долари ке биде пробно лансирана во ноември 2018 год.-соопштила америчката свемирска агенција NASA. SLS ракетата ке полета со човечка посада кон црвената планета за прв пат во 2030 год.Тежи 143 тони и ќе може да патува во длабочината на сончевиот систем.Прашањето ми е дали ке беше подобро со 7 мил.долари,во тешки економски кризи во Америка,така и во светот општо,да се размислеше за подобрување на човештвото?

443022_y_f.jpg
 
Последна промена од модератор:

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Американците ако не ги употребеа за ваков тип ракета,ќе ги употребеа за ракети за уништување на човештвото а не за подобрување!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Добро е тоа што ќе се дознае дали има услови за живот на друга планета
но малку им е ли планетава Земја
тие пари може да одат во помош на семејствата кои
немаат свој дом
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Прашањето ми е дали ке беше подобро со 7 мил.долари,во тешки економски кризи во Америка,така и во светот општо,да се размислеше за подобрување на човештвото?
warspending.png

Пример.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тоа е само пробното лансирање кое чини 7 милијарди, колку ќе чини целиот проект ќе видиме...:kafe

Претставничката а.к.а парламентарна демократија како доминантна политичка опција во светот има многу недостатоци.
Еден од нив е тоа што граѓанството нема глас за ништо освен за бирање на свои `претставници` во претставничките домови. Оној што на тој начин е избран потоа стекнува право сосема арбитрарно да ги троши средствата собрани од намети, при што одреден процент да заврши во неговиот џеб. Секаде е така иако зависи од место до место до кој степен граѓанството добива нешто назад како вредност. Да речеме во Холандија добива многу повеќе него во Хунзистан.
НАСА како и сите други државни структури си има свои лобисти па така ќе излобира за дополнителни средства.
Може ова да е само уште еден проект кој нема да го биде или чии елементи ќе се пренасочат на други проекти и да не бидне ништо. НАСА не е правно обврзана кон даночните обврзници (лол) да го исполни ветувањето...
 
Немам ништо против науката и истражувањата,но неможе ли да се намали малку буџетот на НАСА за да им се даде на луѓето за кои се прават хуманитарни акции,за да нема глад во светот.Кога би се намалиле финансиите за вооружување,нуклеарки и др.глупости, барем да нема беда во светоти секој човек барем малку достоинствено да живее.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Немам ништо против науката и истражувањата,но неможе ли да се намали малку буџетот на НАСА за да им се даде на луѓето за кои се прават хуманитарни акции,за да нема глад во светот.Кога би се намалиле финансиите за вооружување,нуклеарки и др.глупости, барем да нема беда во светоти секој човек барем малку достоинствено да живее.

Секако дека може ама не се такви правилата на игра, за жал :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy