Просек за во средно

m.i.m.i

Нов член
Може да ми кажете колку поени треба да имаш за во гимназииве во Скопје?
И како се пресметуваат поените?
Ваква тема не најдов па затоа отворив и ке ви бидам благодарна ако ми одговороте!:)

 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
па немаш гајле ќе си се запишеш каде сакаш и не му ја мисли уште од сеа (само гледај помини одлична и во 8одд):)
 

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Еве ти до детаљ како се пресметуваат поените:

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:
 среден успех на ученикот од V - VIII одделение;
 среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
 дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
 средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.
Во средното уметничко образование (музичко, балетско и ликовно) и спортската гимназија, училиштата утврдуваат дополнителни критериуми.
За средниот успех од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (средниот успех(=збирот на оценките поделен со бројот на предмети од соодветното одделение) од петто, шесто, седмо и осмо одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
За средна вредност од поените за поведение од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од петто, шесто, седмо и осмо одделение поделен со 4).
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy, m.i.m.i and JaMi