Професор-хомосексуалец

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Пред некој ден, пријателка на мајка ми се жалеше како тоа дозволуваат хомосексуалец да го учел нејзиното дете.
И не можев, а да не се зачудам. Хомофобијата се носи на сосема неочекувани, нелогични нивоа.
Што ме наврати на подзаборавени сегменти т.е. нешто што воопшто не сум го ни гледала со некои други очи.
Пред две години имав професор што отворено беше хомосексуалец. Никогаш не сум размислувала за него на тој начин. Идеше, го предаваше материјалот што треба, и тоа го предаваше многу добро, јасно и на интересен начин. Беше одличен слушател, полн разбирање, добар соговорник, па и пријател. Никогаш не зборувал за детали од приватниот живот, ниту пак некогаш пробал да извлече наше мислење или да наметне нешто.
Лани дознавме дека заминал за Америка. Причините, мислам се очигледни.

И моја струка е тоа. Почнав речиси секојдневно да гледам како функционираат работите по училиштата.
И ме чуди како родител попрво ќе затвори очи на тоа дека детето му е психички малтретирано од професор од кој има страв да се појави на час, но е, нели, традиционален тип, а крева узбуна за човек чија приватност не (или не би требало да) игра улога во школските лекции.
Ако одиме во тие екстреми, дека професорот ќе го „преобрати“ ученикот...што да правиме со овие кои потскриено имаат педофилски нагони, може по дома имаат латекси, униформи и штипки за брадавици, може се разведени и потресени, или ред други „неморалности“?

Да не навлегуваме во тоа кој, зашто и како е хомосексуалец, има тема за тоа, туку да збориме дали истиот би имал влијание врз детето преку образованието.
И сега? Може ли навистина еден професор да има влијание да „обрне“ еден ученик?
Нормално, знаеме дека може да варира однесувањето од човек до човек, но дали воопшто мислите дека тој професор би го наведувал вашето дете да размислува за нешто поразлично од лекцијата?
Би се бунеле ли зошто баш тој? Сеедно ли би ви било? Би го учеле/советувале ли детето да гледа на него поинаку?
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Да бе. Интересен народ сме. Дозволуваме пијаници да ни ги учат децата, потоа професори на факултет да спијаат со студентка заради подобра оценка, ама затоа хомосексуалци да бидат професори не сакаме. За мене е ок, се додека си ја врши работата за која е платен. Мене не ми е гајле дали дома во слободно време трти или го тртат, или дали жена му го тепа.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Вo секoј случaј би сaкaлa дa знaм штo чoвек е, aмa не пoрaди негoвaтa сексуaлнa oпределенoст, тoa вooпштo не ми пречи aкo се рaбoти зa дoбaр и пoсветен рaбoтник вo кoгo би имaлa вербa дa гo oстaвaм дететo.
И искренo, хoмoсексуaлците ги гледaм кaкo пoвеќе пoсветени и пoвеќе спoсoбни зa пoкaжувaње љубoв (мaдa немa врскa нештo љубoвтa сo училиште) некaкo ми се кaкo мнoгу дa дoживеaле и прoживеaле низ живoтoт пред дa успеaт дa зaстaнaт пред другите oнaкви кaкви штo се вистинa и aкo тoј прoфесoр јaвнo си се деклaрирa кaкo хoмoсексуaлец, мислaм декa пoвеќе би имaлa пoчит спремa негo, oткoлку стрaв, недoвербa и предрaсуди. И мoетo дете ќе биде тaкa нaученo.
Акo е чoвекoт oк сo негo, кoректен кaкo прoфесoр спремa ученик, тoгaш вooпштo немa врскa дaли е хoмo, рoм, црнец...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_- and Y1K991

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сериозно во Хунзистан некој професор јавно излегол од клозетот? :eek:

Во џунглата на државното образование професор-peder е најмал проблем.
Илјадници се вмр-офци што според мојата перцепција е бескрајно полошо него peder...

И искренo, хoмoсексуaлците ги гледaм кaкo пoвеќе пoсветени и пoвеќе спoсoбни зa пoкaжувaње љубoв (мaдa немa врскa нештo љубoвтa сo училиште) некaкo ми се кaкo мнoгу дa дoживеaле и прoживеaле низ живoтoт пред дa успеaт дa зaстaнaт пред другите oнaкви кaкви штo се вистинa и aкo тoј прoфесoр јaвнo си се деклaрирa кaкo хoмoсексуaлец, мислaм декa пoвеќе би имaлa пoчит спремa негo, oткoлку стрaв, недoвербa и предрaсуди. И мoетo дете ќе биде тaкa нaученo.
Акo е чoвекoт oк сo негo, кoректен кaкo прoфесoр спремa ученик, тoгaш вooпштo немa врскa дaли е хoмo, рoм, црнец...

Па и не баш, гејовите се склони кон патолошки промискуитет with heavy toll on their lifespan...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сериозно во Хунзистан некој професор јавно излегол од клозетот? :eek:
Излезе од клозетот, ама и од клозетов наречен Македонија излезе поради тоа.
Трагичното е што универзитетски професори, од кои, нели, се очекува да се академски граѓани, интелектуалци и со отворени умови, му стварале пекол на работа. Се бунеле, настрани муабети му префрлале, било кое несогласување одело кон неговата сексуалност...и нормално, му пукнало на човеков.
Сепак, понормално им било кога професор (троа постар) си фатил женска од студентките, па си ја носел и на апсолвентска со колата (му го збиберила со тоа што го оставила откако ѝ обезбедил место на катедра...интересни се сега за гледање). Исто е океј и професорот што те тера да му ги купиш речниците кои ги продава по 7.000 и ветува 10ка со нив зашто тогаш ти дозволува да препишеш што ти душа сака, а ако не купиш, те бута некои 4 пати за да презапишуваш и така да ги надокнади истите пари ко за речниците, плус тогаш Интерпол те чува на испит и немаш право на увид зашто шансите се дека си положил (лично искуство, мада мене од втора ме пушташе, има луѓе што уште не дипломирале ради него).
Битно гејов не беше у реду. Неговото влијание било негативно врз заедницата и студентите...али тоа е кога ќе си зацрташ нешто за некого.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Се дур не предава хомосексуалност, неговата сексуална ориентација е тотално небитна и нема зошто да се зема во обзир.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Кога ќе имам деца и кога ќе се школуваат,пред се најважно ќе ми биде да се здобијат со знаење,нормално ќе ме засега каков професор ќе им предава.
Под тоа подразбирам дали е човек или нечовек,дали знае да го пренесе знаењето или не,и каков е неговиот однос спрема нив(пријателски,строг).
Неговиот приватен живот,неговатасексуална,нацлионална и верска припадност нема да ме засега се додека не го наметнува тоа врз децата.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Не гледам зошто би се бунеле против еден таков професор се додека коректно се однесува И тој е човек и професор како останатите професори
Би бил против тоа да остане на позицијата професор доколку своите интереси ги претставува и споделува пред учениците со цел да им укаже на децата што е тоа хомосексуалец односно да ги бара своите права и да ги искажува своите фрустрации а тоа да е училиштето кое не е место за тоа или ако им се додворува на учениците
но се додека се придржува кон својата професија професор без разлика хомосексуалец или не не би имало никаков проблем
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Прво сакав да кажам дека за мене има разлика од "п***р" до "хомосексуалец". Првото е понашање а второто сексуална ориентација, if you know what I mean. Пошто има хомосексуалци кои се сосем обични мажи и никогаш не би ни помислиле на нивниот сексуален избор, ама другиве мажи кои што се виличат и не личат на мажи ми се бљак.
Он: Не би ми било сеедно од каков кадар мое дете секојдневно ќе апсорбира ама тука не доаѓа до израз онаа поделба поради предрасуди, тука се гледа дали некој е човек или не.
Се додека некој е "човек" и фино си ја врши својата работа ич не ми е гајле дали е: хомосексуалец, стрејт, атеист, албанец или ром рецимо...
 

Fenix

Нов член
8 март 2015
4
2
3
Ме интересира само една работа. Како мајкава донела заклучок дека професорот е геј? И дали тој во текот на предавањата се обидел да ги ''наметне'' своите лични убедувања и ставови околу хомосексуалноста?