Приказна за човекот

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Се плашам да започнам... премногу имам да кажам. Голем дел од сето тоа не може да се опише со зборови. Причината за тоа е едноставна. зборовите се ограничени, заокружени со едвај растеглива дебела црна линија. Чувствата се бесконечни. Бескрајно се протегаат доколку ги пуштиш, доколку не ги заокружиш и нив. Тогаш им се губи значењето, се гушат и венеат.
Така и мојата душа. Така и се она најсветло што е во мене... заокружено е, се гуши, венее...
Кога би можела само со една мисла да ги придвижам нештата и да се ослободам заекогаш од сето она кое мене не ми припаѓа, а живее во мене како паразит и полека ме убива... А знам дека можам... Но што е тоа кое ме спречува и прави да се чувствувам немоќна пред самата себе?
Изморена сум од водење битки.
Понекогаш се будам со мисла дека светот е совршен. Навистина така ми се чини. Дишам со леснотија, го впивам сонцето, зборувам со дрвјата, учам од небото, креирам и создавам неуморно исполнета со бескрајна љубов. Тогаш осознавам дека не постојат граници, дека не постојат линии кои не можат да се прескокнат, искинат, избришат... се е едно, сплотено во една прекрасна светло-шарена слика која блеска и таа слика расте и расте, се додека наеднаш некоја неподнослива темнина не ја помрачи.
Од каде доаѓа таа темнина? Што е всушност помрачено ? Блесокот или мојот ум?
Тешки се темните утра. Нема сонце, нема небо, нема создавање. Темнината не ми дозволува да останам будна. Ме заспива, а додека тонам во маглата околу мене повторно се трупаат нечистотии, се поврзуваат едни со други со нераскинливи врски и немилосрдно го нагризуваат секој дел од моето битие. Понекогаш ми се чини дека сум веке речиси мртва. Ме има ли мене сеуште таму позади сите тие слоеви? Што остана недопрено? Има ли такво место?
Зошто ми ја одземаат светлината? Зошто не ми дозволуваат да се протегам до бескрајот? Зошто ме упорно ме ограничуваат?
Премногу прашања, а има само еден одговор. Но за тој одговор не постои збор. Затоа ми бега, ми се лизга од мислите. Колку повеке се трудам да го дофатам, толку подалеку ми е, а сепак е длабоко во мене. За да стасам дотаму морам да раскопувам низ слоевите... и се така во круг...
но и покрај се, јас ке се обидам да најдам зборови и преку нив ке се обидам да ја проширам таа рамка...
**************************************
Сега ке ви раскажам приказна за човекот. Иако на прв поглед можеби нема да се согласите и приказната ке ви изгледа нереална, јас со целосна одговорност тврдам дека во оваа приказна нема измислени ликови и настани. Се што е опишано е вистинито.

ПРИКАЗНА ЗА ЧОВЕКОТ

Тој ги отвори очите. Со нив можеше да гледа благодарение на светлината. Ги ``напрегна`` ушите и со нив можеше да слуша. Вдиша длабоко и можеше да мириса. Поголтна... вкуси. Ги движеше рацете и допираше...
Тоа беше прекрасно утро за човекот. Тогаш ги откри боите, блесоците, формите... и беше восхитен од нив. Почувствува благо, па солено, па кисело... неговото уживање растеше. Почувствува топлина, студ, скокот... потоа ги разликување мирисите, внимателно тонеше во секој звук и тој себеси се сметаше за целосен. `` Јас сум човек`` рече и беше неизмерно горд на себе.
Занесен од сопствените сознанија тој се нурна во своите сетила.
Но што се случи тогаш? Понекогаш светлината беше премногу силна и тој помисли ``Не ми се допаѓа. Ке им ја оставам на другите.``
Темнината го плашеше и им ја остави на другите. Некои бои го вознемируваа, па го тргаше погледот од нив. Некои форми му предизвикуваа непријатни чувства и одби да ги гледа.
Киселото понекогаш беше премногу кисело, соленото понекогаш премногу солено, со благото, горчливото и лутото иста приказна.
Студот и топлината беа пријатни кога беа умерени, звуците предизвикуваа задоволство кога не беа остри, силни и прегласни...
Но човекот беше мудар по природа и за многу кратко време осозна дека треба да биде умерен во сетилата, дека внимателно ке процени што од сето она што го нудат истите му припаѓа нему, а што на ``друѓите``.
Човекот беше среќен.
Го имаше тоа што му припаѓа и умерено го користеше. Но еден ден тој во себе откри една неверојатна моќ. Моќ да создава. Беше восхитен. Не му требаше ни малку време за да научи да раководи со истата. Создаваше непрестајно. Идеите постојано навираа во неговиот ум, а тој со помош на своите сетила и на својата љубов можеше да создаде се што ке посакаше.
Колку повеќе создаваше, колку повеќе растеше неговата среќа, толку повеќе знаеше за себе и толку повеќе знаеше што му припаѓа а што не.
Но една вечер, кога човекот посака да се одмори од создавањето, сонот не му даѓаше. Некој глас почна да го вознемирува. На почетокот, човекот се обидуваше да го игнорира, но тој глас стануваше се посилен и посилен. Му создаваше главоболка и несоница на човекот. Му предизвика мачнина и тешкотија во градите... Човекот знаеше дека може да го победи гласот. Утрото ке дојде каде и да е и тој пак ке создава и ке биде среќен, но неговата љубопитност беше поголема во тој момент и најпосле потона во себе и почна да слуша.
Тоа беше гласот на неговите очи. Тие зборуваа ``Ние сакаме се да видиме. Не ни е доволно она малку што ни го остави да го гледаме. Ако не можеш ти да се прилагодиш на сите бои, тогаш прилагоди ги нив според нашата желба. Сам преобликувај ги формите кои не ти се допаѓаат во оние што ти се допаѓаат. Затемни ја силната светлина и осветлија темнината. Ти имаш огромна моќ, употреби ја нејзе``
Човекот се замисли и им рече на очите ``Но колку и да е огромна мојата моќ, секогаш ке постојат нешта кои нема да можам да ги променам, а вам и понатаму нема да ви се допаѓаат``
Очите му одговорија ``Ако немаш моќ да ги промениш, тогаш уништи ги. Ние сакаме се да гледаме и да уживаме во сето тоа``
Потоа се јавија и ушите ``Очите се во право. Употреби ја својата моќ и дај ни да слушаме се што сакаме да чуеме, притоа да не постојат звуци од кои ке бидеме незадоволни``
Устата - ``Сакам се да пробам, дури она за кое сметаш дека не треба да го вкусиш. Сите вкусови направи ги пријатни``...

Човекот се согласи и им ја исполни желбата на сетилата. Но колку што повеке им угодуваше, толку повеке бараа од него.
И не само тоа. Подоцна се јави стомакот. Не му беше доволно да биде полн колку што човекот мислеше дека треба, туку сакаше да биде полн колку што може. Се јави и кожата. Не и беше важно само тоа да биде стоплена кога е студено и заштитена, туку сакаше да биде и убава.
Се јави и мозокот. Не му беше доволно да го знае само она што требаше да го знае, туку сакаше да знае се...

И така човекот почна да ги менува нештата околу себе. Тие што неможеше да ги промени ги уништуваше. Веке не создаваше поради неговата моќ и поради неговата светлина и љубов, туку создаваше за да ги задоволи сетилата кои никогаш не беа задоволени. Не само што се покори сам себе пред нив, туку ги покори сите живи и неживи битија во нивна корист.
Така човекот живееше многу, многу долго. Беше заборавил дека умее да создава. Го заборави сето она што требаше да го знае.
Сетилата го принудија и на уште почудни нешта како на пример го принудија да создава чудни правила кои го заробуваа и му носеа само болка и тага.
Го принудија да се спротиставува на се што е различно од него и така го одделија од целината.
Го принудија да владее со кралството кое не му пригаѓаше само нему. Го принудија да ја труе својата душа, својот ум и своето тело.
Неможејки да издржи, човекот се разболе и заспа. Потона во длабок сон. Додека тој спиеше, сетилата управуваа со него.
Но тој доброволно се препушти на сонот бидејки така помалку болеше. Всушност понекогаш и се чинеше дека не боли, напротив, болката се прикажуваше како среќа, иако лажна, но... човекот одлучи да се задоволи со тоа.
Поминаа многу векови. Човекот уште спие. Понекогаш по малку се буди, бидејки болеста го докрајчува и болките го штрекаат во сон. Но кога и да се разбуди, веднаш паѓа уморен од гласот на сетилата кој непрестајно одекнува ``САКАМ УШТЕ, САКАМ УШТЕ``
Немоќен да се соочи со својот неуспех тој заспива повторно и се така во круг...
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Човек со шеесет и неколку лета, од скоро во пензија, постигнал се во животот што може еден човек да постигне, денеска се сретнавме и го прашав што прави, се насмеа и ми одговори дека чека да умре, го погледнав и помислив нетрагично колку е тоа романтично, во моментот се споија две приказни, смешно зарем не?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina