Причините зошто младите „капацитети" ја напуштаат Македонија

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Утрово така станав порано и зачекав утринска емисија на канал 5(здраво макеоднија или како и да е незнам)имаше интересна тема...демек зошто младиве екстраталентирани ја напуштале земјава и продолжувале студии и се вработувале во странство.Ме интересира што мислите за тоа.
п.с.темава е во образование затоа што не ми беше својствено некаде другде да ја ставам затоа што пред се се работи сепка за високообразовани луѓе ете кои ја напуштале земјава.Ако некој најде посоодветно место нека ја префлат.
 
Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Македонија е сиромашна земја и за своите граѓани не може да им обезбеди доволно вработувања на сите. Сите сме со големи амбиции и сакаме да имаме многу пари. Затоа странските земји им изгледаат како доста привлечни за да заработат некој поштен денар. Но не е се така како што изгледа. Да одиш во странство е исто како да идеш од провинција во Скопје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Sebastian

Vendetta

Староседелец
6 јули 2012
56
45
1,018
from infinity and beyond
Македонија е сиромашна земја и за своите граѓани не може да им обезбеди доволно вработувања на сите. Сите сме со големи амбиции и сакаме да имаме многу пари. Затоа странските земји им изгледаат како доста привлечни за да заработат некој поштен денар. Но не е се така како што изгледа. Да одиш во странство е исто како да идеш од провинција во Скопје.
Ауууу НЕ! Скроз погрешно размислување. Македонија има 2 милиони жители од кои работоспособни нека се пола, другата половина деца и стари лица. Значи за 1 милион народ треба да има и вишок работа, треба луѓето да неможат да завршат со работа, да мора да увезуваме работна сила. Како може некаде да има работа за 100 милиони а овде да нема за 1 милион, не е можно, едноставно не е можно.
А скроз погрешна ти е и теоријата дека да одиш во странство е како да идеш од провинција во Скопје. Епа да ти кажам право и тука си грешка. Во Скопје "газдите" не ти даваат простор за напредок како што можеш да добиеш во странство. Овде кој има сака да има повеќе т.е. сака да го има и тоа малку што го имаат другите. Сите идат во Скопје само поради 1 причина: затоа што тука е стационирано целото стопанство, затоа што кој и да инвестира инвестира во Скопје со помислата дека тука има се, и така луѓето кои не се во Скопје мораат да дојдат во Скопје. Како резултат на тоа добиваме напуштени мали градови, да не зборам за селата, а пренатрупан Скопје. Ако ја погледнеш убаво стопанската карта на светот ќе видиш дека токму малите места се клучот за добра домашна економија на една држава. Или пак јас сум во заблуда?
 
Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Како и да е...тие што пошле странство не пошле од што им било тооолку многу прекрасно во Македонија...секој си имал своја причина дали бил екстраталентиран или златен просек...сепак не сме ни во право ако кажеме дека овде мед и млеко тече а секако не сме ни во право ако кажеме дека во Гарманија,Франција,велика Британија и остало западно друштво тече мед и млеко...како што кажуваат луѓе...и таму треба да се испотиш ако сакаш да постигниш нешто...ама за едно треба да сме свесни сите...таму трудов колкав и да е без разлика се исплаќа...за разлика од Македонија каде и многу не ти ценат таква работа...врет стипендии и се друго....ама незнам кој не би прифатил да работи Америка или во која било друга држава...и ако истовремено платата е за 5 пати поголема од просечнава во Македонија.Не треба ова да го мешаме со анционализам или македонштина...тоа е индивидуална чивечка амбиција...секој си одлучува за себе.И не значи дека ако енкој замине Америка дека не е веќе Макеоднец и дека не си ја сака Македонија како тие што живеат таму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Зошто младите одат во други држави?
Бидејќи тука колку сакаш капацитет биди никој не го гледа тоа.
Само се гледа што повеќе да се искористи тоа што може да се искористи,битно они да се задоволни,а ти дали ќе си задоволен тоа не е битно.Нема наредок тука нема кариера,нема успех,нема врв.Секогаш има некој "мочко" со врски да е погоре од тебе.
А во странство можам да кажам дека се ценат капацитетите и се дава шанса на таквите луќе без разлика од каде си и што си.
Се цени знаењето,а во Македонија се цени дебелата врска само.
 
За жал така е....овде да напоменам дека за време на емислијава утринска се ајви една исфустрирана бабичка и кажуваше нешто во смисла си одат од Македонија што им флаи овде убаво си е зошто сите странсво ја напуштаат Македонија затоа сме вакви -_- ....жално за таквите со добри високи пензиички и по цел ден дремење кафе мафе и вака ќе се лечат по емисии :/
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ова е стара тема на разговор и вртена, превртена е низ колумни, блогови, разноразни теми по форуми.
Како и да е....
Ќе се осврнам само кон главните причини, а тоа се најпрво недоволно ценетата интелектуална моќ која младите ја поседуваат, условите во кои тие живеат, „врските“ при стекнување на работното место наместо еваулацијата на способностите кои секој ги поседува. Ако не им се дава чист простор на младите да еволуираат кон подобар и поквалитетен кадар, тогаш нема причина зошто да се остане тука. Реално земено ова не е само кај нас, го има застапено насекаде по светот. Замислете ги арапските земји, индија, Кина....колку стручен кадар од таму има отидено?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Зошто младите одат во други држави?
Бидејќи тука колку сакаш капацитет биди никој не го гледа тоа.
Само се гледа што повеќе да се искористи тоа што може да се искористи,битно они да се задоволни,а ти дали ќе си задоволен тоа не е битно.Нема наредок тука нема кариера,нема успех,нема врв.Секогаш има некој "мочко" со врски да е погоре од тебе.
А во странство можам да кажам дека се ценат капацитетите и се дава шанса на таквите луќе без разлика од каде си и што си.
Се цени знаењето,а во Македонија се цени дебелата врска само.

Е ова мислење е на место. Тоа е вистинската приказна, иако слично на ова веќе сум се изјаснил во една друга тема, затоа и ја напуштам нашава држава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048 and mila mila