Претерана љубезност

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Сигурно сите имате некој претерано љубезен пријател или познаник кој ќе направи се во буквална смисла, за секој да се осеќа добро и задоволно во негово друштво. Претерана љубезност кај некои луѓе со константно давање комплименти, па завршување на работа што била ваша обврска, занемерување на себеси и сопствените потреби и ставање себеси на второ место, после вас, вашите потреби и вашите задоволства... Вие и вашето задоволство се најбитни за нив и тие се таму до вас исклучиво да ве направат ваш задоволни. За толку претерана љубезност правам муабет.

Или пример има и претерано љубезни келнери кај кои шанса нема ни да ве стегаат пантолоните и да направите некоја фаца, да не дојдат и да ве прашаат дали е се во ред и дали сте задоволни од услугата, па на секои три минути ви ја мењаваат пепељарата и на секоја голтка ви ја дополнуваат чашата, па седат над вас окезени и спремни секој момент да полетаат ако ви се потребни... На страна бакшиш, борба за живот и што да прави и тој не сака, зборам за карактер, човек што си е таков без разлика на околностите и работата.


Како ги доживувате таквите луѓе?
Дали во нивно присиство се осеќате непријатно и неслободно или можеби уживате во таквата љубезност и третманот што го добивате?
Дали мислите дека човек може природно и искрено да е до толку љубезен или се работи за некој што со други зборови го нарекуваме лижигаз?
Која е ползата од толкавата љубезност, очекуваат ли потајно нешто за возврат или доволна е туѓото задоволство за да ги направи задоволни нив?
Какви луѓе се оние премногу љубезните, што мислите за нив, познавате ли некој таков или можеби баш вие сте малце повеќе љубезни?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ако постои некаков метар или вага, дефинитивно би била на страната на претерена љубезност. Можеби не баш до толку претерана како што опишуваш во воведот, но тука некаде. Не сум била љубезна за да добијам пофалби или нечие сакање, но потсвесно сум го правела од желба за добар однос. Го додавам епитетот "претерана" во оној момент кога веќе стануваш наивен, дури и малце глупичок.

За личен пример ќе го земам односот што сум го имала со моите најстари пријатели. Било што било, не е битно. Се случило да ме повредат и да ме разочараат, секогаш сум простувала поради љубезност. Сум слушнала дека се зборело секако за мене зад грб и повторно сум простувала, чисто од љубезност. Денес, од најдобри пријатели нашиот однос е сведен на едно составување во 2-3 месеци, чисто од љубезност. И сета таа љубезност била искрена, во име на долгото познавање и дружење и поранешна почит и пријателска љубов. Никогаш не била лажна.

Чудна работа е што кога некој е претерано љубезен со мене, ми смета. Во принцип сум реален човек и поради тоа, сакам реален однос. Не уживам во таквата љубезност и третман, баш напротив. Но, повеќе ми смета кога човек не го познава поимот "љубезност". Ми смета кога некој ја губи цела своја култура и морал во моменти кога се наоѓа во близина на личност која не може да ја поднесе. Зарем толку е тешко да го одржиш односот на основна култура и љубезност, for the sake of the peace? Ова може да се каже дека донекаде е лажна љубезност, но не од тип на љубезност со корист, едноставно културна љубезност. Се додека е взаемна, тогаш ползата е мир и кај тебе и кај другата личност, ништо повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Вистинската љубезност е одамна заборавена вредност,стана реткост во денешно време.Љубезноста некои ја сфаќаат како обид за флерт,на некои им е одбивна,досадна.Многу работодавачи денес ги условуваат вработените да бидат љубезни,да поздравуваат,да се смешкаат,климат со глава,демек клиентите да биле задоволни.Е таквата лажна љубезност ме нервира, да мораш да се кезиш и климкаш а во душа си имаш некоја мака или болка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne and Licno taa

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Можеби не се работи за пријател туку за заљубен and the emotion that dares not speak its name (namely, love :zelen) инаку не знам зошто некој би бил до толку љубезен, посебно кон особа од спротивен пол...

Не сум имал таква особа во близина, напротив обично биле токмаци (и токмачки) на кои им беше голем проблем да направат и ситница ...|-(
не би било лошо за промена да се има и таква екстремно љубазна особа во близина, шо знам...

Еве случај со премногу љубазен дечко -


Исто може да се појави кај мајки и баби ама тоа се вика nagging и произлегува од вечна загриженост, некои би рекле симптом на анксиозност...
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Го прочитав воведот, и се препознав. Ја сум таа повеќе од обично-љубезна особа која сака да угоди на своја пријателка, или партнер или мајка, брат .. Но сепак не до тој степен да се занемарам себеси, не дека не сум стасала до таа граница, многу пати и сум ја поминала, но во последно ги менувам тие работи кај себе. Има фејк љубезни луѓе, обично ги препознаваш што по третиот пат веќе не се ко првиот пат. За мене иде од преголема љубов кон блиските,сакам светот да им да го дадам, се да им биде туто комплето. Дури некогаш размислувам како, чек сеа ова да не е премногу. И најболно од се е кога мине време и сваќаш дека твојата голема љубезност за некој друг е ништо посебно, тука во тие моменти се прекорувам, зошто ли зошто ах. Вероватно, до некој степен се очекува фид бек , насмевка , или барем забележување на малите работи одвреме навреме, сепак ги правиш за некој што ти значи, можеби се вадиш себеси од кожа за на другиот да му е таман.
Ја ценам љубезноста кај другите. Мислам дека е ретка онаа вистинската љубезност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Licno taa

Licno taa

Староседелец
28 јануари 2013
59
50
1,028
Претерана, извитоперена, несоодветна љубезност премногу ме нервира и ја поистоветувам со лицемерие.

Вистинската љубезност е одамна заборавена вредност,стана реткост во денешно време.Љубезноста некои ја сфаќаат како обид за флерт,на некои им е одбивна,досадна.Многу работодавачи денес ги условуваат вработените да бидат љубезни,да поздравуваат,да се смешкаат,климат со глава,демек клиентите да биле задоволни.Е таквата лажна љубезност ме нервира, да мораш да се кезиш и климкаш а во душа си имаш некоја мака или болка.
Ми имаат оставено неколку продавачки во Тинекс преубав впечаток иако се тренирани на такво понашање. Меѓутоа не секој знае тренингот да го примени на дело. Мораш своите чуства да ги потисниш во себе ако работиш со странки (странката е секогаш во право). Ова го кажувам од лично искуство. Ако љубезноста ја покажеш на соодветен начин нема да биде сватена како лигаење, пекмезење..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Se sto e preterano ne cini.
A kako sto nema nisto besplatno deneska,ne e loso da se podrazmislime zosto nekoj e peeterano ljubezen so nas.
Od sekogas sum se drzala na distanca od takvite i ne sum zazalila.
Ne sum ocekuvala nisto nikogas od niv,samo prasanje na vreme koga ke go pokazat svoeto pravo lice pred site.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Licno taa and diva orhideja

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
На оваа тема ќе бидам краток
во друштво на такви луѓе се чувствувам непријатно и загрозено затоа што од претходните искуства се покажало дека таквите луѓе не се воопшто љубезни туку се одлични глумци кои бараат од тебе само корист.
затоа сега се држам што подалеку од премногу ,,љубезните,,
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Licno taa and melpomena

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Темата ме асоцираше на келнерите во ресторанот Тино во Охрид. Секогаш ама баш секогаш,услужливи до максимум. Пепелникот постојано го менуваат да не мирисаат пикавците,нарачките ги носат за брзо време... културен однос,што јас пред се тоа го ценам и ме привлекува за повторно да се вратам таму.Додека кај многу други ресторани келнерите се одбивни,нервозни и дури забораваат нарачки.
Според мене без разлика на кое работно место сме,треба да бидеме љубезни но не претерано(досадни),затоа што тоа веќе ги преминува границите на нормала.
 

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Мене ме нервирааат претерано љубезни продавачки - оние без усул што ти дишат во врат, како на времето во Евро Азија.