1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Предлози и прашања поврзани со функционалноста на форумот

Дискусија во форумот 'За форумот' започната од Jackal, 13 февруари 2012.

  1. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Па не го правите тоа вие. Знаеш што правите? Ќе се спречкате и после пријави летаат и на крај кога ќе ви ги избришат мислењата јавно се буните како администрацијата не ве оставала ништо да кажете, а по пријави се жалите ако некој се спречка.
    Го имате форумот, имате теми, имате простор да си го искажете своето мислење се` додека не се коси со правилата. Никој не е баниран без причина, а ти најдобро си знаеш за тоа. (nod)
     
    На -alf- му/ѝ се допаѓа ова.
  2. -alf-

    -alf- Староседелец

    Зачленет на:
    28 август 2015
    Мислења:
    224
    Допаѓања:
    77
    Да не ги провоцираме.
    Сериозно си ја сваќа работата...а други форумот го разбира како свое "дете" , па секој удар го примаат лично со што веднаш вадат "ножеви" и сечат.
    Да го користиш форумов било привилегија..им скокнаа акциите на берзата :confused:

    п.с.Не спомнувај другпат дека некој нешто може да спаси...има членови кој не се водат по христијанството...со цел еден еон заостануваш со такво размислување..:zelen
     
    На pozdrav eden topol му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    Благодарам многу за привилегијата која ми дадовте..незнам само со што ја заслужив, можеби поради тоа што сум како Робинзон Крузо а Инчуле е Петко, на пустиот остров(форум):*
     
    На melpomena и ipopovski им се допаѓа ова.
  4. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    Така е, не велам дека не си во право, но постои ли форум каде што нема расправии, навреди??

    Правичноста ваша со банирање го опустоши форумот..па и рибите не сакаат да пливаат во најчистата вода.
     
  5. ShakaZulu

    ShakaZulu Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    427
    Допаѓања:
    883
    Добра меморија ;)
    Некој ти дал место да го трошиш твоето слободно време = привилегија
    Немаш ти ништо по што форумот мора да те задржи = никој не ти е борч па да мора да те трпи и слуша = не ти е право.

    Добредојдовте во капитализмот и приватниот бизнис.

    @ipopovski за жал уште од денот кога „некој“ се најде „паметен“ да го купи vBulletin куцна часот за почеток на умирање на интернет форумите. Истите ако не се тематски/технички или слично туку од забавен карактер како овој се победени од комбинацијата ФБ+Инста+ЈуТуб+...

    Забавната интернет социјална индустрија повеќе години ги јади забавните дискусиони форуми, јас не гледам позитивен крај на оваа голгота туку одржување на апарати како на некој жив мртовец во долгогодишна кома на болница :(
     
    На melpomena му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    А ти, демек со твоето доаѓање еднаш годишно овде планираш еутаназуја ли на форумов да му направиш??
    Бадијала мудРуваше, подобро некоја нова тема за дискусија да отвореше.
    Привилегија имам и во Тинекс, Веро или Кам маркет и уште на куп места, но ако понудата е никаква во дуќаните, ако вработените се некултурни, неуслужливи, е тогаш нема повеќе да ме гледаат кај нив...со ваквите размислувања дека форумов ни дава привилегија отидоа во курац..во денешно време кога секоја информација што ни е потребна ја дознаваме за 10 секунди, незнам што уште барате од членовите...сепак ние плаќаме, не ни плаќаат, ќар има форумов, колку незнам, но не е битно..
    Сепак ние даваме трачак надеж, а ти почекај уште некоја година па јави се.
     
  7. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Што тоа плаќаш ти на форумов? Не плаќаш ти ништо туку форумот е тука за ти да можеш да го искажеш своето мислење и да дискутираш со останатите членови. Ако не ти се допаѓа форумот чао пријатно и готово, чуму драмење и кревање буки? Ете и сама си кажуваш, кога во тинекс, веро итн не ти се допаѓа понудата излегуваш и не те гледаат. Исто ти е и таму како и на форумов, имаш привилегија што ти е достапно место каде што ќе можеш да купиш нешто.
    Форумите општо се во изумирање освен ако не се тематски определени и тоа не е од сега, тоа е уште од времето кога фејсбук, твитер и слични алатки почнаа да се развиваат и луѓето си најдоа појако гласило.
     
  8. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    А ТИ зошто дремеш тука??
    Јас имам причина, мое право каде сакам ќе одам на интернетов(каде што ми е достапно се разбира).....и што ми се ссна толку??
     
  9. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Не ти се с`снав јас тебе туку ти цело време само крекаш без причина, се` нешто тебе не ти е ко што треба и ти пречи. Ти терај си каде сакаш никој не ти забранил. Ете моментално крекаш и скокаш што некој пишал дека форумот е привилегија па уште и ти се осмелуваш да им кажуваш на членовите што да прават и што било попаметно, дали тема да отвореле или тука да пишеле мислење.
     
  10. incule

    incule Староседелец

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    731
    Допаѓања:
    121
    Несакате да биде добар и активен форумов,да биде како порано сфативме
     

Сподели: