Разговор со вашиот омилен автор

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Во глобала едноставна тема која може да привлече интересна дискусија.
За тие што сте љубители на пишаниот збор, секако до сега имате изградено некаков, ај да не го наречам фетиш, но имате некаква листа на омилени автори чии книги ве имаат буквално поместено од колосек. Било истите тие автори да се веќе починати или се се` уште во својата животна фаза на творење, сте сакале некогаш да ги запознаете, да имате контакт tete-a-tete, да си помуабетите со нив. Како си го замислувате тој контакт? Што би ги прашале, дали би воделе дискусија нешто вон оноа што тие го имаат пишано, на приватен план, дали би било тоа некое кафуле или сосема „случајно“ ако ги сретнете на улица па би ги поканиле дома?
Слободно споделете ги вашите мечти тука.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ете ја темата „фенер“ :)
Помислив дека форумов се претворил во „Сѐ за љубов“, ама има надеж, има.
Инаку, во врска со омилените автори, немам омилени автори, ама имам автори кои ми останале во срце, и првиот од нив е Данте. Со него би сакал да седнам пред да почне да го пишува Рајот, и да го прашам, дали навистина смета дека треба да го уништи претходно создаденото совршенство само за да ја исполни целта која веќе некаде на средина на патот сфатил дека не е толку добра? Сакам и да го прашам колку е сигурен дека Беатриче му била идеалната драга? Луѓево често стоиме во заблуда на заљубеноста и вистинската идеална драга ја оставаме да помине покрај нас и не ја ни забележуваме и така со превез на очите не само што го поминуваме остатокот што доаѓа по средината на животот наш земен, туку и после тоа, ако постои нешто после смртта.
Потоа би сакал да го седнам фејс ту фејс Лаза Костиќ и да го прашам дали навистина бил толку луд да сака сексуално да општи со Дева Марија и до тој степен бил луд што во Санта Марија делла Салуте сите симболи (вклучувајќи ги и описите на дрвата со кои е изградена цркавата) ги избрал со сексуална конотација? Ова ми стои уште од факултетски денови како енигма до тој степен што паднав на испитот оти не дозволив да напишам одговор каков што беше во критиките. Лудак од мали нозе и јас како и Лаза :)
Потоа Борхес сакам да го чепнам. Сакам да го прашам, дали некогаш навистина сфатил колку леснотијата на неговите зборови ја претставуваат длабочината и тешкотијата на живеењето?
Кој друг сакам да го седнам на столицата на вистината?
А да, Фројд, Лакан и Јунг сакам да ги седнам рамо до рамо и да ги прашам, од каде им храброст да зборуваат за работи за кои што се свесни дека и самите не сакаат да слушаат и од каде им храброст толку добро да се протнат во човечката потсвест без да се грижат за последиците?
На крај што ми текнува е Достоевски, би го прашал... зошто смета дека е подобар од Толстој? Јас сѐ уште сметам дека не е.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Секогаш кога го читам Хесе, помегу прочитаните редови некаде се замислувам и несвесно ,,разговарам,, со него.
Многу се пронаоѓам во нековите книги и не замислувам дека ке правам некој посебно испланиран разговор, наверојатно би се впуштила во спонтан разговор кој ке го анализа и критикува општеството со сите негови нус појави како религиите и сосема непотебните правила за однесување без кои поединецот не може да се вклопи и да функционира нормално во светот. Посебно во ,,Степскиот волк,, е изразена таа тема и убаво се опишани си двете страни, мислам дека толку реално е опшишан животот на генерациите кои се нашле притиснати во периодот на транзиција помеги две општества и толку убаво се предвидени последиците што дури и незнам дали би го надополнила разговорот со нешто ново, најверојатно би личел на прераскажување на неговите напишани зборови, објаснувајки ги на повеке начини низ разни примери од тогаш и од денес.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Aj и јас како автор да се изјаснам.
Би го викнал Амин Малуф во прошетка низ Скопје, би го прошетал на одредени се` уште функционални/живописни културни зданија (чаршија, Кале, Нерези, Матка) и би седнале во Турист на ручек и би разглабал со него за историско-културолошката кохезија меѓу некогашниот ориент и современиот запад. Би го прашал за лично мнение општо за сегашнава ситуација во балканот (верувам дека доволно е запознаен) како и тоа дали и колку би можел истиот да просперира по цена на губење на дел од својот идентитет и дали е тоа позитивна работа на долг рок. Во друг муабет би спомнал за емигрантскава криза како и негово мислење колку западот дозволува/опструира за да се роди толкава (не)толеранција меѓу уништените држави, населението и агресорите.
Со Ремарк би пошол на приватна тура (рентакар) Скопје - Велес - Прилеп - Битола - Охрид по сите можни споменици од 19ти и 20ти век. Секој град по еден ден - за една недела мање више. Во секој град би одел во некој рандом паб-бирцуз и таму би дискутирале за војната како неизбежен проблем во општеството, како и истата инфликтира горчина на оној кој ја доживеал, различно од оној кој не ја има доживеано. Би го повикал Ками да дојде да ни` се придружи, би ја обсервирал дискусијата Ками - Ремарк за нивните сличности како и разлики апропо човекот како единка во две различни ситуации на поробен/победен и агресор/слободен. Би го прашал Ками на што точно мислел кога Мерсо го утепак тој Арапин. Дали во ова денешно лудо општество би помислил сосема поразлично или од општата летаргија што ја зема секој оној кој е осиромашен во дух, не би помислил ни два пати исто така да постапи. Потоа би отворил нова тема со Ремак околу љубовта и колку таа може од човек да направи маж, земено во денешните рамки на слободоумност меѓу двата пола. Колку Ремарк е про-феминист, што за него значи право на глас на жена, дали заштитничкиот став на мажот кон жената би бил адекватен и во денешни услови на ист начин како и во негово време.
Имам уште еден куп писатели, Дојл, Хорнби, Барико па и Спаркс влагаат во кандидати, но малку да прекинам да не испадне предолг постов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
42
Мојот омилен автор за жал не доживеа да го запознаам лично и да поразговарам. Јас бев многу млад кога тој почина во 96-та, а пред 6 години хипотетички ќе имав шанса да го запознаам.
sagan.jpg