Птиците умираат пеејќи

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Има една легенда во која се вели дека постои една птица која пее само еднаш во животот,најубава песна испеана од било кое друго суштество на планетава Земја.Додека умира, нејзината болка прераснува во волшебна песна на која цената и е Животот.Потребна ли е воопшто Болката?? Велат колку е јака љубовта толку повеќе боли, тој што не пател незнае што е љубов.Најмногу страдаат оние на кои љубовта им е се во животот но на крај ќе им стигне најголема награда!Некои птици никогаш нема да полетаат ама сите ќе умрат пеејќи!Дали тажните луѓе најубаво се смејат? Потребна ли е болката, страдањето, за од луѓето да излезе најдоброто и најубавото!?
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Убава ти е реченицата:
"Колку е појака љубовта,толку поголема болката.."Чинам не оди едно без друго.
Да ти го одговорам последното прашање.
Потребна е болката,тогаш знаеш дека сакаш од дното на срцето.
И да,тажните луѓе се смеат најубаво.Затоа што се смеат искрено,без маска на лицето.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не е точно, некои птици умираат од пушка, кога ќе ги застрела ловџијата.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Се додека мислев дека болката го прави вреден животот, дотогаш само од болка и се состоеше мојот живот, сега си го сменив паметот и се се смени и во мене и околу мене. Болката не е потребна. Мислам дека тие поетични реченици во воведот се смислени само за да може човек да најде некоја утеха, но мене искрено ми е страшно кога луѓето ептен се задлабочуваат во улогата на жртви. Такви периоди и јас до неодамна имав и бев жртва се додека ја величав таа болка. Од кога престанав така да размислувам животот ми се среди. Човекот не разбира дека има потполно право на среќа и дека правото на истата не се заслужува, туку природно му следува. Човекот не сака да разбере дека вистинската љубов е едноставна, тивка и лесна, дека нема драми, солзи и болка, затоа што вистинската љубов понекогаш во некои околности значи и ослободување...
Точно е тоа дека преку болката многу учиме, но не значи дека истите тие лекции не можеме да ги научиме и на подобар начин.
Јас сум за подобриот и полесниот начин, за чистата љубов и слободата и за среќата.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Се додека мислев дека болката го прави вреден животот, дотогаш само од болка и се состоеше мојот живот, сега си го сменив паметот и се се смени и во мене и околу мене. Болката не е потребна. Мислам дека тие поетични реченици во воведот се смислени само за да може човек да најде некоја утеха, но мене искрено ми е страшно кога луѓето ептен се задлабочуваат во улогата на жртви. Такви периоди и јас до неодамна имав и бев жртва се додека ја величав таа болка. Од кога престанав така да размислувам животот ми се среди. Човекот не разбира дека има потполно право наило среќа и дека правото на истата не се заслужува, туку природно му следува. Човекот не сака да разбере дека вистинската љубов е едноставна, тивка и лесна, дека нема драми, солзи и болка, затоа што вистинската љубов понекогаш во некои околности значи и ослободување...
Точно е тоа дека преку болката многу учиме, но не значи дека истите тие лекции не можеме да ги научиме и на подобар начин.
Јас сум за подобриот и полесниот начин, за чистата љубов и слободата и за среќата.
Убаво би било кога во светот не би постоеле болки, но за да знаеш што е подобро треба да го искусиш полошото, да знаеш што е среќа мора да бидеме и несреќни.....Ако се учиме на лесен живот , тогаш нема никогаш да ја спознаеме неговата убавина,се ке ни биде монотоно и неинтересно за кратко време.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Убаво би било кога во светот не би постоеле болки, но за да знаеш што е подобро треба да го искусиш полошото, да знаеш што е среќа мора да бидеме и несреќни.....Ако се учиме на лесен живот , тогаш нема никогаш да ја спознаеме неговата убавина,се ке ни биде монотоно и неинтересно за кратко време.
Можеби има вистина во тоа, а можеби и не. Што ако болката само не оштетува? Сме биле ли некогаш беспрекорно среќни за да знаеме како би било? Иако сите заземаат став дека така би било досадно, јас не се согласувам. Мислам дека животните лекции можат да се научат и на убав начин. Кога го гледам цветот додека расцутува, му се радувам. Не морам да видам како венее за да ја вреднувам неговата убавина.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не мора да значи дека страдаат оние на кои љубовта им е сѐ во животот. Страдаат и тие што никогаш не дознале што е љубов - ама на тој начин ја спознале осаменоста. Е таа боли повеќе од љубовта.
Природата и нејзиниот прекрасен и волшебен начин на правење баланси. Љубовта, во својата чиста и неизвалкана форма и енергија, среќа, исполнение. Додека кога ќе се извалка со љубомората, недовербата, неверството, секојдневните проблеми, таа станува болка. - ова го зборувам на план на онаа љубов која е насочена кон партнер.
Сепак, истото се случува и со онаа љубов кон децата, кон родителите, кон пријателите. Секоја љубов, на сметка на тоа што ја дава најубавата емоција што може да ти биде исполнение во животот, наплаќа со солзи, дали се тоа ради тага предизвикана од разделба, болест, небитни несогласувања.
Болката е поврзан дел со живеењето. Не може да живееме во Рајска градина и да не нѐ сретне никаде она чувство на бодежи во гради. Невозможно е.
Она што е исклучиво важно - е по такво чувство, да не паднеме во морето како што тоа го прави птицата пеејќи ја својата последна тажачка песна, туку да се потпреме за чувството кое ни го дала таа љубов претходно и во нејзино име да продолжиме со летот.
Оној кој што ја гушнува болката и се стреми кон песни тажалки набрзо и ќе си го заврши животот, дал со песна ил со куршум, неважно. Оној кој што ја гушнува љубовта за да се заштити од болката, успева да го ублажи нејзиниот интензитет и преживува - пардон, и продолжува да живее.
Фала ви на вниманието,
чао, пријатно.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Птиците пеејќи умираат ,а луѓето од лаење умираат ;), со исклучоци нормално !!