Присутност и живеење во моментот

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Внимавај добро на овој ден,
затоа што тоа е животот над сите животи..
Во неговото кратко траење,
лежи реалноста,
но и вистината на постоењето,
лежиште на будноста,
големината на створеното,
волшебноста и моќта на силата..
Затоа што вчера не ништо друго освен сон,
а утре илузија.

Денешниот ден внимателно живеен,
го претвара вчера во прекрасен сон исполнет со среќа,
а утре во визија полна со надеж..

Затоа внимавај добро на овој ден и овој момент..
Руми

Анализирањето на луѓето околу мене,ме доведе да размислувам на оваа тема.
Често,на нивните лица приметувам мимики кои ја опишуваат нивната моменталната состојба.
Кај некои се гледа задоволство,кај некои нервоза,кај некои загрижувања..
Кај некои се приметува само празен поглед,во далечината..никакви мимики,никакви емоции..ладност..
Многумина се изгубени во лавиринтот на мислите,и со тоа го пропуштаат моментот кој се случува,..
Сега,е нешто кое единстено постои,и го влечкаме со себе како приколка закачена за нас..
Тој еден единствен момент кој постои..како што кажува и Руми во горенаведената поема,
вчера беше сон,утре е илузија..
Се трудам да живеам секогаш во сега,но не секогаш и ми успева..
Сега е клучот на сите одговори,сега е тоа што постои, вели Екарт Толе,успешен спиритален учител
и психолог,..
Ме интересираат вашите мислења на оваа тема..

Колку сте будни во моментот кој се случува моментално??
Дали го доживувате тоа СЕГА секогаш,или понекогаш???
Дали се каете за некои моменти кои се случиле,а можеби не сте го направиле најдоброто од нив затоа
што не сте биле будни во тој момент..

Ако веќе има нешто на оваа тема,префрлете ја слободно..
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Најголемата грешка на луѓето е што секогаш живеат или во минатото или во исчекување на иднината. Сегашноста бега,минатото ствара горчина,иднината копнеж. Минатото става во депресија,иднината во страв. И кога сегашноста станува минато,ја чукаме главата зошто не сме ја искористиле можноста,зошто не сме го доживеале моментот.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
си викаме е....зошто не направив вака или онака,или требаше да го речам ова или она..
Тоа со моментот во сега е чудна работа..имаш чувство дека влегуваш во друга димензија,стварите,случувањата личностите добиваат сосема друго значење..како да гледаш филм..како да си напушен:)..
Многу луѓе конзумираат дроги да би дошле во таква состојба,да го доживеат свесно моментот сега..
Професор по психологија на Харвард правел експерименти со студентите,земајќи халуциногени дроги да го доживеат потполно тој момент на СЕГА..нормално професорот бил суспендиран после тоа :)
Работите се гледаат реално,баш такви какви се..без размислување во моментот..без предрасуди,без вака и онака..
едноставно си тука,присутен..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

А истото тоа се доживува и со медитација :)
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно

Штом тој ефект го споредуваш како ист како ефектот од пушењето,тоа значи дека си пушела?
се извинувам за офф топик,но сум љубопитна,или пак само е нешто напишано од што други напишале дека е исто?
Најголемата грешка на луѓето е што секогаш живеат или во минатото или во исчекување на иднината. Сегашноста бега,минатото ствара горчина,иднината копнеж. Минатото става во депресија,иднината во страв. И кога сегашноста станува минато,ја чукаме главата зошто не сме ја искористиле можноста,зошто не сме го доживеале моментот.

