Психолошки трилери

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ко изгребана плоча звучам, ама стварно нема да е лошо барем реченичка-две да се кажат за предлозите, чисто да ме наведе барем трејлерот да го проверам.

Назад на темата:
Triangle (2009) - Група пријатели се сместуваат во напуштен брод откако бура ќе им ја уништи јахтата. Гадното почнува со нивните убиства и неможноста да откријаат кој е тој што ги убива со кого го делат навидум празниот брод. Нешто слично ко Мементо, со многу вртења во круг и повторување сцени.

Crush (2010) - Американски студент оди во Австралија каде потпаѓа под шармот на мистериозна девојка која живее во куќата каде тој престојува. Набргу, нивната т.н. врска прераснува во нешто многу повеќе од психолошка тортура.

The Caller (2011) - Филмов ми е еден од поомилените. Разведена жена се вселува во нов апартман каде почнува да добива повици од мистериозна жена за која сфаќа дека ѝ се јавува од минатото. Како што Мери се обидува да ги игнорира повиците, така нападите врз неа стануваат посилни. Имено, таа е избраната која треба да ја реши мистеријата од минатото за сите тромозења да престанат.

Fracture (2007) - Со Хопкинс и Гослинг во главни улоги, нема утка. Глумата на Хопкинс те прави да го поддржуваш без разлика колкав негативец е. Откако ќе ја убие својата жена, Тед самиот го признава убиството на полицијата под водство на детективот Бочам, но проблемот е што и покрај признанието, не постои ниту еден доказ дека токму Тед е убиецот. Мајндфак е целиот филм.

The Devil's Advocate (1997) - Ретко кој не го изгледал филмов. Киану Ривс, Ал Пачино и премладата Шарлиз Терон на едно место. Кевин е адвокат кој никогаш нема изгубено случај, па поради тоа добива понуда која не може да ја одбие. Интересен трилер и борба со моралот.

Mr. Brooks (2007) - Од типов поголем психо не добивате. Со навидум совршен живот, Ерл се бори со своето психопатско алтер его Маршал кое го тера да убива млади парови при сексуален акт. Споро одвивање на дејствата, but worth a shot.

The Forgotten (2004) - Филмов го имаат давано и по телевизииве. Џулиен Мур во улогата на скршена мајка која се обидува да открие што се случило со нејзиното дете. Возбудлив филм со доста пресврти, кој, иако на крајот потфрла, сепак вреди да се види.
Нешто слична приказна ко Flight Plan со Џоди Фостер.

Да не се заборавам, други другпат, со акцент на европска кинематографија.