Просење

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Да бе 100 години од просење се издржувал, па дури изгледал како 70. Тој ако стварно доживеал толку сигурно не е без ич, преку ден е просјак, а навечер си оди во куќа со 4 спални.
Повеќето се сомневаа во истото.
 
Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
На паркингот спроти трговски, спроти Холидеј Инн, проси млад човек веднаш до куќичката каде се наплатува, не можеш ни да дојдеш за да наплатиш, тој се втурка до тебе. Секогаш бара 10денари. Јас му реков не стој тука тргни се малку и му дадов пари.Тој ми се сврте почна да вика по мене, дека немал за леб затоа стоел тука, ме изнакара, ме извреѓа. Човекот кој работи на паркингот ништо не кажа, веројатно се договорени и си делат пари. За 15 мин додека ја почекав другарка ми изброев дека доби 100 денари.Сите му даваа, зашто тој грубо им бараше, а тие кои не сакаа викаше по нив. Да бидам искрена , ако се израчуна колку му е дневница за 8 часа, таа е многу повеќе од било кој тука да заработува.
Ем дадов пари, ем ме изнавреѓа и ме вознемири, ем бев бесна на себе а и на целата мафија таму.
 
Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Имав баба кој ми велеше, немој да си поминела покрај некој што проси а денарче да не си оставила, во гроб ќе ти се превртувам да знаеш.
И така одсекогаш колку имам ситно давам, не да се искупам за гревот, туку за да не се превртува таа. Но се чудам ако не е тоа 10 денари, толку мрско ќе те погледнат некои од нив, дури и ќе те колнат зашто не си им дала повеќе.Тоа ми смета, не мора ни фала да речат, ама да те вреѓаат не бива.
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
На паркингот спроти трговски, спроти Холидеј Инн, проси млад човек веднаш до куќичката каде се наплатува, не можеш ни да дојдеш за да наплатиш, тој се втурка до тебе. Секогаш бара 10денари. Јас му реков не стој тука тргни се малку и му дадов пари.Тој ми се сврте почна да вика по мене, дека немал за леб затоа стоел тука, ме изнакара, ме извреѓа. Човекот кој работи на паркингот ништо не кажа, веројатно се договорени и си делат пари. За 15 мин додека ја почекав другарка ми изброев дека доби 100 денари.Сите му даваа, зашто тој грубо им бараше, а тие кои не сакаа викаше по нив. Да бидам искрена , ако се израчуна колку му е дневница за 8 часа, таа е многу повеќе од било кој тука да заработува.
Ем дадов пари, ем ме изнавреѓа и ме вознемири, ем бев бесна на себе а и на целата мафија таму.

На истиот паркинг пред 3 месеци, ми доаѓа едно типче и вика: Брат, ми фалат уште 130 денари да си одам за Битола, ме пуштиа од затвор синоќа спиев надвор, треба да си одам дома и си викам сега ако го извадам новчаникот пред него овој ќе ми го собере, зошто човек од затвор каков може да е, и нема везе чекам другар, овој си замина и оп налетува на едни германци кои престојуваа во Холидеј Ин, и братот оп цепа германски, човекот вадење 50 евра си ги прибра во џеб, и продолжи да прашува по други луѓе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Такви сутуации во кои просјаците лажат и манипулираат има безброј, но криво ми е кога поради нив патат вистинските бездомници. Неколку пати ке се изгориме од оние лажните и потоа кога навистина треба да дадеме, ние ладнокрвно поминуваме како ништо да не гледаме пред себе. Пред зградата во која живеам често гледам едно семејство роми како претура по контејнерите и собираат пластични шишиња и хартија. Со нив носат 5-6 мали дечиња. Едно од децата, најголемото кое нема повеќе од 7 години проси додека родителите собираат од контејнерот. Нормално дека му дадов ситно колку што имав, ама онака, со резерва, без некоја посебна емозија бидејки знам за тоа дека деца се изнајмуваат за просење, а и често си помислувам какви се тие родители кои ги пуштаат децата да просат. После неколку дена врнеа силни дождови. Се враќав накај дома и го видов таткото како под едно дрво стои со дечињата и го соблекува палтото за да ги покрие. Ги гушкаше со многу љубов... глетката беше неверојатна. Од тогаш почнав да ги посматрам и забележав дека не се од оние кои манипулираат, туку дека навистина немаат друг избор. Им дадов облека за дечињата, она што веке им е мало на моите деца, им давав храна секогаш кога ке ги видев... Неописливо е чувството кога ке му се помогне на некој. Тој поглед што го упатуваат, таа благодарнот... Во тој момент разбираш дека поради тоа давање и помаганје најмногу вреди да се живее, дека секоја битка која нашето его ја води со светот е толку неважна, проѕирна, невистинска...
Затоа сакам да ви кажам дека дури и да не сте сигурни дали навистина им треба или не, давајте колку што сте во можност. 10 ден. нема никого да осиромашат, а тие 10 денари на некого многу му значат. Можеби од 50 просјаци, само еден е навистина без дом и без храна, но не вреди поради оние другите баш него да го заобиколите.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel

