Работа во McDonald's

m@raya95

Нов член
19 март 2016
5
1
3
28
Здраво. Би сакала да ве прашам дали некој има работено во мекдоналс , затоа што аплицирав за работа. Како е да се работи таму. Дали има некја обука за почетници. Би ви била благодарна доколку некој ми објасни подетално, посебно за првите денови работа. :D
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Па во врска тоа тоа што мојата другарка ми го има кажувано, можам да пренесам дека сите тие лиценци или франшизи како сакаш наречи ги од услужната дејност работат по карактеристични правила со кој е организиран процесот на услуга.
Како и во секоја нова средина на тие што започнуваат работа ги следува кратка обука додека работат нешто.
Најверојатно на почетоко ке ти ја наполнат главата со правила на однесување и ред на работа.
Наскоро потоа ке ти определат смена во која што ке работиш и ке ги запознаеш твоите колеги од кој што зависи буквално се.
Тие се тие што ке кажат дали ке останеш или не на работното место и работната атмосфера многу зависи од нив и нивниот однос со тебе.
Тоа што е ок е помислата дека си на работа и дека кога ке завршиш ке имаш можност да си ги трошиш твоите заработени пари-свати ја така работата.
Тоа што е негативно е односот на некои муштерии кон вработените, но секако има и фини луге како и секаде за се.
Тоа што и сметаше највеке на мојата другарка е мирисот(на полетокот) и ми викаше дека по два пати се туширала на ден-но потоа се навикнала.(иако и кажав дека на мене не ми мириса она на сендвичара)
Аромата на секој ресторант е специфична и нормално е да ти мириса косата послем смената ако не си ја измиеш.(и во кафана да дремеш 4 саата па ке мирисаш пола ден потоа)
И за на крај еден совет...гледај да си ја завршиш твојата работа коректно и да не фаќаш туѓа работа премногу затоа што ке те искористат како нова.
Овдека мислам дека ги плаќаат по 10 долара на час.
 
Последна промена: