Проблеми или илузија?

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Повеќето млади луѓе од 20-30 години, кои се во моето опкружување, секојдневно се под некаков стрес и постојано се жалат и сите други им се криви.
Паднал на испит. Девојка му се нелутила. Немал пари да отиде на одмор. Се скарал со брат му.
и многу други вакви „проблеми„, но дали се ова вистински?
Секогаш нашето его, бара што нешто го немаме и неможеме да се опуштиме и да го живееме сегашниот момент. Навистина е смешно, млада девојка или дечко ерген да се жали на проблеми, како ќе се справиш со проблемите кога ќе имаш деца, кога ќе станат родители..тогаш ќе размислува да се убие?

Реален проблем е глад, тој што нема и неможе да се напие чиста вода, што нема што да јаде, зошто некои чичковци со кравати, така сакале. Луѓе боледуваат од тешки болести, денеска замина од овој свет младо девојче од нашата земја, заради нашата неспособност и алчност! А некој здрав прав, со двце раце и нозе, со кров над глава, си мисли дека цел товар од светот му е ставен на грб. Не се согласувам.

Дали имате и вие вакви луѓе во вашето опркужување, можеби вие сте еден од нив. Зошто дозволуваме/те да надвладее егото? Зошто мислиме/те дека е толку тешко? Многумина проблеми се решаваат најголем дел од нив се заради не добра комуникација, заради не почитување, заради гнев, бес и тн.

Ќе се навратам пак и надополнам мислењето.

Дали сметате дека нашиве секојдневни проблеми со примерите кои ги дадов погоре, треба да им обрнуваме толку многу внимание и да им дозволуваме да не фрлат во депресија?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, malo and MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Па наведените примери мене повеќе ми личат на “божемни“ проблеми...Сето тоа е минливо...Некогаш здоболува ама не е нешто нерешливо...
И да си се скарал со партнерот, можеби ќе се изнервираш, ќе бидеш повреден или навреден ама сепак а крајот ќе се смирите и се’ ќе биде како ништо да не се случило...Исто и ако се скараш со брат, сестра, родител...
Тие не се вистински проблеми, тие се конфликти...или непријатни периоди од минлив карактер...
Она што е вистински проблем, барем денес и кај нас, е борбата за егзистенција...Кога заработуваш минималец, имаш две деца, секој ден стравувааш да не ти ја исклучат струјата, се чудиш што ќе се јаде денес и не знаеш што да правиш за да дојдеш до повеќе пари...
Годините си врват, сите огласи се за личности до 29 години, немаш стаж, немаш здравствено осигурување, имаш болно дете, или болен член во семејството, живеееш со кирија, немаш решено станбено прашање...
Е тоа се проблеми од кои боли глава...
Се’ останато е ветар во магла...
Ама како што велат секоја планина своја тежина...
Некој би сечел вени оти се скарал со женската, друг ќе гланца чевли на плоштад и ќе збира по контењери за да го прехрани семејството и нема ни да се жали ни да кука, туку само ќе турка напред...
Тоа е до карактерот...Секој различно реагира на проблемите...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Претежно имам чувство дека вистинските проблеми се премолчуваат и/или евентуално се споделуваат со ептен најблиските.
Некогаш едноставно губиш глас пред да кажеш дека имаш мака. Се чувствува ко да стануваш ранлив ако гласно го признаеш проблемот, па си молчиш, се напнуваш некако да најдеш решение и тераш.
Спротивно од тоа, посебно па и старосната група од 20 до 30ина години, знаат да се прави drama queens за т.н. проблеми, кои, во најголем број, сами си ги претставуваат ко проблеми без решение.
Причината зашто ми се крева коса кога ќе ми ѕвони телефонот. Не знам да сослушувам и разговарам за тривијални проблеми.
Порано, вртењето и (лични примери):
1. *кенкав глас* Абеее...ми треба помош.
Нормално, те потресува, си викаш што е па сега, добро ли е...
- ...не знам дали повеќе ќе ми одговара црвено или сиво палто ако купам.
И следи пола саат анализа кое на што ќе одговара. |-(
2. Не можам више да работам таму, шефон е досаден в крај.
Што? Двапати дента сварила кафе и за него. :frantic
Народ што очигледно не видел мака, па проблем му е секоја ситница која не му е по ќеф.

Порано многу бев наивна и си одземав квалитетно време за сечија мака. Облеки, дечковци, кецови, родителите не ги пуштиле негде...само столче фалеше да си земам и да викам "And how do you feel about that?" А речиси секој обожава да преувеличува нашироко и да добива симпатии на карта на напатеност.
Тоа ме одбива ептен, па отворено знаат да не ме бараат ако е за глупост. Кај другарка забележав и позитивна промена т.е. почна да разграничува за што вреди да се секира, а што да протне низ прсти, што е супер за неа.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Проблемите не гледаат дали си млад, стар, богат, сиромав, добар или лош, сите ги имаме и не треба да ги споредуваме. Секој проблем си има своја тежина и секој различно го прифаќа, секој различно реагира. За некои ситници се најстрашните нешта што им се случиле во животот па макар тоа да било и паѓање на испит. Може вака од страна излгеда бизарно но во суштина и не баш така сепак толку време да посветиш, буквално да се излолираш од се живо и диви и зашто за на крај да те бутнат за еден, два па и пет поена или па затоа што професорот сака да си билда авторитет. Стрес е тоа.
Но нормлано има и многу пострашни проблеми како случајот со девојчето, нека и е лесна земјата. Но овој проблем и тој предходно се два сосема различни кои немаат никакви допирни точки и не можеш да ги споредуваш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Trajche

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Сите проблеми се илузија. Не постои проблем кој не може да биде решен, ситуација која не може да се надмине, авторитет кој не може да се победи и сл.
Но понекогаш колку и да сме свесни дека се се е минливо, имаме потреба да ги преувеличуваме нештата и да драматизираме малку, тоа ни е како рекреација, бидејки денеска имаме премногу стерилна околина, фантазијата не може да ни се развива до крајни граници. Ни треба нешто интересно во нашиот едноличен живот. Прашајте ги луѓето кои имаат исполнет живот, не живот без проблеми, туку оние кои се целосно посветени на својот живот, луѓе кои се вистински заљубени, луге кои патуваат, луѓе кои се посветиле на некоја уметност, на спорт... но зборувам за вистинска страст, не само за занимација. Кога човек будно живее спознава дека проблемите не се нешто што може да се издвои од нашата свест и нашата перцепција. Кога нашата свест ке се промени и проблемите престануваат да бидат тоа што се и стануваат нешто друго. Понекогаш се причини, понекогаш последици... се си има свое зошто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, Prashina and Trajche

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Проблеми... Додека монуваме низ епохите на животот, независно дали е тоа детството, младоста, зрелоста, староста, па и умирачката бараме решение на своите проблеми.
Во детството главни проблеми ни се каде ќе играме, дали ќе сонуваме убави соништа...
Тогаш овие ни се вистинските проблеми, додела на проблемите на "големите" ги гледаме како илузии. Како одиме понатаму низ животот стасуваме до младоста поминувајќи низ школските години, проблемите со љубовта, недоволното време за излегување, надворешниот изглед и тоа да се биде "ин". Тогаш ни текнува на проблемите од детството и тогаш си припомнуваме дека тие не ни биле проблеми, вистински проблеми.
Подоцна во зрелоста проблемите во младоста ги гледаме како безначајни и се насочуваме кон семејството, работата и се гледаме себе си и нашите блиски. Трчај сега работа, дом, сон, храна, пари... Во меѓувреме размислуваме како да ги споиме обврските, семејството, роднините, одморот и пак одново. Со новие трендови да се вклопиме; во дадени ситуации да пцуеме:D... Со сето така убаво скоцкано сакаме мирно и релаксирано да влеземе во староста, ако ја дочекаме. Па реумата, која може да се јави во меѓувреме, па бесплатни во автобус, па пензијата, па лековите, потоа ги имам приметено и "журките" за одење на гробишта кои патем се актуелни во мојов град.
Со самото изминување на животот си чуваме чевли, облеки, чаршави и убаво спакувани пакети со желби за блиските кои треба да им се остварат на нивните потомци откако ќе заминат.
Низ последните мигови на животот размислуваме за своите спомени добри и нетолку добри. Ни текнува како проблемите од детството во зрелоста ни биле илузии, а и обратно. Сфаќаме дека имало и илузии и проблеми, кој како сфатил.
Се' е до перспективата. А, патем некаде прочитав дека перспективата е лажна визија, па сега видете...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and JaMi