Како ќе знам дали некој лаже или стварно му требаат? И зошто да давам ако не сум сигурен, ако не сум сигурен не давам. Нека фатат некоја работа а не да сум му дал 10 денари. За тие што лажат мислам, тие вистинските добро, би им дал некогаш.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Како ќе знам дали некој лаже или стварно му требаат? И зошто да давам ако не сум сигурен, ако не сум сигурен не давам. Нека фатат некоја работа а не да сум му дал 10 денари. За тие што лажат мислам, тие вистинските добро, би им дал некогаш.
Ако веќе размислуваш на тој начин, тогаш зошто би работел кај некој кој би ти плаќал бедна плата и притоа ти секојдневно да доживуваш стресови, додека тој се збогатува на сметка на твојот труд?
Врти-сучи насегаде има луѓе кои те манипулираат. Има такви кои ни се најдобри другари се додека ги честиме, партнери кои се до нас додека сме финансиски добро обезбедени, дури и сопствените деца не манипулираат за пари.
Што е толку траѓично ако еден непознат човек те изманипулира за 10 денари?
Што сака нека прави со нив, ти немаш никаква одговорност за тоа како тој ке ги потроши парите. Наместо да се потресувате каде просјаците го трошат она што им го давате, внимавајте каде вашите деца го трошат она што го добиваат од вас и обратно, каде вие трошите кога некој ке ви даде.
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Во која и друга работа да е или ситуација и здрав и материјално обезбеден човек ќе те изманипулира кога странува збор за пари не па за некој што таквиот начин за живот го искористува. Има луѓе на кои стварно им е потребно помош и нормално дека оние од другана страна кои се манипулатори ќе го искористат тоа и ќе ја злоупотребат чесноста на тој што мине. Али ја тргнувам од тоа, без разлика за што му се и дали стварно му е потребно, колку имам ќе дадам, дали биле пари или јадење, мене ми е мило на душава. Од друга страна за оние кои ги тераат своите деца да просат или најмуваат деца да собираат пари, жалосно е за децата, тие трауми , таа судбина никој не е заслужен да мине низ тоа. Имаше една жена со детето седната накај пазар кај нас и татко ми со пријателите секој ден минеле и ја гледале. Тоа сирото босо на студот. И татко ми отишле му купиле патики и чорапчиња и и рекле секој ден минеме , гледаме, нека не шета дететнцето босо ладно е грвота. Наредниот ден таа пак го соблекла. Пак ќе речам, ах тие деца и тие души што не заслужиле да минат таков живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Прочитав денес дека некој град во северозападна Италија, донел одлука, поради многу проблеми што има со питачите, да се казнуваат сите минувачи што ќе им остават пари. Интересна одлука, неможеш да го казниш тој што нема со што и нема никогаш да ја плати казната, туку минувачите.
Во многу држави постојат закони за казнување на питачите, во Грчка мислам дека има и казна затвор од 6 месеци за тој што ќе се фати како проси.
Навистина би сакала и јас некако да се "очистат"улиците во нашево Скопје од преголемиот број на питачи а нарочито ме вадат од такт кога ке застанам на семафор и ке почнат да ми размачкуваат стакла на кола со тие нивни сунгери и крпи а изричито им велиш дека несакаш да ти ги измијат..па уште и ке те опцујат:( на крај ако не им дадеш пари.
 
Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Ги има насекаде во цел свет, но точно е дека не им е дозволено да се стационираат било каде.
На пример овдека во Канада не им е дозволено во строг центар, но затоа малку подоле ги има по семафорите.
Генерално поради менталитетот на лугето овдека, тие што бришат прозори се прифатени од лугето и пола од лугето им даваат пари.
Сум разговарал на таа тема овдека и заклучок од тоа беше дека, наводно не било срамота да се работи и заработи од било што чесно.
За разлика од нив клошарите низ даунтаун не смејат да ланѕаат насекаде по лугето, се рачуна тоа за малтретирање. Наместо тоа секогаш се стационирани на неколку места и статично седат со некоја кутија или капа, па кој поминува ако сака може да им остави пари.
Истото важи и за уличните свирачи. Метроата во зимно време се нивно престојувалиште, најчесто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija