02. Престанете да бегате од своите проблеми
Соочете се со нив веднаш. Не, нема да биде лесно. Не постои личност која безпрекорно се соочува со секој удар во животот. Не сме создадени за веднаш да ги решаваме проблемите. Всушност, направени сме да чувствуваме вознемиреност, тага, болка, да се сопнуваме и да паѓаме. Бидејќи тоа е целата поента на живеењето - да се соочуваме со проблемите, да учиме, да се адаптираме, и да ги решаваме со тек на време.
03. Престанете да се лажете себе си
Можете да лажете било кого во светот, но не може да се лажете себе си. Нашите животи се подобруваат само кога ги прифаќаме пружените шанси, и првата и најтешка шанса која можеме да ја прифатиме е да бидеме искрени со себе си.
04. Престанете да ги ставате сопствените потреби на крајот на листата
Најболна работа е да се изгубите себе си во процесот на сакање на друга личност, и да заборавите дека сте и вие специјални исто така. Да, помагајте им на другите, но помогнете си и на себе си. Ако некогаш постоел момент кога сте треба да направите нешто важно за себе и да ја следите својата страст, тој момент е сега.
07. Престанете да се плашите од правејќи грешки
Да се направи нешто и да се згреши притоа, е десет пати попродуктивно од тоа да не се направи ништо воопшто. Секој успех има патека од неуспеси зад него, и секој неуспех води кон успех. Повеќе се каеме за работие кои НЕ сме ги направиле, отколку за оние кои сме ги направиле.
09. Престанете да мислите дека сте неподготвени
Никој не се чувствува 100% подготвен кога ќе се појави прилика. Бидејќи најголемите можности во животот не присилуваат да излеземе надвор од границите на удобност, што значи, нема да се чувствуваме целосно подготвени.