Пријатни кафулиња во Скопје

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Најопуштено и најомилено во градот ми е К8. Прво и најважно, имаат оригинал американски слатки со одлична цена. Второ, имаат и американско кафе кое по мое искуство е многу повкусно од местата во Америка каде што имам пробано. Трето, имаат навистина услужлив и ведар персонал. Четврто, и надворешниот и внатрешниот дел севкупно дава речиси домашна атмосфера.

Пивница. Горен спрат, во сепарињата до прозорите, преку ден. Местото и вака и така за мене си е пријатно, но конкретно тогаш и таму ќе добиете пријатно опуштено чувство. Иако цените им се солени, вреди да се посети местово од време на време. Рустикален изглед, бокал студено темно лашко пиво и прекрасна (особено ако паѓа снег) глетка кон чаршијата.

Љубов. После неколку години, случајно залутавме со маж ми една вечер во петок (или беше сабота?). Морам да признаам, бев пријатно изненадена. На прв поглед делува како мало романтично ќоше создадено специјално за парови. Но, штом се доближи полноќ, се создава мала толпа расположени луѓенца. Одлична музика, затемнета атмосфера, разни попусти низ текот на неделата.

Порта Паб. Типично искулирано мало пабче. Неколку поголеми дрвени маси, 2-3 шанк масичиња, едно удобно "сепаре" и многу добро обезбеден шанк. Рокенрол во позадина, фудбал на екранот, тазе испржени пилешки прсти и похован кромид на масите. М м ммм.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Drama на ул. Македонија, најдоброто место според мене каде можам комотно да се напијам кафе и на раат да поседам со друштвото. Долго време идам таму, а и многу добри after work забави прават во петок, со посебна програма како и добри миксови од нашиве диџеи..

Firenza на плоштад до екс B2, претежно е и како ресторант-кафуле, персоналот и услугата им се најдобри, иако цените им се високи, но нема да згрешам иако порачам панакота или карамелизирана палачинка...

Arabesque во близина на плоштад, местенцето ми се допаѓа поради атмосферата, без разлика кога одам на кафе бираме дали е за пушачи или непушачи за да не се нервирам после некој да ми вика со цигара иде и кафе..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and parvati

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Има едно кафуле кај мене во населба "Дизајн" доста е мирно пријатно нема нешто силна музика значи може муабет на раат да се направи, цените не се многу солени таман ко за маалски кафич и може табла да се игра. :) Исто така и наргиле во чаршија не е лошо опуштена атмосфера, турска музика што е доста добра, убаво кафе па и салеп па и се освен турски чај и така :)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Broz kafe. Се наоѓа на Партизанска, веднаш спроти Универзална. Местово си има посебен шарм, малку, само малку потсеќа на Starbucks. Порачуваш regular или grande кафенце (заборавив како се вика) и уживаш во него со саати. Regular верзијата е огромна, не па ли grande-то. Имаат некое посебно филтер кафе, а на дното од шољата има слој еурокрем (можеби?) по избор со вкус на бело чоколадо, темно или лешник.

Кашмир. Мислам дека овој е најпопуларниот кафич во темава. Ми се допаѓа ориенталниот дизајн и тивката и затемнета атмосфера. Пивото им е околу 100 денари (точено, 0.5), а мојот омилен пијалок Captain Morgan е 90че. Во зимскиот период имаат огромен избор на чаеви, минатата зима пробав еден наречен Љубовен бакнеж (или нешто слично) кој беше сервиран во мало бокалче кое се одвојуваше на 2 дела: горниот дел беше чајот со сопствена цедалка, а долниот дел беше шољата.

Кафе Ли. Се наоѓа помеѓу зградите позади Млечен во тафталиџе, што му дава предност за тивка атмосфера. Чат-пат има промоции и уметнички изложби, што е бонус за мене. Има голем избор на кафиња, пред 2 недели имаше и Чоколадна недела со разни чоколадни топли напитоци за 100 денари. Огромна чаша густо топло чоколадо со шлаг, врз него чоколаден прелив и декорација од кекс... како може човек на ова да одолее?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Кашмир. Мислам дека овој е најпопуларниот кафич во темава. Ми се допаѓа ориенталниот дизајн и тивката и затемнета атмосфера. Пивото им е околу 100 денари (точено, 0.5), а мојот омилен пијалок Captain Morgan е 90че. Во зимскиот период имаат огромен избор на чаеви, минатата зима пробав еден наречен Љубовен бакнеж (или нешто слично) кој беше сервиран во мало бокалче кое се одвојуваше на 2 дела: горниот дел беше чајот со сопствена цедалка, а долниот дел беше шољата.
Слабо памтам јас, Кашмир на Ленинова беше или грешка сум?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@MissChievous “да“ за Кашмир, “да“ за Ли, но просек за Броз. Плусот е тоа дека се услужни и робата им е една од поквалитетните, major minus е местоположбата каде 50% од градскиот превоз (автобуси) ти брчи буквално на астал, и тоа што станува кремско место каде се собираат ропаци со скапи возила кои буквално се паркирани на самиот булевар.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Слабо памтам јас, Кашмир на Ленинова беше или грешка сум?

На почетокот на Ленинова, во близина на Песталоци.

@MissChievous “да“ за Кашмир, “да“ за Ли, но просек за Броз. Плусот е тоа дека се услужни и робата им е една од поквалитетните, major minus е местоположбата каде 50% од градскиот превоз (автобуси) ти брчи буквално на астал, и тоа што станува кремско место каде се собираат ропаци со скапи возила кои буквално се паркирани на самиот булевар.

Тоа да, во право си, сигурно е многу тапа во топли периоди. Јас за прв (иако ми е во комшилук) пат бев во саботата, горе беше речиси празно и таман ни се погоди, имаше место за цело друштво. Плус надвор врнеше, така да баш ми се бендиса. А до сега не сум идела зошто ми се чинеше баш така малце покремски кафич.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
На почетокот на Ленинова, во близина на Песталоци.



Тоа да, во право си, сигурно е многу тапа во топли периоди. Јас за прв (иако ми е во комшилук) пат бев во саботата, горе беше речиси празно и таман ни се погоди, имаше место за цело друштво. Плус надвор врнеше, така да баш ми се бендиса. А до сега не сум идела зошто ми се чинеше баш така малце покремски кафич.
Си го фатила у ептен добро светло. Обично ладниве периоди е попријатно. Сум бил во двете атмосфери (кремска и полупразно кога е) и дефинитивно второво е далеку подобро, пошо обично кремската се фаќа при топол ден, баш кога се крева многу прашина по булеварот (get it? :zelen: )
Кафето им е едно од најдобрите поготово оние огромните што им се, буквално 3ца може да се шлепаат со едно (колку здела за корнфлекс).
Ли дефинитивно ја има најшарената палета на избор на кафиња и тука ги тепа сите досега што сум ги посетил.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous