Психијатрија

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Ако психотерапевтот е нешто "необично" тогаш таму ќе одат магариња, а не луѓе. Се е од народ, за народ и се е океј. Додека психијатарот не побара психијатар. :D

Но во секоја нормална земја, мора секој психијатар да има свој психијатар кој не го познава, не му е близок пријател и да оди редовно кај него за да се изпразни од енергијата, проблемите од пациентите. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Таков ни е менталитетот нас.Луѓето во другите држави си имаат свој психолог а тука со една посета ќе те направат луд.
 
Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Точно е дека одењето кај психолог се смета за страшно кај нас.
Во последно време гледам дека почнува да се прифаќа тоа и тие предрасуди изчезнуваат.
Баш е позитивна страна одењето на психолог/психијатар.
 
Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Во ова стресно време , се повеќе зема замав потребата да се оди на Психолог/Психијатар. Се, од нешто си патиме. Тоа се оние прости луѓе, што сеуште живеат во добата на 17 -от век и мислат дека ако оди некој на Психијатар или евентуално Психолог, тој е човек со посебни потреби и така натаму.

Во другите Држави, нормално е тоа, некаде па, мора да имаш Психолог како матичен и секоја недела треба да го посетуваш, ако не го посетиш, може и парична казна да си платиш. Тоа се тие процедури што ја прават државата далеку поразлична од нашата. Ние сме забаталени сеуште. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne and corki

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849

Да се избирократизира и интимната потреба од разговор со стручно лице значи да се доупропасти, а не унапреди државата.
Во ред е да се подигне нивото на свест на масата и таа да не се чувствува инфериорно или како 13-то прасе кога има потреба од разговор/совет од психолог, или пак терапија од психијатар, но не и човек да мора да плати казна доколку не посетува такви сеанси/терапии.

Погрешно е и мислењето дека само во Македонија се соочуваме со проблемот на „деградирање“ на луѓето кои посетуваат психолог/психијатар.
Еден интересен момент, колку за илустрација колку всушност си во заблуда со оваа теза, или ако сакаш наречи ја теорија, е еден термин, којшто често во руралните места во Шпанија, Мексико и Аргентина го користат за психолог, односно психијатар: loquero. Во суштина, во овој случај loquero е изведенка од придавката loco (луд), со суфиксот -ero што се користи за дефинирање на професии според функцијата што ја вршат луѓето. На пример, фризер, во шпанскиот јазик е peluquero (од peluca - перика).
Автоматски му доаѓа дека, за жал, ретки се местата каде што се прифаќа одењето на психолог/психијатар како нормално појава.
И не е толку страшно ова, колку што е страшно тоа што и државата, луѓето што посетуваат такви установи, или што некогаш имале проблем што го надминале ги исклучува од општеството. Конкретно во државава, таквите луѓе се како Жан Валжан во Клетници.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

- Аркантос, јас не сум во Шпанија, Бугарија или Тунгузија. Јас сум во Македонија, и за Макеоднија конкретно зборувам дека сме забаталени као народ. Прао да ти кажам. И што е точно, точно е. Ни св. Петар сега да се симни, да ми рече, пеер грешка си, едноставно ќе го дувнам и ќе му речам, пфф... Св, петре, брат кој те... Шиша. Знаеш... И немој да се трудиш толку физолофски да ми објаснуваш, оти кај забаталени ко народ, тука спаѓам и јас... И не ме интересираат тие придафки од љоко, чикито, бонито и пеључа или како и да е. Едноставно брат ме замори додека те читав. :-D
 
incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Значи психолог не психијатар,повеќето одат на психолот а не на психијатар а психијатарот е за посериозни проблеми за луди,за наркомани,за ненормални
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Значи психолог не психијатар,повеќето одат на психолот а не на психијатар а психијатарот е за посериозни проблеми за луди,за наркомани,за ненормални
Така је, јас се сложуфам со тебе во сфе... Делиме исто мислење, остај овја нишо не знат... Патем да ти кажам, некако многу ми стана интересна. Повеќе ми си ти интересна за читање, него ли Араконтос.
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
- Аркантос, јас не сум во Шпанија, Бугарија или Тунгузија. Јас сум во Македонија, и за Макеоднија конкретно зборувам дека сме забаталени као народ. Прао да ти кажам. И што е точно, точно е. Ни св. Петар сега да се симни, да ми рече, пеер грешка си, едноставно ќе го дувнам и ќе му речам, пфф... Св, петре, брат кој те... Шиша. Знаеш... И немој да се трудиш толку физолофски да ми објаснуваш, оти кај забаталени ко народ, тука спаѓам и јас... И не ме интересираат тие придафки од љоко, чикито, бонито и пеључа или како и да е. Едноставно брат ме замори додека те читав. :-D
И после стигнуваш да зборуваш за луѓе што осудуваат што некој отишол да разговара со психолог/психијатар, а ти осудуваш начин на изразување :) Знаеш што се дисаѓи? Е сѐ додека гледаме само во предниот дел од дисаѓите (оној што ни е пред нос), сѐ до тогаш, не само како нација, туку како планета ќе бидеме на ова рамниште, оти „другите“ држави се светлина, затоа што не знаеме што се случува во нив.
Ти прв/а употреби пример за тоа какво е нивото на ментален склоп во другите држави (објаснувајќи за тоа дека се плаќаат казни ако некој не отиде на „неделната сесија“), јас само ти презентирав дека и „таму“ во „рајот“ не е сѐ така светло. Употребувајќи ги другите земји како пример (претпоставувам на Западот мислеше), дава за знак дека знаеш нешто „плус“, а сега велиш не живееш ваму, таму, зборуваш за Македонија. Како ја споредуваш ако не знаеш како е на друго место?
И да, баш ме брига дали те заморува тоа да ме читаш или не, бидејќи членуваш на форум. Ако не си расположен/а (читај способен/а) за дискусија, дебата, жалам, бидејќи тука секое мислење би требало да биде прилагодено да развие дискусија... за тоа е нели? Во спротивно ќе си пишувавме сите во дневници, скриени зад седум брда и планини, и ќе си водевме монолози.
П.С. Свети Петар и не ти е некој релевантен сведок за состојбата на свеста на народот во однос на конкретнава тема.
 
- Па ќе стигнувам секако, јас секогаш далеку догурувам. Не ти го осудувам начинот на изразување, само го искажувам моето мислење, дека ми е мачно некако. Можеби е тоа поради фактот дека јас неќам многу,многу романтични луѓе, со романтични души и сл. Те имам читано низ др теми, така до пола стасував некако. Повеќе не сум можела. Како и да е.. Ја споредувам зш знам точно како е, ако сум моментално во Мк и живеам, можеби во претходниот живот живеев во некоја др Држава, од кај знаеш, тоа многу ми помага во заклучоците шо ги носам. ]:)