Точно дека таа грешка ја правиме ние лугето,и јас ке се ставам во таа категорија,за разлика од тебе,пошто и јас ја правам.
тешко е беспрекорно да се остане во сегашноста
Но се ми се чини дека оној кој успеал да се заджи само во сегашноста,нема надежи,нема сонови,нема копнежи,нема жалење кон нешто изгубено.
Кога добро ке размислам,испага дека човек треба да е безчувствителен за да се задржи само во моментот Сега,не?
Но свесна сум и дека минатото ствара горчина,но тој е зад мене,јас не успевам да го игнорирам,мене ми ствара и срека
Иднината ми дава патоказ и насока кон што треба да се стремам,неможам да живеам ден за ден,миг за миг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
melpomena , да ти одаговорам на прашањето дали сум пушела..?
не конзумирам дроги,алкохол,таблети и сл.
Противник сум на било каква врста на хемија,живеам во реалноста и сакам кога со чист мозок се справувам со она што доаѓа.
Дали сум пушела???
Да,имам пробано неодамна кога бев во една земја во која тревата е легализирана...ме интересираше какво чувство нуди тревата како таква.
Се напушивме фамилијарно,сите кои бевме таму,а тоа се моите најнајблиски и ни беше убаво.
Ама тоа беше тоа.
Сега,е состојба која би ја споредила со тоа чувство..И не би рекла дека кога живееш во СЕГА си безчувствителен,немаш недежи и слично..
Не реков дека успевам да бидам нон стоп во тој еден момент,ама пробувам, и се почесто ми успева.
Не се губам повеќе во лавиринти од мисли,него сум тука концентрирана на тоа што се случува во моментот.
Имам надежи,верувам во подобро утре,а што се однесува на чувствата..
Тоа сега ми овозможи да ги читам или препознаам своите чувствата пред да избијат на површина,било негативни или позитивни,и ги преработувам пред да излезат на површина..
Тој еден момент го живеам и пробувам да уживам во него..
Тој еден момент ми помогна да се запознаам самата себе, и да ги препознаам чувствата кои се појавуваат во делот на секундата некаде длабоко во себе..
Има една интересна тема која мислам дека ти си ја отворила за емоциите..сето тоа препознавање на чувствата е поврзано со тој момент Сега..
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
А истото тоа се доживува и со медитација :)
ама медитацијата не функционира од денес до утре,треба да се практикува долго време за да би можел да ја користиш позитивноста која ја нуди...,ама да, тотално се согласувам со тебе тоа се доживува со медитација..
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Штом тој ефект го споредуваш како ист како ефектот од пушењето,тоа значи дека си пушела?
се извинувам за офф топик,но сум љубопитна,или пак само е нешто напишано од што други напишале дека е исто?

Точно дека таа грешка ја правиме ние лугето,и јас ке се ставам во таа категорија,за разлика од тебе,пошто и јас ја правам.
тешко е беспрекорно да се остане во сегашноста
Но се ми се чини дека оној кој успеал да се заджи само во сегашноста,нема надежи,нема сонови,нема копнежи,нема жалење кон нешто изгубено.
Кога добро ке размислам,испага дека човек треба да е безчувствителен за да се задржи само во моментот Сега,не?
Но свесна сум и дека минатото ствара горчина,но тој е зад мене,јас не успевам да го игнорирам,мене ми ствара и срека
Иднината ми дава патоказ и насока кон што треба да се стремам,неможам да живеам ден за ден,миг за миг.
Полека бе,не се тепај :D
Соновите и копнежите се ствараат во моментот,во сегашноста,а не во иднината. Жалењето кон нешто изгубено никогаш не донело ништо добро. Ти кажувам од баеги искуство.
Не треба да си бесчувствителен,напротив,треба да си многу чувствителен за да го осетиш тоа што ти го носи овој момент,сега,наместо да ги чувствуваш стварите од минатото или стварите од иднината,што во принцип остануваат како трага.
Поентата е да ја игнорираш горчината,не се што ти се случило. Поентата ми беше да не оставиш моментот да ти стане минато,а да НЕМАШ никакви спомени од него,зошто во тој момент си мислела на нешто што се случило/би можело да се случи.
Иднината ти дава патоказ,сегашноста ти дава можност да одбереш КОЈ патоказ ќе го следиш,лошо е кога си go with the flow и оставаш се на случајноста. Не го потценувај живеењето на моментот :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Solstice насилна ти се видов,или нешто друго е во прашање (wasntme)
Убо шо ми образложи за твоето баеги искуство,јас си се водам по моето,неможам од туго.
И поентата ко да напишав тро дека ја разбрав :unsure
Ама акУ,убо беше истото од тебе да се прочита пак напишано.
Жалењето кон нешто изгубено знам дека не го врака,но кој може нека го контролира,јас за некои работи неможам да се контролирам.
 
Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Solstice насилна ти се видов,или нешто друго е во прашање (wasntme)
Убо шо ми образложи за твоето баеги искуство,јас си се водам по моето,неможам од туго.
И поентата ко да напишав тро дека ја разбрав :unsure
Ама акУ,убо беше истото од тебе да се прочита пак напишано.
Жалењето кон нешто изгубено знам дека не го врака,но кој може нека го контролира,јас за некои работи неможам да се контролирам.
Toгаш се извинувам,не видов некаква одлучност и стрикност во твојот пост,па најверојатно сум го протолкувал погрешно.