Психоанализа на форумџии (читај воведен пост)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Опааа, ајде мавај една!

Отиии ко че ме запознајш во живо друга слика давам. Остај го форумсково џекче.

Ај деновиве ќе направам една макар да тешко дека ќе погодам нешто, не ме бидува премногу ама ќе пробам :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
И јас се пријавувам за анализирање
@malo ми е интересна како личност од првиот ден на моето зачленување. Тоа е млада жена која е пред се грижлива мајка, самоспознаена и созреана духовна личност. Во животот има поминато многу, километражно искуство од секаков вид кое и помогнало да ја развие интуицијата до перфекција. Таа знае што сака и што не сака. Исто така знае кога сака како да го добие тоа. Нежна по физички изглед со идеална тежина(веган) едноставна во стилот и склона кон минимализам во начинот на живеење. Многу надарена -црта преубаво, креира накит, се бави со фотографија и др. Се што произлегува од нејзината уметност е едноставноста, искреноста, спонтаноста на моментот која го доловува на својствен начин. за неа нема табуа ниту во однесување, ниту во начин на живеење, но свесна е за погледите од малограѓанската околина со кои е опкружена. Кога љуби, љуби безусловно, страстно како вистинска жена и се бори како лавица за домот. Не прима од никого и никогаш совети, дури и ако се добронамерни. Тврдоглава до крајност. Добро толкува соништа и со голема прецизност. Во деновите на тага, се препушта во некој свој свет во кој никој не може да допре. Кога и бегаат работите од контрола се чувствува несигурно и хаотично. Не прима помош од никого, премногу е горда. Сигурна сум дека убаво готви. Ги пробав некои од рецептите кои ги постираше и ми се допаднаа. Мислам дека знае и да плете. Има прекрасни очи, како на срна(незнам која боја) но со длабок поглед и добро ги проценува луѓето. Мрази лаги и преправања. Ги кажува работите со вистинско име, без разлика каде и со кого зборува. Има слободен дух и отворен ум. Сака да експериментира со се. Ја интересира психологијата. Нејзините постови се длабоки и обмислени , секогаш поучни. Борец е во животот и се радува на секој нов ден. Ми се допаѓа што не е склона на критизирање, туку ги разгледува проблемите од секаков агол. Не трпи рамки и ограничувања.....
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Еднаш оддамна ми направи Сината... сега сакам пак :)
Ајт да видиме дал ќе се нафати некој.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Јас ќе ти направам :)
Веднага.
-
Виолетмун. Месечината има четири мени. Така и Виолетмун има многу променливо расположение. Во рок од неколку часа може да прејде од максимална среќа до максимална тага, може сега да те гушка, после да те удира.
Виолетовата боја... најчесто се поврзува со некои цветови - затоа и покрај нејзиниот лавовски разбеснат карактер таа е и толку нежна... како листовите од цветовите. Кога ќе земеме предвид дека виолетовата боја се добива при мешање на сината и црвената, тогаш тоа што погоре го кажав веќе станува појасно. Сината симболизира смиреност, хармонија, а црвената страст... Две сосема спротивни работи сплотени во една личност.

Тргнав од анализа на нејзинот ник затоа што верувам дека тој многу зборува за секоја личност, но сега, ајде да зборувам нешто - за она што се крие под тој ник.
Виолетмун е личност која сака да биде силна, да се претстави на светот како „челичната лејди“(не за џабе се здробува од ставање амазонки на аватар :) ), но во основа е премногу кревка, и иако некогаш вика дека „тоа што мислат другите не ја интересира“, и тоа како ја интересира - и повредува. Всушност, нејзината желба да се покаже како силна личност паѓа во вода во мигот кога ќе се спомне колку романтична душа има таа. А романтичарските души обично се најкревките што постојат на планетава.

Многу е неодлучна. Секогаш кога носи одлуки размислува од сто аспекти и тие ја збунуваат и ја носат во ситуација „И што сега?“ и таа ситуација може да трае со месеци - години. Сепак, тоа не ја прави личност што е „вејка на ветров“. Нејзината неодлучност оди до оној миг додека не се разгледаат сите можни ситуации, последици и придобивки - откако еднаш ќе ги исчешла сите опции - она што ќе го одлучи - го тера до крај.
Таа е една од најостроумните личности кои што ги познавам. Животот го сфаќа како партија шах - затоа и е толку неодлучна. Секогаш се обидува да го изнајде најдобриот потег.

