Преку Езерото

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
По мене еден од најдобрите филмови од македонската кинематографија, обработува еена вечна тема а тоа е љувота и колку човек е спремен да се жртвува за истата.
кој не го погледал овој филм еве прилика за него
она што сакам да ве прашам е следново
Каде е креативноста на мекедонските режисери и зошто не се инвестира повеќе во филмот отколку во купување на ефтините труски серии да не речам (право Ѓубре од серии ) ??
темава би замолил модераториве да ја преместат во филм
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nicole and freak

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
еве и кратко инфо за филмот
Преку езерото е македонски филм од 1997 година на режисерот Антонио Митриќески, по сценарио напишано од него во соработка со Ташко Георгиевски. Во главните улоги се јавуваат Екрем Ахмети, Љупчо Бреслиски, Агњешка Вагнер и Никола Ристановски. Филмот е инспириран од вистински настан и е „своевидна драматуршка елаборација на претходно снимениот документарец на Митриќески - 'Љубовта на Кочо Топенчаров'".
Дејствието на филмот, кое опфаќа период од неколку децении, во главно, е сместено во Албанија, но почетокот и крајот на филмот се одвиваат во Охрид. Вистинитата приказна се плете околу ликот на младиот Константин Бочваров (Никола Ристановски), кој во 1948 година, ја сретнува Елена Златарева (Агњешка Вагнер), Македонка која живее во Корча, Албанија. Двајцата се вљубуваат, но истата година, границата меѓу Македонија и Албанија е затворена. Константин, не можејќи да живее без Елена, се решава да тргне со кајче преку езерото - одлука која ќе резултира со четири децении егзил во Албанија во времето кога таа е „голем бункер, затвор во кој никој не можеше да влезе, ниту да избега, години на лудило кога секој секому му беше непријател". Тука, Константин на два пати завршува во логор. По излегувањето од него првиот пат, тој ја пронаоѓа Елена, но, покрај тоа што Константин добива работа во Тирана, а во меѓувреме им се раѓа и ќерка, „животот под постојан стрес и беда се рефлектира и во односите меѓу сопружниците" . Многу години подоцна, кога и по втор пат е пуштен од логор, Константин конечно се враќа во Корча да се види со Елена и веќе нивната израсната ќерка Донка. По безмалку половина век страдање, на крајот, Константин, Елена и Донка се враќаат во Македонија, во Охрид, родниот град на Константин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: freak

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
она што сакам да ве прашам е следново
Каде е креативноста на мекедонските режисери и зошто не се инвестира повеќе во филмот отколку во купување на ефтините труски серии да не речам (право Ѓубре од серии ) ??
темава би замолил модераториве да ја преместат во филм


Збореше за нови филмови? Ако добро те разбрав...
Има креативни режисери, ама брат за да се сними еден филм потребни се многууу пари, а во нашава држава ретко кој ќе се нафати да инвестира толку многу пари, а колку ќе заработи од тоа не знам.

Инаку не сум го гледал филмот, ама во најскоро време ќе одвојам саат ипол за него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Ова е едно од најдобрите прашања зошто се купуват турско - индиски серии наместо да се инвестира во македонската продукција? Нели имаме уште квалитетни актери ете Ристановски , Шишков , Лилиќ , Ѓорчев ..... Обидот за македонски серии од типот на Од денес за утре , Трето па машко и Турни ме да кинисам беа промашени заради следново : лошо сценарио добри актери , добро сценарио лоши актери, добро сценарио добри актери режија катастрофа... Во една прилика Игор Џамбазов рече лошо е што политиката навлезе секаде ова го гледам како една од причините за лошото дејство во македонската продукција. Која е причината за катастрофално лошите ново компонирани Македонски народни приказни ? Ако ја исклучам смртта на стожерот Колозов во игра влегува поделеноста на табори едните сеа ги води имитаторот Владо и Шенка а другите Шектански и негови приврзаници во еден неформален разговор се кажа дека така се поделиле токму заради некој партиски притисоци и сега сакаме квалитет? Ако е така надвор политика од се и надвор од плачките на тв!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
паметна тема легионеру
---------------------------------------------
Имаме доволно историја а со тоа и мартеријал за да го затруеме светот со историски филмови.
Каде е креативноста на мекедонските режисери и зошто не се инвестира повеќе во филмот отколку во купување на ефтините труски серии да не речам (право Ѓубре од серии ) ??
Сам си кажа, поефтино е да купиш турска серија отколку да направиш домашен филм.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
паметна тема легионеру
---------------------------------------------
Имаме доволно историја а со тоа и мартеријал за да го затруеме светот со историски филмови.

Сам си кажа, поефтино е да купиш турска серија отколку да направиш домашен филм.

инаку не ви спомнав дека ќерката на Константин Бовчаров и на Елена работи во парфимерија Јувена :)
и покрај голготата на Константин на крај си доаѓа во родниот град Охрид :)