1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Размислувањата на момче одгледано од лезбејки (видео)

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од Реми, 4 јули 2012.

  1. Реми

    Реми Староседелец

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    542
    Допаѓања:
    957
    Повеќе од еден милион луѓе го споделиле говорот на Зак Валс на “Фејсбук“, а дури повеќе од 15 милиони го погледнале на “Јутјуб“ каде тој говори за растењето со геј двојка.

    Зак Валс е 19 – годишен студент од Универзитетот во Ајова, кој во Сенатот говорел против резолуцијата со која сакаат да ги забранат истополните бракови. Тој истакнал дека на факултет често отворал расправи околу тоа дали смее да им се дозволи на геј паровите да одгледуваат деца.

    “Во моите 19 години никогаш не сум запознал некој кoј мислел дека сум одгледан од геј двојка“, вели Зак.

    “И знаете зашто? Бидејќи сексуалната ориентација на моите родители немала ама баш никаква врска на мојот карактер и личност“, додал Зак.

    Тој пред судот раскажал како тој и неговата млада сестра имаат ист анонимен татко донор, па особено се радувал што тие се биолошки брат и сестра. Раскажал и дека неговата мајка во 2009 година се омажила откако Врховниот суд ги легализирал браковите на хомосексуалците.

    Тој вели, нивното семејство не се разликувало од ниедно друго. “Одевме во црква заедно, вечеравме, одевме на патувања, минувавме низ тешки времиња, се каравме“, раскажал Зак.

    “Семејството се темели на тоа да си помагаме во тешки моменти и заедно да се радуваме во оние убавите, љубовта е она што нас не радува и она на што се темели нашето семејство“, истакнал 19 – годишниот Зак.


    Какви се Вашите размислувања околу посвојување на деца од страна на геј бракови?
     
    На BlackTulip, Nightmare_f, LMFAO и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. The_countess

    The_countess Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 јуни 2012
    Мислења:
    441
    Допаѓања:
    547
    Немам ништо против, па и тие се луѓе.. Нема врска дали се маж и жена, двајца мажи или две жени.
     
    На LMFAO, Scars и Coelho им се допаѓа ова.
  3. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    На луѓето кои гледаат само
    пред својот нос ова сигурно не му е нормално.Но,сепак нормално
    му е да кажат со кого се ебеле и каков бил нивниот
    секс како што беше во една тема . Али он-топик
    јас немам ништо против,и ова момче сигурно ќе биде или е
    многу подобро изграден како личност отколку некое
    разгалено детиште,полно со предрасуди и комплекси
    одгледано од нормални родители.
     
  4. 4FUN

    4FUN Староседелец

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    894
    Допаѓања:
    1,987
    може сум олд скул, а може и правилно размислувам ...не знам(shake) ама јас сум си за најстариот и најубавиот метод -
    машко - женско !!! :gus

    се друго ми е ... (puke)

    а другите нека прават што сакаат ... нивна ствар :banghead
    ако сакаат и нека си се обесат, а јас ке ги лулам , да не им е досадно (како што има една форумџика напишано на нејзиниот статус)
     
    На Bum-Bum, parvati, Hkakashi и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. Hkakashi

    Hkakashi Староседелец

    Зачленет на:
    13 јуни 2012
    Мислења:
    1,543
    Допаѓања:
    1,697
    Го делам мислењето се 4FUN, најубаво си е машко женско, ова е на пример ок, пошто детето останало какво што се родило, еднаш сретнав, дека му го исекле патлакот со пластична операција и го облакаат во женска облека. Не ги мразам хомосексуалците ,но не ги ни сакам многу. ОК е додека ги пуштаат на тие геј паради но 1-2 дена и да седат мирни, а не како во Белград се правеа, ние ова, ние она, па сите видовме што им направија. Исто ке иде и оваа година нема да е "парада поноса" ќе биде "парада клања". Peace
     
  6. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Го имаше линков по една од темиве ама само наведен како пример.
    Не е спорно дека од геј паровите можат да произлезат здрави,интелегентни,културни.....деца.
    Околу ова работа се имам изјаснето и пак ке кажам,јас сум против парови од ист пол да одгледуваат деца.Но тоа не значи дека ке излезам на улица и ке штрајкувам.
    Кој како сака и нека си одлучува за себе,но мојот став е против.
    Беше дури спомнато,односно бев прашана,дали на децата по улица,по домови или на децата кои растат кај што е присутно семејното насилство им е подобро тоа отколку да растат со геј парови?
    Секако дека не им е,но никој не им гарантира дека и во едно такво семејство неможе да постои семејно насилство,тоа е веке друга тема.
    Но едно дете според мене треба да има по еден родител од двата пола.
    Иначе сите знаеме дека има и деца кои се израснати и со еден родител и исто и тие може да ги поседуваат сите квалитети и негативности како и било кое дете кое ке израсне во било каква средина.Не е тоа мерило и пресудно за се.Се си зависи и од самиот човек и личноста.
     
  7. m.o.p.

    m.o.p. Активен Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    348
    Допаѓања:
    221
    сите гејови како и да се викаат тие двоцефки одма у бардовци па да видиш како е молат се девојче ,
    на дете му трба татко и мајка
    кое дете еве на пример ако има двајца двоцефки кои ме се родители мушко со мушко се мавват погазовите ,и детето ке го науши истото од нив и тоа ке биде двоцефка и мислите ке биде нормално не
    ама не се замарам
    кој сака да си иде во Змија нека иде се онадат тој со тој
    мене ме боли цеф за нив
     
  8. Coelho

    Coelho Староседелец

    Зачленет на:
    2 април 2012
    Мислења:
    286
    Допаѓања:
    493
    Секое дете треба да има два родитела, да израсне во убава околина, во убав дом. Да биде под влијание на добри луѓе, да израсне правилно - со добри размислувања и гледања кон животот, ама за жал ја немаат сите таа среќа.

    Сите знаеме дека понекогаш е можно таткото или мајката да го напуштат семејството, да има смртен случај или родителите да одлучат да се откажат од детето поради разни причини.

    Можеби е несакана бременост на некоја невнимателна, 15-годишна девојка која ќе одлучи да абортира совршено здрав фетус, или пак да го фрли некаде новороденчето. Можеби родителите се тешки алкохоличари или ја злоупотребуваат дрогата - па во некој момент (кога ќе успеат да се отрезнат) ќе одлучат дека најдоброто за детето е да не порасне во вакво семејство и ќе одлучат да го испратат некаде (иако имало многу случаеви каде детето е само оставено некаде).

    Или можеби пак детето ќе биде доволно несреќно и ќе порасне под влијание на лоши родители кои ќе го учат на погрешни работи. Ќе го учат да краде, како да користи оружје (не за да се заштити), како да измамува луѓе, да бега од училиште, да мрази, да пуши цигари, да пие, да се дрогира.. Па каде ќе заврши ова дете? Во оние поправни домови додека не наполнат доволно години за да ги испратат во затвор.

    И вие попрво би одбрале дете да остане без родители или да живее во ужасно семејство отколку да биде посвоено од хомосексуален пар!?

    Хомосексуалните парови не се тие кои ги учат своите деца да ги мразат сите кои се поразлични од нив.
    Не ги учат своите деца да мразат некого само затоа што спаѓа под друга религија, има друга боја на кожата или има различна сексуална определба.
    И нема своите ужасни мислења и верувања да ги присилат врз своите деца - што е многу, многу чест случај во Македонија.

    Па да, верувам дека хомосексуалните парови треба да имаат право да посвојат деца.
     
    На BlackTulip, Mardy Bum и Scars им се допаѓа ова.
  9. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Дека секој хомосексуален пар добро ке ги одгледува своите деца и ке ги учат само на убави работи,не се согласувам.
    Во една кука има различни луге,а камоли во една популација без разлика дали е хетеро или хомо.
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Coelho

    Coelho Староседелец

    Зачленет на:
    2 април 2012
    Мислења:
    286
    Допаѓања:
    493
    Хомосексуалните парови не се тие кои ги учат своите деца да ги мразат сите кои се поразлични од нив бидејќи сеуште не можат да посвојуваат.
    Од каде би знаеле како хомосексуалните парови би ги воспитале своите деца кога немаат право да посвојуваат? Тука грешка направив што не ја довршив реченицата.

    Но, во право си. Секое семејство различно го воспитува своето дете - тоа секојдневно го гледаме.

    Тие по-прифатливите, по-отворени деца се одгледани од хетеросексуални семејства.
    И тие кои се на средината и немаат некое посебно мислење се исто одгледани од хетеросексуални семејства.
    Ама и тие кои не се баш толку прифатливи и отворени се воспитани и одгледани од хетеросексуални семејства.

    Само едни на еден, а други на друг начин.

    И да не бегаме на оф-топици, оти ќе ни бришат мислења после..
     

Сподели: