1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Проблеми со нос

Дискусија во форумот 'Општи здравствени проблеми - прашања и одговори' започната од MissChievous, 11 јануари 2015.

  1. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Не знам дали е до синусите, но веќе 2 дена ме "голицка" носот и поради тоа, постојано ми доаѓа да кивнам. Се почна со грлото пред недела дена, не ме болеше ниту пак кашлав, но постојано имав чувство како да ме голицка и гребе. Се препив чаеви (како и секогаш), конзумирав Fervex и Strepsils, зголемив внесување на витамини, како преку апчиња, така и преку внесување на поголема количина на овошје. Вчера и денес речиси и да немам никаков проблем со грлото, но затоа пак сега имам со носот. Кивам преку 20 пати на ден, а добивам нагон за кивање на секои 2-3 минути. Се убив од дување на носот, мислам дека очите ќе ми испаднат. Си направив комбинација од вода со сол и бикарбона за прочистување на носот и помага моментално само.

    Има некој идеја како можам да го средам проблемов? Ај што веќе ми е преку глава од ова, него не можам на работа да бидам целата разлигавена и вцрвенета... Не се осеќам физички лошо, не сум настината, едноставно ме мачи "голицкањето" и преголемата секреција на носот.
     
  2. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Мене ми се случуваше многу пати ова да имам голицкање во грлото и правев некој чуден звук за да го "чешам"...
    Јас имам алергија на дерматофагоиди чинам се викаа и во поново време излезе дека сум на полен од трева.
    По кажувањето погоре ми делува на алергија.Јас шприцам некој спреј беконазе секои 12 саата.Претпоставувам немаш правено алерго тест?
     
  3. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Немам правено до сега таков тест, а и немам приметено до сега никогаш дека сум реагирала на нешто. Не верувам, а и се надевам дека не е алергија. Нешто што ми паѓа на памет е тоа дека во последните месец дена започнав да седам секој ден во соба со пуштена клима (за топлење). Башка константно ми е ладно (поради недоволно топлење) и со саати секој ден се тресам од студ. Ама па од друга страна не се осеќам болно, освен ако Fervex-от ја завршил својата работа.

    Едит: спрејот се вика Беконазе, така да го барам во аптека?
     
  4. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Поим неам ама зашто и да не си сигурна...алерготест е многу едноставна и ефтина работа.Сеа муабетот со климата ако испадне евентуално дека ти го суши воздухот па со тоа има некаква поврзаност...
    Еве линк читни па може ќе се пронајдеш (неќам да запињам дека имаш алергија ама можно е)
    http://pletenje.mk/3753/familija/ova-se-sigurni-znaci-deka-vaseto-dete-ima-alergija
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  5. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    Мислам дека е алергија, симптомите совршено одговараат. Можно е да е клима уредот бидејки од него излегува насобраната прашина, а не е непознато дека внатре во нив может да се развиваат бактерии. Препорачувам добро чистење на клима уредот или замена со некое друго грејно тело.
    Некои алергии можат да се појават подоцна во животот. Такви алергии се алергијата на прашина (што мислам дека ја имаш), алергијата на полен, алергијата на освежувачи за простории, алергијата на никел итн.
     
    На JaMi и MissChievous им се допаѓа ова.
  6. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    @MissChievous спрејот ми го има дадено специјалист и не знам баш дали иде без рецепта и дали смееш да го примаш на своја рака иначе се вика Flixonase
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  7. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Овавезно рецепт.
     
  8. Ditto+Maker

    Ditto+Maker Истакнат Член

    Зачленет на:
    8 декември 2014
    Мислења:
    351
    Допаѓања:
    254
    Јас имам алергија на полен и секоја година примам Flixsonase и многу ми помага. Ако имаш алергија, веројатно овој ќе ти го препишат.
     
  9. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Во зима не верувам дека има полен ама претпоставувам го препишуваат како во мојот случај за домашна прашина
     
  10. Ditto+Maker

    Ditto+Maker Истакнат Член

    Зачленет на:
    8 декември 2014
    Мислења:
    351
    Допаѓања:
    254
    Мислев во пролет и на почетокот на летото.
     

Сподели: