Програмибилни логички контролери

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Почетокот на PLC-то се врзува за касните 60’ и раните 70’ години од минатиот век, а настанаа врз база на конвенционалниот компјутер од тоа време. Нивната првобитна примена е во автомобилската индустрија, со цел да се скрати времето на застој во производството при промена на производниот процес. Припремата на погонот за производство на нов модел на автомобил траела неколку месеци, подразбирала преповрзување на панелите и ормарите преполни со жици, релеа, тајмери, склопки и други, воглавно електро-механички компоненти, со помош на коиво тоа време, се реализирале управувачките единици. Со воведувањето на PLC-то, се овозможило репрограмирање ˝преку тастатура˝ и со минимално додатно преповрзување, а времето на застој се скратило на неколку денови.

Првите PLC контролери беа едностави уреди за on/off управување и се користеа како замена за застарената релејна техника. Меѓутоа, тие PLC контролери не можеа да обезбедат посложено управување, како што е управување со температурата, притисокот, нивото и сл. Во меѓувреме, производителите на PLC контролери развија и вградија во него бројни подобрувања и функционални надградби. Современите PLC контролери можат да обавуваат многу сложени задачи, како што се управување со прецизно позиционирање и управување со сложени технолошки процеси. Исто така, брзината на работа на PLC контролерот е значајно подобрена, како и програмирањето кое е олеснето. Развиени се бројни модули со специјална намена за примена како што е радио комуникација, визија па дури и препознавање на говорни команди.
Се смета дека инженер со познавање на релејна логика може да ги совлада основните PLC функции во рок од неколку сати. Слично важи и за инженер со познавање на дигитална електроника. За совладување на посложените функции и можности на PLC-то доволни се неколку недели или еден курс.
предности пред релејниот систем.
Флексибилност.
Лесно менување на програмата и корекција на грешки.
Голем брoј на контакти
Ниска цена
и други..


Јас веќе втора година работам со ПЛЦ во школо и можам да кажа мдека ги имама совладано доста добро... Дали некој од вас има работено со вакви или сеуште работи па да размениме искуства..
доколку некој сака теоретска помош окулу функционирањето и програмирањето на ПЛЦ нека ме контактира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheFrisb and emzzy

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
siemens-plc-s7-300-i4.jpg


вакви имам јас на школо и ги имама совладано доста добро.... некој дакажи некое искуство со ПЛЦ или никој се нема занимавано со ваква работа?
 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
еееее колку шеми сум цртал од овие .. 3-4 часа ми беа споени овој предмет,умирав.... сиурно и ти си електроника
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
да само јас лани имав 7-8 часа споени... оваа година едниствено со проектната се занимавам со ПЛЦ . со ледер програмирање или со стејтмент имаш работено?
 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
ледер програмирање ми е познато ,сиг сме учеле :D незнам јас не бев многу по учењето,па не сум се задлабочувал во овие работи
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
dscn1326a.jpg

dscn1327e.jpg

dscn1328kv.jpg


Дел од опремата во техничко на која јас работев минатата годинаи оваа година имав за проектна задача да ја испрограмирам целата оваа машина да работи автоамтизирано. Инаку целата опрема е донација од сименс во вреднос од окулу 200 илјади долари.. не е само овај дел во кабинетото има и уште 5-6 работни маси со ПЛц с7-300 , компјутерите се со лиценцирани степ 7 програми кои се користат за програмирање на ПЛЦ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Wild.One

Magnum

Нов член
8 јануари 2013
2
0
1
35
Почетокот на PLC-то се врзува за касните 60’ и раните 70’ години од минатиот век, а настанаа врз база на конвенционалниот компјутер од тоа време. Нивната првобитна примена е во автомобилската индустрија, со цел да се скрати времето на застој во производството при промена на производниот процес. Припремата на погонот за производство на нов модел на автомобил траела неколку месеци, подразбирала преповрзување на панелите и ормарите преполни со жици, релеа, тајмери, склопки и други, воглавно електро-механички компоненти, со помош на коиво тоа време, се реализирале управувачките единици. Со воведувањето на PLC-то, се овозможило репрограмирање ˝преку тастатура˝ и со минимално додатно преповрзување, а времето на застој се скратило на неколку денови.

Првите PLC контролери беа едностави уреди за on/off управување и се користеа како замена за застарената релејна техника. Меѓутоа, тие PLC контролери не можеа да обезбедат посложено управување, како што е управување со температурата, притисокот, нивото и сл. Во меѓувреме, производителите на PLC контролери развија и вградија во него бројни подобрувања и функционални надградби. Современите PLC контролери можат да обавуваат многу сложени задачи, како што се управување со прецизно позиционирање и управување со сложени технолошки процеси. Исто така, брзината на работа на PLC контролерот е значајно подобрена, како и програмирањето кое е олеснето. Развиени се бројни модули со специјална намена за примена како што е радио комуникација, визија па дури и препознавање на говорни команди.
Се смета дека инженер со познавање на релејна логика може да ги совлада основните PLC функции во рок од неколку сати. Слично важи и за инженер со познавање на дигитална електроника. За совладување на посложените функции и можности на PLC-то доволни се неколку недели или еден курс.
предности пред релејниот систем.
Флексибилност.
Лесно менување на програмата и корекција на грешки.
Голем брoј на контакти
Ниска цена
и други..


Јас веќе втора година работам со ПЛЦ во школо и можам да кажа мдека ги имама совладано доста добро... Дали некој од вас има работено со вакви или сеуште работи па да размениме искуства..
доколку некој сака теоретска помош окулу функционирањето и програмирањето на ПЛЦ нека ме контактира.
 

Magnum

Нов член
8 јануари 2013
2
0
1
35
Druze sakam da te prasam dali imas nesto materijal vo elektronska verzija za programiranje vo step 7 i dali k e mozis istiot da go prikacis ili pratis vo mail.
fala.