Знае да љуби со иста сила како што знае и да мрази. И тоа кај неа е толку изразено и во зборови и во постапки што човек може да се чувствува најсреќниот на планетата кога е љубен од нејзина страна - и да се чувствува како најдолното суштество кога ќе пробуди негативна емоција. Овој нејзин начин на љубење е вид во изумирање денес. Луѓето сѐ помалку знаат да љубат како неа, и тоа е за секоја пофалба, но... не е сѐ така сјајно. Лошото е во тоа што... за љубов е спремна да си ја згази гордоста... и да ѝ ја згазат и да прости работи што инаку, пред да се случат сметала дека никогаш не би ги простила. Да направи работи што инаку, рака во огин ставала дека не би ги направила. Уште еден лош дел од нејзината љубов е тоа премногу очекува. Се дава целата кога љуби, и очекува истото да го прими назад – било да е тоа еротска љубов, другарска љубов... и ако не го добие посакуваниот фид-бек ... се уништува...
Голема лутка е. Дури и кога таа е виновна, таа е таа што има право да се лути, не другиот :).
Премногу е попустлива. Знае да замижи пред многу работи што ги мрази – сѐ додека човек е искрен со неа. Мрази тајни, лаги и маскирања. Чинам дека помалку ќе се налути ако некој во афект ја отера во три лепе, отколку да ѝ молчи.
Премногу е самокритична. И цел свет да ја фали, таа ќе си најде некој „недостаток“ за кој ќе се фати и за кој ќе си замерува.
Обично, оние што се водени од страст - често забораваат да го приклучат разумот. Кај неа, тоа не е така(со ретки исклучоци :) ). Таа ја има најдено онаа совршена средина помеѓу светот на страстите и светот на реалноста. Затоа и успева да функционира толку добро.
Не знае да поседува половично нешто. Сака да е потполен сопственик на своето. Дури и кога тоа не е возможно се обидува да гледа на ситуацијата низ своја призма која ќе ѝ покаже дека таа го чува кормилото.
Ги сака долгите разговори, но не оговарања, туку длабоко и истрајни муабети, ама ги сака и уште подолгите тишини. Кога е сама ужива да си враќа спомени, да се пресметува себе си и другите. Многу често во таквите мигови знае буквално да си ги цитира сопствените зборови и да анализира дали некаде згрешила. Затоа, иако е љубител на гужвата, често има потреба од самување.
Спремна е многу да жртвува за среќата на најблиските. Таа е една од најдобрите мајки што ги познавам. Бидејќи е добар слушател, добар соговорник, добар советник – има разбирање за сечиј проблем – таквите личности секогаш се добри родители, бидејќи детето сака да го слушаш, да му зборуваш и да му даваш совети како другар – а не како инспектор.
Има развиена емпатија, до тој степен што некогаш може да заборави на своите маки, од соживување со маките на блиските.
Обожава да чита книги - на тој начин бега од проблемите кои што ѝ ја мачат свеста; Обожава да танцува – ова и да не го кажев, веќе кога кажав дека е романтична душа, се подразбираше :) ; Обожава да пешачи сама, да се губи низ луѓето и да не мисли на ништо.
Во суштина, сѐ што прави во слободно време е за да полни батерии и да успее да ја скрие кревката внатрешност и да доследно да ја покаже цврстата појавност.
Можам уште три години да си бројам особини на милата моја Виолетмун, ама за да не ми побудали од исчекување тука завршувам :)


ЕДИТ, ЕДИТ, ЕДИТ: Заборавив да напомнам, т.е. мислев дека сум напомнал, ама кога препрочитав сфатив дека сум го скокнал тоа. Многу тешко се отвара на луѓето. Се сомневам дека и воопшто не се отвара. До некаде тоа е предизвикано од тоа што смета дека никој не е должен да ги слуша нејзините внатрешни неволји, а од друга страна затоа што многу тешко ја дава довербата на луѓето. Не е од оној тип на луѓе што одат со паролата „Верувам во доброто на луѓето“, таа верува во доброто на луѓето - откако ќе ги запознае убаво, а не од „прв поглед“.
 
Последна промена: