Психички проблем

skopje44556

Нов член
6 јуни 2015
9
12
3
28
Прв пат сум на форумов, и тоа маката ме натера да се зачленам, па ве молам за било каков совет, макар и критика. Сите имаат проблеми, кој финансиски, кој здраствени, кој семејни, нема човек без проблеми. Мене најголем проблем ми е тоа што имам психички проблем. Не можам да се социјализирам, немам ниту еден пријател (ни за на кафе), другите имаат најверојатно лошо мислење, и многумина ми кажале дека сум недружељубива. Во основно и средно бев исмејувана и понижувана од останатите врсници, а поимот другарка е за мене непознат. Дома сум постојано помеѓу 4 ѕида и тоа ме прави очајна. Немам самодоверба, не верувам во себе, а најголем непројател ми е стравот. И западнав во депресија. Сепак, сметам дека големо влијание има тоа што од дома, од најмали нозе бев малтретирана и психички и физички. Од најмали нозе не само што јадев ќотек и кога бев крива и кога не бев , туку секојдневно ми велеа дека ништо не вредам, дека не сум нормална и слично и тоа ми се всади во глава па и јас почнав така да мислам за себе. Никогаш од дома не сум добила ни љубов ниту ми помогнале да израснам во психички стабилна личност. Пораснав во личност без самодоверба, личност која не знае да се социјализира и да комуницира со другите, личност во длабока депресија, личност без однесување и карактер. И не не е период. Период не е нешто што трае со години и години. Извесно време одев на психијатар и пиев антидепресиви ама не ми помогна ништо, и преќинав, сега сакам пак да одам бидејки знам дека ми е потребна стручна помош. Ве молам за било каков совет. Што мислите според вас дали оваа ситуација може да се надмине, дали има решение?
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Тоа што како мала си била малтретирана од родителите ти е главната траума во целава твоја ситуација, тоа најверојатно те довело до овде
погоре рече дека во основно никој не те сакал дека дури сите биле против тоа и би те прашал која била причината за тоа да ти го прават?
знам дека во основно кај мене имаше едно дете кое постојано го навредуваа зошто се однесуваше многу мирно и многу учеше, гласот му беше по женствен па го зезаа а сега да го видиш детето е прав маж а тие што го зезаа си останаа исти малоумни
Јас еве имам друштво но можам да речам дека е исто како да немам, излегуваме надвор и секој на свој телефон седи и гледа што има ново на фб. Па кое друштво е тоа. За тоа што немаш ниту една другарка не грижи се, со текот на времето ќе најдеш некој истомисленик па ќе се здружиш
а за тоа што немаш самодоверба може да почнеш да вежбаш нешто, фитнес, јога и слично кое ќе те смирува и ќе ти ја зголемува самодовербата
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Гледам дека си многу длабоко навлезена аналитички во проблемов што донекаде го поздравувам тоа. Но, има и еден друг проблем а тоа е проблемот на приврзаноста за минатото. Никој од нас тука не може да ти помогне за тој дел, и самата мора донекаде да ја прифатиш трагедијата низ која што имаш живеено. Но тука се поставува прашање, колку можеш да прифатиш а колку да (си) простиш.
Да илустрираме нешто малку поинаку. Сите имаме проблеми. Не постои човек кој живеел во идеални услови а немал некои психички девијации. ЗАтоа што и премногу арното не е на арно исто како и лошото. Драматичноста во животот е исто толку опасна колку и монотонијата. Не постои идеална пропорција кај секој еден лик. Единствено е што мораш да се адаптираш на своите лични „проблеми“ за да ги воочиш следниот пат кога би те нагрнале. Тука нема „боље спречити него лечити“. Тука се работи само на второто, макар и цел живот да го вложиш во таа борба. Но пак ќе се повторам, мораш ти самата да се адаптираш за да што порано го воочиш проблемот и да знаеш што понатаму би следело за да се повлечеш и лечиш во себе.
Што се однесува за осаменоста (и простите броеви :zelen ) we all tend to be someone else за да бидеме прифатени во општеството. Не знам зошто е ова вака, дали е од стравот дека на крајот би останале сами. Јас би ти рекол можеби нешто „опасно“ а тоа е подобро да бидеш сама отколку со луѓе кои ни во очи не би те погледнале. А особено онакви кои би ја искористиле твојата повредена душа (можда и несвесно) за да утре те шутнат на првото буниште. Има и такви кои цел живот биле сами па не се почувствувале осамено. Можеби делуваат помалку себично но во вистинските очи секогаш ја заслужуваат почитта и го добиваат вниманието кое им е потребно. Ти сега можеби се плашиш да не останеш сама, што е во ред и секако тоа е разбирливо.
Како да го пројдеш сево ова, ќе се повторам - не можеш. Но тоа не значи дека е толку црно колку што мислиш дека изгледа. You need to adapt to the darkness, blend with it, become more content with yourself, наместо да очекуваш некој друг да те среди. Многу зезнато е посебно ова последното - да зависиш он некого, нешто. Што полесно си адаптибилна, тоа подобро. А адаптибилен може да се стане на многу начини. Еден е со констатни обврски од различен карактер. Учење на повеќе нови нешта се до моментот кога главата би ти била изморена од истите тие бомбардирања од сите страни. Then you settle. Till once again you emerge from the darkness. И така цело време во круг. Со тек на време капацитетот за учење нови работи ти се зголемува, кругот се шири. Но предтоа ќе мора неколку пати да извршиш метаморфоза на себе. За лично свој експеримент, самата ќе воочиш кога би била спремна за сево ова. Но мораш од негде да почнеш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kuklaa95, Altaïr and Lena

