Просек за во средно

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Еве ти до детаљ како се пресметуваат поените:

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:
 среден успех на ученикот од V - VIII одделение;
 среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
 дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
 средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.
Во средното уметничко образование (музичко, балетско и ликовно) и спортската гимназија, училиштата утврдуваат дополнителни критериуми.
За средниот успех од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (средниот успех(=збирот на оценките поделен со бројот на предмети од соодветното одделение) од петто, шесто, седмо и осмо одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
За средна вредност од поените за поведение од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од петто, шесто, седмо и осмо одделение поделен со 4).
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.
За општа мислам дека се рачунаше просекот и од математика и историја, за историја не сум сигурна. Ако ги најдам ливчињата од лани ќе пишам.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
m.i.m.i еве и ова може ќе ти послужи, во право сум била за додатните предмети. Иако не е наведено мисалм дека ќе ти треба потврда за примани вакцини.
Не се замарај уште сеа, сигурно ќе ви држат предавање во 8мо. Кај нас држеа предавање од школото и имаше презентации од гимназиите. Темава ќе и се најде сега на осмооделенци, ако уште не се се запишале.

2.jpg3.jpgdokumenti.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims and m.i.m.i

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Во Ј.Б.Тито,Никола Карев,Корчагин,Ѓорги Димитров и другите појаки гимназии и школи се бара по 60 поени а во послабите се бара помалку....ама 80 % бараат 60 поени...гледам дека ти сакаш да се запишеше во доста јака гимназија така да ке ти требаат 60 поени :D
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
ако имаш само 2 четворки најверојатно ке имаш отприлика 70 поени па ке можиш да се запишиш ка јсакаш ..
Јас ко се запишвав на времето имав 75 поени ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
ако имаш само 2 четворки најверојатно ке имаш отприлика 70 поени па ке можиш да се запишиш ка јсакаш ..
Јас ко се запишвав на времето имав 75 поени ..
Исто и јас имав 75 поени...ама бев 5.00 сите години и се запишав каде сакав....ама за неа и е можно да има проблем во јаките гимназии...зашто тамо се запишуваат 99% 5.00 и нормално тие ги примаат и остануваат уште некои ситни места за оние што не се 5.00 и тие најчесто влегуваат децата со врски :) :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jackal

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Уште едно прашање (знам дека сум досадна,повеке не прашувам)
Дали со 2 четворки можам да се запишам во медицина?

Можеш и во медицина, ама зависи на кој смер сакаш, и да си сосема одлична без четворки ако има голема конкуренција ќе полагате приемен испит. Јас кога се запишував фармација полагавме биологија и хемија и имаше ученици кои иако имале 5,00 просек 4 години не беа примени поради лоши резултати на испитот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Чим си одлична сите години ќе те примат не се секирај..
Кај нас дури и ги намалувале криттериумите за запишување од толку слаби деца што има и неможат да се запишат средно -.-