Прослава поради развод на брак

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Група оженети/омажени фрлаат бидермаери кон славеникот/чката кој/а е свртен/а со грб. Чиј бидермаер ќе го фати, тој има поголеми шанси за развод.

:zelen
Замисли анти-свадба на маж и жена припадници на Црна Ружа. со црна миса и сите марифети :rofl само дали кај нив анти-свадбата би била actually стапување во брак?!
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мене ме интересира, ако некој пар се венчал во црква или џамија или сл. стапуваат во брак пред Бог и притоа се обврзуваат дека ќе бидат заедно во добро и лошо, време и невреме се` дур смртта не ги раздели, дали разводот значи „Господи, пу пу не важи тоа... знам дека се заколнав, ама јeбеш га, сметај дека другиот умрел и смртта не` разделува.“?

Јас сеуште не гледам причина за славење во развод.
Ко прво си донел одлука која се испоставила како грешна за тебе после Х денови; неодреден број > X >= 1;
ко второ си изгубил време поради таа грешна одлука (најверојатно залудно)
ко трето додатно трошиш пари за славје поради ступидна причина
....

Не го мислам ова само за бракови, туку и за врски кои траеле по повеќе години. Биле заедно 10 години, раскинале и после славје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Иако разводот е секојдневие и луѓето се разведуваат и за најбанални причини, јас лично разводот би го доживеала како мој голем неуспех...
Дури и да постоела некоја причина поради која тој брак завршил, која била неиздржлива и неприфатлива, сепак би го доживеала како неуспех...Не дека тука би ми завршил животот, напротив ама се разбира во никој случај не би ми било драго...
Овие прослави околу разводот ми звучат премногу снобовски и холивудски...Гледајте ме, се разведов и уживам?!
Па и да ти е мило што завршил бракот, не гледам причина за чаламење...
Во Македонијава наша е процедура дури да се разведеш, тоа е процес кој трае години, па години се расправа кај ќе одат децата, па години поделба на недвижен имот и покуќнина...тоа ти се стресови, трауми и нервози до бескрај, да не ги спомнувам трошоците околу адвокатите и судските такси...И откако ќе ти ја одерат кожичката ќе ти биде до славење и дали воопшто ќе имаш пари за славење или ќе размислуваш како ќе се истурка утрешниот ден и што ќе им дадеш на децата да јадат....
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Како е тргната работава со будалштините, за неколку години и погребите ќе почнат во хотел со жива музика да ги прават.
Ако покојникот изрази таква желба за својата сахрана,зарем нема да му ја исполниш?Хаха
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Ако покојникот изрази таква желба за својата сахрана,зарем нема да му ја исполниш?Хаха
Е да бе ова Јонче Христоски е...да не сакат и музички желби, огномет и торта на 3 спрата и свеќи да му запалиме на тортата.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Не се согласувам и не ми е јасен овој глуп настан.
Кај нас едвај се крпат трошоците по свадбите за околу 300 гости (пошто немало смисла да не ги викнеш сите-македонска работа) па уште трошок за разделба,ноу веј!
Поарно парите што некој би ги наменил за прославата за разделба нека си уплати за некој убав одмор на море,отколку да части некој што се радува на развод.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Violet and escape

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Не се согласувам и не ми е јасен овој глуп настан.
Кај нас едвај се крпат трошоците по свадбите за околу 300 гости (пошто немало смисла да не ги викнеш сите-македонска работа) па уште трошок за разделба,ноу веј!
Поарно парите што некој би ги наменил за прославата за разделба нека си уплати за некој убав одмор на море,отколку да части некој што се радува на развод.
Прославата за развод е индивидуално како за свадба,сакаш 300 гости или 100,или пак само најблиските во некоја кафана и толку.Почнаа и кај нас "да слават"за разводот,и мислам дека е убаво,со неколку пријатели да се седне и да се "прослави"повторно нов статут во животот.Со овој чин полесно се пребродува тагата, а и да се наздрави за нов поубав почеток.Честитките,тортите и хуморот во тие ситуации се баш да се даде расположение за да нема солзи,па и тоа да остане во спомен оти се е тоа Човечко.