skopje44556

Нов член
6 јуни 2015
9
12
3
28
погоре рече дека во основно никој не те сакал дека дури сите биле против тоа и би те прашал која била причината за тоа да ти го прават?
Моето однесување и карактер. Бев многу слаб карактер. И се уште сум. Постојано бев сама во еден ќош, ме тепаа и исмејуваа. Кога ќе ми кажеа нешто не знаев да им вратам. Од дома ми всадиа во глава дека не вредам, за татко ми сум и секогаш бев копиле. И затоа и во школо не знаев нит сама да се бранам, нит имаше кој да ме одбрани. Еднаш едно машко ми ја удри главата од ѕид, другите се смееја, на никој не му беше гајле, дома им кажав, мајка ми само рече остај ме имам работа,не сфаќаше ништо сериозно, а таткоми само рече ту како не те утепа ќе не спасеше сите. Оставена сум сама на себе. Многу пати мајка ми да ме одбрани од татко ми она си јадеше ќотек. Еднаш еден пред сите кажа твоите те сакаат само за пред гости, тоа никогаш нема да го заборавам.
Седам само во моја соба, излегувам само кога треба за некои обврски, со татко ми се избегнувам, не излегувам од соба бидејки не сака да ме види, се чувствувам како во затвор, а да одам кај ќе одам?! А и не сакам мајка ми да ја оставам сама. Му реков на татко ми да се прибере или ќе го пријавам. Не знам како ме сфати ама јас бев сериозна. Тој си тера по негово, ама и на моето трпение има крај. Решив да воведам големи промени во мојот живот. Многу ми е тешко, но морам да живеам некако.
Фали ви многу за одвоеното време и за советите.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Моето однесување и карактер. Бев многу слаб карактер. И се уште сум. Постојано бев сама во еден ќош, ме тепаа и исмејуваа. Кога ќе ми кажеа нешто не знаев да им вратам. Од дома ми всадиа во глава дека не вредам, за татко ми сум и секогаш бев копиле. И затоа и во школо не знаев нит сама да се бранам, нит имаше кој да ме одбрани. Еднаш едно машко ми ја удри главата од ѕид, другите се смееја, на никој не му беше гајле, дома им кажав, мајка ми само рече остај ме имам работа,не сфаќаше ништо сериозно, а таткоми само рече ту како не те утепа ќе не спасеше сите. Оставена сум сама на себе. Многу пати мајка ми да ме одбрани од татко ми она си јадеше ќотек. Еднаш еден пред сите кажа твоите те сакаат само за пред гости, тоа никогаш нема да го заборавам.
Седам само во моја соба, излегувам само кога треба за некои обврски, со татко ми се избегнувам, не излегувам од соба бидејки не сака да ме види, се чувствувам како во затвор, а да одам кај ќе одам?! А и не сакам мајка ми да ја оставам сама. Му реков на татко ми да се прибере или ќе го пријавам. Не знам како ме сфати ама јас бев сериозна. Тој си тера по негово, ама и на моето трпение има крај. Решив да воведам големи промени во мојот живот. Многу ми е тешко, но морам да живеам некако.
Фали ви многу за одвоеното време и за советите.
Навистина ми е жал. Сега почни се некако од ново, сфати дека ваквиот живот не ти носи само добро, затоа застани на свој нозе. Како за почеток биди покомуникативна со луѓето се што правиш прави го слободно без да помислиш што ќе речат другите.
Тука пишува дека имаш дваесет години, може да побараш некаде работа во некој кафич или на некое друго место. Негативноста ќе се изгуби преку работата а ќе запознаеш и нови луѓе. Ако те вработат за постојано може и да почнеш да најдеш некоја гарсоњера под кирија.
Знам дека се ова е тешко изводливо но мора од некаде да почнеш да се потрудиш за подобар живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: skopje44556

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
@skopje44556 веќе си жена ало!!!!Барај работа,почни се одново,избриши глупостите од минатото и не толерирај ништо повеќе.Седи под ќирија ако треба за почеток,измачи се,зајакни,започни свој живот од сега па натаму.Што си чекала уште,тука на форумот може само да ти олесниме вака,ама ситуацијата со татко ти и мајка ти можеш да ја смениш само ти.Кажи му на сите,пријави го него,чим со мајка ти сте жртви на семејно насилство која е логиката уште да живеете таму?Те сфаќам во каков пекол си и дека нема да ти биде лесно,ама како што кажав веќе си жена способна да живее самостоен живот.Оди прво на психијатар,социјализирај се,запознај луѓе,смеј се,ЖИВЕЈ.
 

skopje44556

Нов член
6 јуни 2015
9
12
3
28
Фала ти за советот.
Лесно е да се каже да, кога човек не осетил на своја кожа. Мислиш јас не сакам да си одам? Мисслиш дома ми е убаво? Мислиш минатото тек така се брише? Лесно е да се каже оди на психијатар, оди си од дома, живеј. Ама не е така едноставно. Мислиш јас не размислував за ова?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Фала ти за советот.
Лесно е да се каже да, кога човек не осетил на своја кожа. Мислиш јас не сакам да си одам? Мисслиш дома ми е убаво? Мислиш минатото тек така се брише? Лесно е да се каже оди на психијатар, оди си од дома, живеј. Ама не е така едноставно. Мислиш јас не размислував за ова?
Минатото и да сакаш не може да го заборавиш но затоа ти си креатор на твојата иднина. Купи огласник и распрашувај се за работа, сигурно ќе најдеш во некој кафич каде ќе работиш и ќе обезбедиш бар за кирија. Не знам што факс учиш и што средно си завршила, но вработувањето ти е единствениот излез од оваа ситуација.
 

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
@Makedonec тоа и јас и викам,способна е сама да си спотера свој живот.Види,неможеш да очекуваш ништо од дома кај што си сега,само ќе си го продолжиш "минатото" за кое што зборуваме сега. @skopje44556 Што е толку тешко да започнеш твој живот?Те разбирам потполно дека ти е тешко поради тоа што глупостите и навредите кажани од други ти се всадени во твојата глава,чим се во твојата можеш и да ги искорнеш.Не оди на психијатар за да ти препише апчиња,оди на разговор,подобро кај психолог.Разговор ти треба,викаш немам никој,психологот нека ти биде порта за да се отвориш кон светот.Не мисли дека си безвредна и копиле,оти не си!Можеш да застанеш на твои нозе,само треба да ги решиш комплексите кои лица од минатото ти ги задале.Не си ставај ништо веќе на душа доста било до сега.Те молам послушај не и смени си го животот на подобро.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ќе прашам едно интимно прашање - каде, како и со кого живееш во моментот?
Која возраст си, дали имаш дневни облигации, дали некогаш си стигнала до стадиум кога си работела нешто и подоцна си ја изгубила работната позиција?
Не мора тука да ми одговориш ако се осеќаш незгодно, можеш преку приватни пораки.